Мајка на две деца со аутизам вели дека на настава немаат образовен асистент и таа мора да седи со нив
2Мајка на две деца со аутизам вели дека на настава немаат образовен асистент и таа мора да седи со нив
Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
1Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
КултураАлаѓозовски ја презеде функцијата министер за култураЕлизабета Канческа-Милевска, која беше министер за култура од 2008 година, денеска му ја предаде функцијата на новиот министер за култура Роберт Алаѓозовски. Алаѓозовски (1973) дипломирал и магистрирал на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје, а подготвува и докторска теза од областа на културниот менаџмент. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКонференција во Собранието посветена на регионалната соработка за интеграција во ЕУВо Собранието денеска продолжи конференцијата посветена на регионалната соработка за интеграција во Европската Унија.Во Собранието денеска продолжи конференцијата посветена на регионалната соработка за интеграција во Европската Унија, со фокус на парламентарниот надзор во унапредувањето на пристапниот процес и спроведување на реформската агенда. Тема на дискусија беа и актуелните политики и случувања на ниво на Унијата, мегу нив и досегашните нон-пејпери, но и можните промени во методологијата за пристапување кон ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМајка на две деца со аутизам вели дека на настава немаат образовен асистент и таа мора да седи со нивМајка на две девојчиња со аутизам кои образованието оваа учебна година го почнале во редовно училиште открива дека досега се уште на наставата немаат образовен асистент, и самата мора да седи на училиште со нив....Мартина Младеновски е мајка на две првачиња со аутизам од основното училиште „Братсво“ во скопски Карпош..Нејзините две девојчиња се уште немаат образовен асистент вели таа, и низ солзи вели дека е приморана да биде со нив на училиште... Младеновски вели дека покрај голготата што ја поминала во првите седум години од нивниот живот без никаква поддршка, сега, иако навреме ги запишала децата на училиште, учебната година им почнува без асистент. – Од школото е поднесено барање за образовен асистент уште на 26 мај, но таму до ден денеска, еве денеска сме 10 септември нема никаков одговор. Засега седам јас со нив додека не се обезбеди соодветната поддршка . Сето тоа е премногу напорно, јас како што и кажав, јас седум години ги пополнувам дупките што системот ги прави се за добробит на девојчињата. Од ресорното Министерство пак велат дека годинава се ангажирани рекорден број на образовни асистенти, но и дека е во тек постапка за да се обезбедат и нови таму каде што се уште има потреба. Во меѓувреме, од МОН ги задолжуваат училиштата да ги искористат ресурсите за да ги пополнат овие дупки. „Во тековната учебна година се ангажирани 1.358 образовни асистенти во основното и за прв пат 166 во средното образование. Во тек е постапка за ангажирање дополнителен број стручни лица согласно пријавените потреби. До завршување на постапката, училиштата се задолжени да ги стават во функција сите расположливи кадровски и стручни капацитети за обезбедување континуирана поддршка на учениците со попреченост.“ Од ОУ „Братство“ велат дека и покрај доставеното барањ до ОУ Златен Сремец за ангажирање на двајца образовни асистенти, оттаму до денеска не добиле одговор. Иако го контактиравме училиштето, од уилиштетео не добивме одговор, до каде е постапката, најавија дека раководството ке соопшти од понеделник.. Инаку, Младеновски вели дека нејзините дечиња не се единствените кои немаат образовен асистент, и се надева дека ова ќе биде последна година во која ќе се соочуваат со вакво проблем. – Од се срце посакувам ова да биде последна година во којашто ќе бидеме ставени во ситуација да излегуваме јавно и да говориме на оваа тема. Порака до сите родители е да бидат издрживи – тие дечиња имаат толку љубов во нив и толјку се сакани што им посакувам на сите родители да го издржат товарот што им е доделен да го носат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеДве недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска трескаМинистерот Клековски денеска потврди дека на Инфективната клиника во моментов се лекуваат шестмина пациенти од западно нилска треска од кои двајца се критични.. Стивнува западнонилската треска – Втора недела по ред надлежните регистрираат по само два нови случаи на вирусот. На Инфективната клиника во моментов се наоѓаат шест пациенти, од кои двајца се критични.Министерот Клековски вели дека сега со стивнувањето на епидемијата клучно е да се види дали се научиле лекциите од оваа сезона за поподготвени да ја дочекаме следната. Министерот Клековски денеска ја претстави и ажуририраната листа на лекови, обновена прв пат по 11 години. Станува збор за листа, поддржана од СЗО, неопходна за здравствените работници во третманот на најширок можен дијапазон на болести. Воведени се неколку позначајни новини, на пример кај антибиотиците, кои се поделени во три групи со цел да се воспостави нивна рационална употреба. Воведени се и нови терапевтски области за повеќе болести, како мултипла склероза, цистична фиброза, ХИВ, онколошки терапии. „А што е ново во листата? Таа е систематизирана во 28 терапевтски области, дефинирана во подгрупи, фармацевтски форми итн. Ново не е само што имаме 109 нови лекови (активни супстанции) на оваа листа, од вкупно 372 лека кои се на оваа листа, туку новина е дека е сменет и терапевтскиот пристап.“, изјави Клековски. Министерот појасни дека есенцијалната и позитивнита листа на лекови се две различни листи, односно, есенцијалната ги опфаќа лековите што треба да ги има во земјата, меѓутоа не се неизбежно дел од позитивната листа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11