Ал Наср имал 500 илјади следбеници, а со доаѓањето на Роналдо имаат над 10 милиони - Канал 5

Ал Наср имал 500 илјади следбеници, а со доаѓањето на Роналдо имаат над 10 милиони

Кристијано Роналдо неодамна стана член на Ал Наср од Саудиска Арабија и 37-годишниот Португалец ќе стане најплатениот фудбалер во светот.

Ал Наср имал 500 илјади следбеници, а со доаѓањето на Роналдо имаат над 10 милиони

Тој потпиша договор на две и пол години, а неговата годишна плата ќе биде околу 200 милиони евра, но во таа сума е вклучен и комерцијалниот дел од договорот. Ова е највисоката плата во историјата на фудбалот, па Роналдо ќе заработи половина милијарда евра додека трае договорот.

Славниот Португалец ќе заработи нестварно богатство во Ал Наср, но еден од најголемите играчи досега дебело ќе им се исплати на Саудијците. Особено на маркетинг ниво. Пред да се рашират гласините дека Роналдо може да потпише за Ал Наср, помалку од 500 илјади луѓе го следеа тој клуб на Инстаграм. За помалку од една недела тој доби повеќе од 10 милиони нови следбеници, а сега има повеќе следбеници од гигантите како Рома, Бока, Ривера, Интер, Ајакс, Фенер... И таа бројка продолжува да расте од час во час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алтернатива за Германија извојува убедлива победа во источната германска покраина Саксонија-Анхалт

Алтернатива за Германија  извојува убедлива победа во источната германска покраина Саксонија-Анхалт, далеку пред главните ривали. Пренесува Би-Би-Си.

Алтернатива за Германија извојува убедлива победа во источната германска покраина Саксонија-Анхалт

Прелиминарните резултати покажуваат дека не успеала да освои апсолутно мнозинство, но AFD вели дека добила мандат за влада.

Крајнодесничарската AFD обезбеди 43,8% од гласовите, а конзервативната CDU 17,2%, според прелиминарните резултати на покраинската изборна комисија. Харизматичниот лидер , Улрих Зигмунд, рече дека тоа е „сензационално“ и дека сакаат да започнат со управување што е можно поскоро.ниту една крајно десничарска партија не ја освоила контролата врз германска покраина од втората светска војна, а управувањето на покраинско ниво би значело овластувања врз полицијата, локалното образование и културата. Саксонија-Анхалт има мало население од 2,1 милиони жители, а AFD во покраината е оценета од домашните разузнавачки служби како „десничарски екстремистичка“, класификација што ја отфрли 35-годишниот Зигмунд. ФД се залага за строги ограничувања за имиграцијата, обновување на врските со Русија, намалување на поддршката за Украина и напуштање на еврозоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби

Денеска треба да продолжи судскиот процес за наводните злоупотреби во АД „Државна лотарија“, во кој еден од обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Денеска продолжува  судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби

Во предметот обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, кои најавија изведување на 231 материјален доказ, вештачења и сослушување на седум сведоци. Според обвинението Артан Груби и уште седум лица се товарат дека во текот на 2023 и 2024 година со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ од над 507 милиони денари. На обвинетите им се става на товар кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Првообвинетиот, поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, и натаму е недостапен за органите на прогонот, додека за Груби обвинителството бара продолжување на мерката куќен притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Возач нема моќ да вработува, но Јанушев има, истрагата мора да се прошири

Скандалот со митото на возачот на Јанушев во Владата на Мицкоски не може да се заташка и истрагата мора да се прошири.

СДСМ: Возач нема моќ да вработува, но Јанушев има, истрагата мора да се прошири

Овој скандал отвора едно клучно прашање: каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито?

Возачот на Јанушев бил фатен со претходно обележани банкноти затоа што наводно барал 1.500 евра за да посредува во вработување пожарникар во Град Скопје.

Возач нема никаква моќ да вработува. Но генерален секретар на Влада, како Игор Јанушев, кој воедно е член и на Извршниот комитет на ВМРО-ОКГ има.

Ова е само еден аспект кој отвора сериозен сомнеж.

Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник?

Ова е втор скандал оваа година поврзан со кабинетот на Јанушев.

Посебен советник за економски прашања во кабинетот на Генералниот секретар на Владата беше дел од групата осомничени за лихварство и за перење пари.

Премногу скандали врзани со Јанушев, за неговиот имот, за неговата фирма во Бугарија, за неговите соработници....

Обвинителството се врати ли од екскурзија?

Истрагата мора да се прошири.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер