Актуелниот шампион Ферстапен најбрз во Бахреин на стартот на новата сезона во Ф1 - Канал 5

Актуелниот шампион Ферстапен најбрз во Бахреин на стартот на новата сезона во Ф1

Светскиот шампион во Формула 1, возачот на Ред Би Макс Ферстапен  е победник на трката за Големата Награда на Бахреин со која стартуваше новата сезона во Формула 1.

Актуелниот шампион Ферстапен најбрз во Бахреин на стартот на новата сезона во Ф1

За Холанѓанецот кој е освојувач на последните два титули во Ф-1 ова е 36-та победа во кариерата.

Успехот на Ред Бул го комплетира Серхио Перез кој целта ја мина како второпласиран за еден-два победа на неговиот тим.

Место на победничкиот пиедестал обезбеди и Фернандо Алонсо од Астон Мартин кој на крајот заврши на третата позиција.

Бодови освоија и (4-10.место): Карлос Сајнц (Ферари), Луис Хамилтон (Мерцедес), Ленс Строл (Астон Мартин), Џорџ Расел (Мерцедес), Валтери Ботас (Алфа Ромео), Пјер Гасли (Алпин) и Александер Албон (Вилијамс).

Следната трка од Формула 1 шампионатот ќе се вози за Големата награда на Саудиска Арабија од 17 до 19 март.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран ги нападна Кувајт и Бахреин- Трамп: Можеби нема да бидеме разумни

САД бомбардираа и извршија напади врз цели во Иран втор ден по ред, наводно како одговор на нападот на Иран врз танкер за нафта во Ормутскиот теснец.

Иран ги нападна Кувајт и Бахреин- Трамп: Можеби нема да бидеме разумни

„Американските авиони штотуку нападнаа ирански складишта за ракети и беспилотни летала и крајбрежна радарска станица како одговор на уште едно иранско кршење на договорот за прекин на огнот“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

Од друга страна, Иран ги обвини САД дека се единствено одговорни за прекинот на прекинот на огнот. Иранските медиуми објавија неколку експлозии во регионите Сирик и Кешм на југот од земјата.

„Може да дојде време кога повеќе нема да можеме или нема да сакаме да бидеме разумни. Во тој момент, ќе бидеме принудени воено да ја завршиме работата што многу успешно ја започнавме. Ако тоа некогаш се случи, Исламската Република Иран сигурно повеќе нема да постои“, додаде Трамп на Truth Social.

Централната команда на САД додаде кон изјавите на претседателот Трамп дека американските авиони гаѓале „иранска воена инфраструктура, комуникациски системи, локации за воздушна одбрана, складишта за беспилотни летала и објекти за поставување мини“.

Иран ги напаѓа американските бази во Кувајт и Бахреин

Иранската морнарица и воздухопловните сили започнаа заеднички напад, во кој беа вклучени и беспилотни летала, врз Кувајт и Бахреин како одговор на американските напади неколку часа претходно, објавија иранските медиуми.

Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) додаде дека ќе реагира уште порешително во иднина доколку се прекршат договорите и дека секоја непријателска агресија ќе добие жесток одговор.

„Американските бази во регионот би можеле да доживеат пекол овие денови“, соопшти Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда.

Неименуван американски функционер ги потврди иранските напади врз Кувајт и Бахреин за Ројтерс, наведувајќи дека „ситуацијата сè уште се развива“. Тој додаде дека нема пријавени жртви од САД или поголеми штети на американските објекти на Блискиот Исток.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 28. јуни 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 28. јуни 2026 година. 

Дневен хороскоп за 28. јуни 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска вашиот партнер нема да покажува способност за реалност, туку обратно. Затоа вие ќе бидете тука за да го спуштите на земја.

Кариера

На состаноците ќе дојде до недоречености , што ќе ве нервираат. Вие сакате се да ви е јасно , а се случува спротивното.

Здравје

Разјаснете го она што можете.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Во попладневните часови доаѓа до нови поместувања кон подобро во вашата врска. Затоа дочекајте ги со радост.

Кариера

Возможна е соработка со една млада личност , која е посериозна од вашите врсници. Размислувате за неа.

Здравје

Не претерувајте со грижите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во личните односи денеска би можеле да се фокусирате на нешто ново. Заедно ќе истражувате интересни теми.

Кариера

Далечни филозофии, егзотика , други народи и континенти – сето тоа би можело денеска да ве преокупира.

Здравје

Оние кои можат нека отпатуваат.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашата самодоверба ќе биде на краткотраен испит. Но , со љубав и верба во партнерот набргу се ќе надминете.

Кариера

Можен е финансиски трошок за кој што мислевте дека можеше да се избегне , односно дека е непотребен.

Здравје

Не си ја трошете силата попусто.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашиот љубовен живот денеска ќе има нов замав , благодарејќи на магичната комуникација што ќе се одвива меѓу вас и вашиот партнер.

Кариера

Одлично ќе маневрирате во секој вид деловна кореспонденција.На суптилен начин ќе ја постигнете саканата цел.

Здравје

Не жалете по небитни работи.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Како што ќе одминува денот , во вашите лични односи ќе име се повеќе фрустрации.

Кариера

Бидете подготвени за нови потфати и активности , што од вас ќе бараат знаење , интуиција и вештина.

Здравје

Не им верувајте на слаткоречиви .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Другата страна ќе има зголемени барања на тема нежност , а вие нема да бидете премногу расположени да ја задоволите.

Кариера

Кога своите способности не ги користите со целосен капацитет, би можело да дојде до фрустрации. За тоа ќе размислувате денеска.

Здравје

Кој може , нека оди на пливање.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете чувствителни со голема потреба некој да ве гушне. Доколку сте во врска, добро е. Ако сте сами ќе ве мачи копнеж.

Кариера

Во уметничките и естетските професии , би можело да дојде до претерување. Суетата ќе биде преголема и штетна.

Здравје

Спуштете се на земја.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

На паметен начин ќе успеете да споите пријатно со корисно. На другата страна ќе и се допадне вашиот вкус за детали.

Кариера

Ќе добиете можност за да ја покажете својата прецизност. Токму тоа ви е потребно , па со ентузијазам ќе го прифатите предизвикот.

Здравје

Настинка.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе најдете начин за да задржите нечија доверба , но тоа во исто време и ќе ве обврзе. Сметајте на тоа.

Кариера

Изгледа дека својата работа ќе ја гледате во розево светло. Би било подобро да ја согледате и онаа другата, помалку привлечна страна.

Здравје

Треба да се биде реален.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашата фантазија може да создаде се што недостига , но кога работите ќе ги видите во реалноста, се гледа дека сепак нешто недостига.Поработете на тој дел.

Кариера

Кога сите луѓе би биле простодушни како деца, светот би бил поубав и се би било поедноставно. Соочете се со реалноста.

Здравје

Излезете на сонце .

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Иако нема да бидете премногу отворени, сепак ќе покажете добра доза на друштвена комуникација.

Кариера

Денеска би можеле да ви паднат на памет необични финансиски идеи. Некои ќе зарабиотуваат на црно.

Здравје

Чувствителност на нервиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу топло време со температура до 38 степени, мало заладување од среда

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска се очекува да биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Многу топло време со температура до 38 степени, мало заладување од среда

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурата ќе се движи од 13 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Според најавите, температурата ќе се движи од 20 до 38 Целзиусови степени.

Синоптичарите информираат дека под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 Целзиусови степени, а наместа ќе достигне до 39 Целзиусови степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Од среда се очекува мал пад на дневната температура и локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер