3Берлин и Париз предлагаат постепена интеграција и пристап до единствениот пазар за Западен Балкан и Молдавија
МакедонијаАктивни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожариЦентарот за управување со кризи денеска соопшти дека во текот на изминатото деноноќие имало 20 пожари на отворен простор од кои активни остануваат четири и еден е под контрола. Активни се пожарите кај селото Виниче во месноста викана Муратица во општина Гази Баба, кај селото Петрово на планината Кожуф, кај селото Никуштак во општина Липково и кај селото Вражале во општина Зелениково. Според информациите од ЦУК, под контрола е пожарот кај селото Трубарево во општина Гази Баба.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп за средба меѓу Путин и Зеленски?; „Не знам...“ Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, синоќа изјави дека би било „одлично“ претседателите на Русија и Украина да се сретнат и да постигнат договор за прекин на конфликтот.Коментирајќи го отвореното писмо на украинскиот претседател Володимир Зеленски за можна средба со рускиот претседател Владимир Путин, Трамп рече дека ја поддржува идејата за директен дијалог. „Не знам. Мило ми е што можеби ќе разговараат за средба. Мислам дека имаме многу врска со тоа. Мислам дека би било одлично ако се сретнат - треба да го сторат тоа“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, според Скај њуз. Тој потсети дека претходно ја поддржувал идејата за трилатерален состанок, на кој би учествувале тој, Путин и Зеленски. Претседателот на Украина синоќа испрати отворено писмо до претседателот на Русија, Владимир Путин, во кое вели дека Украина е подготвена за прекин на војната и директни преговори на ниво на лидери, а кратко потоа Кремљ соопшти дека Путин ќе биде информиран за писмото и дека Путин рекол дека ако Зеленски сака да разговара, може да дојде во Москва во секое време.Тагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБерлин и Париз предлагаат постепена интеграција и пристап до единствениот пазар за Западен Балкан и Молдавија08:32Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
Берлин и Париз предлагаат постепена интеграција и пристап до единствениот пазар за Западен Балкан и Молдавија08:32
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаЕУ го одобри почетокот на преговорите со земјите од Западен Балкан за укинување на роаминготЕвропскиот совет соопшти дека го одобрил почетокот на преговорите со Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора, и за вклучување во моделот „роаминг како дома“, односно укинување на роамингот со земјите од Западен Балкан.Моделот „Роаминг како дома“ ќе им овозможува на корисниците од шесте земји од Западен Балкан да остваруваат телефонски повици, да испраќаат пораки и да користат мобилен интернет додека патуваат во странство без да плаќаат дополнителни трошоци за роаминг, под истите услови како и дома.по денешната одлука, Европската комисија ќе започне преговори со секоја од шесте земји на Западен Балкан. Пред да се вклучат во зоната „роаминг како дома“ секоја од земјите треба да спроведе законски измени и целосно да се усогласи со европското законодавство во областа на телекомуникациите. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски неодамна изјави дека укинувањето на роамингот меѓу Европската унија и Западен Балкан зависи од динамиката на унијата, а според оптимистичко сценарио, тоа би можело да се случи на 1 јануари 2027 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБерлин и Париз предлагаат постепена интеграција и пристап до единствениот пазар за Западен Балкан и МолдавијаПред денешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Германија и Франција испратија нон-пејпер во кој предлагаат постепена интеграција на земјите од Западен Балкан и Молдавија и поедноставување на процесот на преговори..Во овој неформален документ, до кој дојде Канал 5 од извори во Брисел, Берлин и Париз ја повикуваат комисијата да презентира предлози за олеснување на постепената интеграција на земјите-кандидатки на нивниот пат кон пристапување во ЕУ. Ова според предлогот, треба да вклучува преференцијален пристап до внатрешниот пазар врз основа на нивниот значаен напредок во преговорите и поблиски врски со европските институции во секојдневниот процес на донесување одлуки, на пример со доделување статус на набљудувач на земјите-кандидатки на состаноците на институциите на ЕУ под услови што ја почитуваат автономијата на процесот на донесување одлуки на ЕУ. Политиката за проширување има потреба од нов моментум, се вели во нон пејперот, во кој меѓудругото се потенцира дека целта за постепената интеграција не е да го замени полноправното членство во ЕУ, туку да се стимулараат земјите кандидати кон побрз напредок и да се поедностави тековниот процес.. Во документот, меѓудругото се предлагаат заеднички состаноци на Европската комисија и Европскиот парламент со претставници на земјите од Западен Балкан, како и нивно учество на неформалните состаноци на Европскиот совет и Советот на Европската унија како набљудувачи без право на глас..Тагови: ЕУ - Западен Балкан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБерлин и Париз предлагаат постепена интеграција и пристап до единствениот пазар за Западен Балкан и Молдавија08:32Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
Берлин и Париз предлагаат постепена интеграција и пристап до единствениот пазар за Западен Балкан и Молдавија08:32
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22