Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
2Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
КултураАКТО фестивал за современи уметности во КочаниСо изработка на мурал на фасадата на ЈП „Водостопанство" во Кочани продолжува програмата на петнаесетото издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата „Факултет за работи што не се учат".Според организаторот на АКТО фестивалот, идејата за изработка на мурал во Кочани е во правец на соработка и активирање на локалната средина во продукција на културни настани за заедницата, а пораката „Солидарноста е лекот за јакнење на имунитетот" е со цел да се потенцира важноста на солидарноста во актуелните услови на здравствената криза. – Иницијативата за исцртување на мурали на јавни простори има за цел на креативен начин да зборува за одредени теми кои покренуваат и мобилизираат не само поединци, туку цели групи и заедници кон активирање и работење на заедништвото и заедничкото во градење на едно праведно општество. А токму заедништвото и заедничкото, како и културата на солидарноста, се покажаа како најургентни прашања кон кои треба сите да се фоскурираме во време на пандемијата со коронавирусот. Покрај тоа, оваа програма критички ги адресира, преиспитува и истражува прашањата поврзани со модерното визуелно и архитектонско наследство, нејзината естетика како и нивните последици во денешниот свет. Таа се манифестира преку креативни формати на акција – мурали, произведени преку активен дијалог и соработка помеѓу културните работници и организации во секоја локална заедница поединечно, истакна Филип Јовановски од АКТО фестивалот. Автор на муралот е уметникот Ненад Тонкин, а реализацијата е во партнерство со Општина Кочани. Муралот во Кочани е дел од серијата кои деновиве се изработуваат на површина од 600 квадратни метри во уште шест други градови: Битола, Прилеп, Велес, Штип, Гевгелија и во населбата Ченто во Скопје. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
ЕвропаСилен земјотрес ја погоди Португалија Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторник, 21 јули 2026 година, во 15:13 часот во Португалија.Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Азорските Острови. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 12 километри под површината на земјата. Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува растот на авиосообраќајот во земјаваАеродромите во Скопје и Охрид бележат зголемен интензитет на авиосообраќајот, покажуваат најновите податоци за првата половина од годинава. Од ТАВ Македонија велат дека двата аеродроми се меѓу 15-те најуспешни во мрежата со која управува компанијата, а воедно го бележат и најсилниот раст на патничкиот сообраќај во регионот. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информираше дека во првите шест месеци низ двата аеродроми поминале речиси два милиони патници, што е за близу 30 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Во меѓувреме, авиокомпанија „Виз ер“ ја прошири својата база во Скопје со седми авион, а според Николоски, тоа дополнително ја зацврстува позицијата на скопскиот аеродром како една од најголемите бази на компанијата во регионот. -Во првите шест месеци на двата аеродроми Охрид и Скопје има 2 милиона патници. Се надевам таа бројка да продолжи и во вториот дел од годината и ако пред неколку години се боревме за 2 милиона патници годишно, сега мислам дека она што беше незамисливо, а тоа се 4 милиони патници годишно е нешто што реално е остварливо,- Александар Николоски – министер за транспорт и врски. Дополнителниот авион меѓудругото овозможи отворање на две нови авиолинии – до Палермо и Алгеро, со што се зголемуваат бројот на дестинации и фреквенцијата на летови. Од ТАВ Македонија велат дека очекуваат тоа да придонесе за развој на туризмот, економијата и отворање нови работни места, додека од „Визер“ оценуваат дека проширувањето на базата со 7-ми авион е потврда за довербата во македонскиот пазар и ќе овозможи подобра поврзаност со европските дестинации. -Повеќе патници значат повеќе гости во хотелите, повеќе посетители во рестораните и поголеми приходи за локалните компании. Подобрите и подиректни воздушни врски им овозможуваат на компаниите полесно да воспоставуваат деловни контакти, да пристапуваат до нови пазари и да привлекуваат инвестиции,- Неџат Курт - Генерален директор на ТАВ Македонија. Во првите шест месеци годинава преку аеродромите во Скопје и Охрид се реализирани повеќе од 13 илјади летови. Новите линии кон Палермо и Алгеро стартуваа минатата недела, а Николоски најави дека се водат разговори и за воспоставување две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице до Охрид. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаТензиите на Блискиот исток ги кренаа цените: Горивата во Македонија поскапени од полноќЦената на нафтата на светските берзи веќе втора недела бележи раст откако САД и Иран го обновија конфликтот што во прашање го доведува поморскиот сообраќај и снабдувањето со нафта низ Ормускиот теснец. Денеска нафтата од типот Брент достигнува и до 90 долари за барел, додека дел од светските економски аналитичари предупредуваат дека доколку двете страни не се вратат на преговарачка маса и воените дејствија продолжат во следните две недели светот би можел да се соочи со цени и над 100 долари за барел, а веќе во септември стравуваат од евентуален можен недостиг на деривати. Првиот човек на Меѓународната агенција за енергетика оценува дека по последната ексалација пазарите се нервозни а дел од земјите веќе превземаат мерки за да го избегнат најлошото сценарио. „Пазарите се нервозни, без разлика дали наскоро ќе има или не трајно решение за проблемот. А во исто време многу земји преземаат мерки за да го избегнат најлошото сценарио.“ - Фатих Бирол – директор на Меѓународна агенција за енергетика. Растот на цените на светски берзи влијаеше и на цените на дериватите во земјава. За да се ублажи ценовниот удар врз џебот на граѓаните вчера владата ја намали акцизата кај дизелот за 2 и бенизините за 1 денар по литар. По завршувањето на вонредната, регулаторна ги обајви и новите цени по кои се отчат горивата од полноќ, бенизните поскапеа за 3 а дизелот за 6 денари по литар. „ Со Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата се овозможува да се применат намалени износи на акцизите. Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,88%.“ – стои во образложението на - РКЕ. Од регулаторна повторуваат и дека ова се максимални цени, а трговците велат можат да ги продаваат дериватите и по пониски цени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter