Активни седум пожари, 19 изгаснати - Канал 5

Активни седум пожари, 19 изгаснати

Подметнат е нов пожар утринава на планината Плачковица, потврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Анг

Активни седум пожари, 19 изгаснати

До 14 часот забележани се над 20 пожари, а најтешка е ситуацијата на планината Готен која се наоѓа на тромеѓето меѓу Берово, Радовиш и Василево кадешто е опфатена нискостеблеста шума и густа ниска вегетација.

-Таму, денес се упатени седум, од раните утрински часови седум пинцагуери од ДЗС, две градежни машини кои работат на правење противпожарни пресеки, четири специјализирани возила на Национални шуми на територијалните противпожарни единици, четири противпожарни возила од пожарникарите и таму дејствуваат два ер трактори на ДЗС.- Стојанче Ангелов.

На пожарот во близина на Штип кој трае веќе три дена, од страна на дирекцијата се испратени повеќе противпожарни возила од противпожарната екипа од Штип, а вклучени се и над 30 лица кои учествуваат во справување со пожарот.

-Денес рано наутро беше подметнат пожар на планината Плачковица и истиот беше подметнат на тежок и стрмен терен за движење и истиот иако постоеше силен обид од штипските пожарикари да биде ставен под контрола, истиот постепено се шири. Стојанче Ангелов.

Од пожарите кои избувнаа вчера 19 се веќе изгаснати, вклучувајќи ги повеќето од скопскиот регион, како и оние во Куманово, Прилеп, Македонски Брод, Радовиш и Гостивар, каде главно горела ниска вегетација како и депонии.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од украинскиот град Херсон, кое го прикажува моментот кога операторот на руски дрон FPV буквално брка и напаѓа цивилен продавач на зеленчук.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

Видеото го прикажува дронот како кружи околу тезга и бело комби, додека несреќниот продавач панично се обидува да го избегне дронот. Операторот на дронот го следел долго време и го натерал да трча околу возилото, пред да го насочи дронот директно кон него и да ја активира експлозијата.

Во експлозијата тој претрпел потрес на мозокот, повреди од експлозија и повеќекратни рани од шрапнели.

Тој моментално е во болница под медицински надзор, но неговиот живот е надвор од опасност.

Руско „сафари“

Руските војници наводно го објавиле видеото сами и го признале делото, отворено фалејќи се со нападите врз цивили што ги нарекуваат „сафари“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, се огласи за овој настан, осудувајќи го секојдневниот терор врз жителите на Херсон и повикувајќи ја меѓународната заедница да реагира порешително.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса.

Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до провинцијата Фиренца.

Засега нема извештаи за повредени или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер