Хутите предупредуваат земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен
Петрушевски: Филипче сака плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни места
1Хутите предупредуваат земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен
2Петрушевски: Филипче сака плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни места
3ЈО: Откриени извршители на серија тешки кражби во тетовско, предизвикана штета од околу 250 илјади евра
3„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
Шоу бизАл Пачино прв пат се огласи за бебето, кое го чека на 83 годишна возраст Ал Пачино за прв пат проговори за бебето што го очекува на 83 години."Ова е посебно чувство. Секогаш е посебно чувство, имам многу деца. Но, ова е многу посебно бидејќи доаѓа во ова време", изјавил Пачино за Дејли Меил. Вели и дека не го знае полот на бебето. „Многу“ деца во случајот на Пачино се три деца од претходните врски - 33-годишната ќерка Џули и 22-годишните близнаци Антон и Оливија. Пачино го чека четвртото дете со 54 години помладата девојка, ТВ продуцентката Нур Алфала (29), која моментално е во осмиот месец од бременоста. View this post on Instagram A post shared by Noor (@nooralfallah) Американските таблоиди пишуваат дека на почетокот легендарниот актер се сомневал во своето татковство и побарал ДНК тест. Имено, актерот не верувал дека детето е негово поради медицински проблем кој најчесто предизвикува неплодност. Нур направила тест кој докажал дека Пачино е татко на нејзиното дете. Извор близок до парот за медиумите изјавил дека Пачино бил видно изненаден кога дознал дека неговата девојка е бремена. Двојката е во врска две години, а првпат заедно биле видени во април минатата година. Нејзината последна позната врска завршила во 2017 година, со Мик Џегер, а претходно била поврзана со Клинт Иствуд. "Срцето не прашува за годините, срцето знае само што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и бев многу среќна", изјави еднаш Нур во интервју за Hello за нејзината врска со фронтменот на Ролинг Стоунс. Пачино може да сподели совети за родителство со неговиот колега Роберт Де Ниро, кој неодамна доби дете на 79-годишна возраст. "Тој е неколку години постар од мене. Господ да го благослови", рекол Де Ниро кога дознал дека и Пачино чека бебе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
СветХутите предупредуваат земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во ЈеменВисок функционер на бунтовниците Хути , поддржани од Иран, ги предупредува земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен.Висок функционер на бунтовниците Хути , поддржани од Иран, ги предупредува земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен, посочувајќи дека неговата група ја уверила администрацијата на трамп дека нема да нападне американски бродови во црвеното море,информираше Асошиејтед прес. Мохамед Ал-Бухаити, член на политичкото биро на Хутите, рече дека Вашингтон им се обратил на бунтовниците по нивното брзо напредување по западниот брег на Јемен до теснецот Баб Ел-Мандеб претходно овој месец. Трамп минатиот викенд изјави дека неговата администрација „имала разговори“ : „Хутите нè повикаа и не сакаат да се борат со нас“, рече тој. „Тие би претпочитале да не бидеме вклучени, а ги пуштаат повеќето бродови да поминат“. Асошиејтед прес објави дека оман бил домаќин на состанок меѓу претставници на САД и Хутите минатиот викенд, повикувајќи се на официјален претставник на Хутите . Со тоа завршија еднонеделните американски бомбардирања против бунтовниците, во замена за прекин на нападите врз американските бродови во Црвеното море. „Целта на нашите воени операции не е да се затвори теснецот Баб Ел-Мандеб, туку да се обезбеди слобода на пловидба низ него за сите, вклучително и за јемен“, рече претставникот на Хутите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Филипче сака плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни местаФилипче сакал плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни места.Му пречат дата центри, му пречат рудници, му пречат нови инвестиции и проекти. На Филипче не му пречат единствено бизнисите со марихуана на Заев и не му пречат бизнисите со кои се добива нов автомобил или пак провизија при тендер од 20%. На Филипче денес му пречат инвестиции и нови работни места, но не му пречеа лагите на неговиот ментор за Гугл, Фејсбук и патека за Формула 1. Со политичари како Филипче, луѓе кои лажат и манипулираат за се, Македонија нема да оди напред. Затоа ВМРО-ДПМНЕ работи за подобра иднина за граѓаните. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаЈО: Откриени извршители на серија тешки кражби во тетовско, предизвикана штета од околу 250 илјади евраОсновното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против вкупно 4 лица за кои постои основано сомнение дека извршиле продолжено кривично дело – Тешка кражба.Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против вкупно 4 лица за кои постои основано сомнение дека извршиле продолжено кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 3 во врска со став 1 точка 2 и во врска со член 45 на Кривичниот законик. Четворицата подолг временски период – од април до септември годинава извршиле повеќе тешки кражби во села на подрачјето на Општина Боговиње, при што провалиле во над 10 куќи од каде одзеле пари, златен накит и разни видови огнено оружје кое сопствениците го поседувале со дозвола. При една од кражбите во селото Палчиште успеале од домот на оштетениот да извлечат сеф тежок околу 400 килограми. Вкупната вредност на украдените предмети до овој момент се проценува на приближно 15.000.000 денари. Јавниот обвинител интензивно постапува за обезбедување докази за сите настани. Во меѓувреме, по предлог на обвинителството, на двајца од осомничените им е определен краткотраен притвор од 48 часа до целосно обезбедување на доказите, додека по двајца се трага и ним притворот ќе им се смета од нивното пронаоѓање и лишување од слобода, стои во извештајот од Јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook