Активни 3.095 случаи на заразени со Ковид-19

Во моментов во земјава се активни 3.095 случаи на заразени лица со Ковид-19.

Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 5.445 заболени, оздравени се 2.091, а починаа 259 лица. Откако се укинаа речиси сите рестрикции, секојдневно се бележат по над 100 заболени лица, а министерот за здравство Венко Филипе најави дека наскоро ќе се отвораат и границите и аеродромите, што, како што рече, не претставува значаен ризик за зголемување на бројот на новодијагностицирани.

Филипче оцени дека зголемениот број на заболени се должи на непочитувањето на мерките, постојано упатувајќи апел дека носењето на маска, држењето на дистанца и негрупирањето ќе го спречат ширењето на епидемијата.

Тој истакна дека отворањето на границите не е некој значаен ризик за зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи затоа што локалната трансмисија е најголемиот ризик.

-Како што е познато на почетокот на кризата имавме случаеви кои дојдоа од странство, но тие беа ризик за мал број контакти во нивната непосредна околина. Доколку се почитуваат превентивните мерки тогаш овој ризик практично се сведува на минимум. Не може ниту една држава од светот да живее сама во себе затворена со затворени граници. Сметам дека отворањето на границите со контролата што ја имаме, односно термалните камери на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, сметам дека нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти, посочи Филипче.

Досега во земјава се спроведени 54.456 тестирања на Ковид -19.

Во последните дваесетина дена најмногу новозаразени лица се регистрирани во Скопје, каде во моментов се активни 1.785 случаи, од кои 413 во општина Чаир.

Во Куманово се активни 254, во Дебар 31, Штип 186, во Прилеп се активни 19, Тетово 338, Струга 102, Велес активни 32, Битола 14, Охрид 104, во Кавадарци се активни шест случаи, Гостивар 53, Гевгелија 6,

Струмица 9, Крива Паланка 6, Крушево 3, Кочани 27, Пробиштип 9, Македонски Брод 1, во Пехчево се активни 2 случаи, Берово 1, Валандово четири, Кратово 1, Свети Николе 15, во Кичево се активни шест случаи 72 и во се активни девет случаи. /МИА

Дневен хороскоп за 6. мај 2024 година

Дневен хороскоп за понеделник, 6. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Додека вие ќе имате потреба од физичка љубов , вашата сакана личност повеќе ќе ја цени онаа на емотивно ниво. Усогласете се.

Кариера

Ќе бидете склони да ги мешате чувствата со работата , што моментално не е добро. Затоа обидете се тоа јасно да го разделите.

Здравје и совет

Некои ќе го преспијат утрото.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Доколку некој од саканите блиски или сакани лица ви изгледа примитивен , заборавете го тоа чувство , барем за кратко.

Кариера

Ќе се обидете да ги поврзете искинатите врски и да ја поправите штетата што други ја направиле. Главно ќе бидете успешни.

Здравје и совет

Кашлица и нервоза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе има такви кои ќе бараат неможно , а свесни дека пред нив е убава шанса за љубов.

Кариера

Вработените во мали приватни компании ќе добијат нов поттик , што ќе ги натера да работат подобро.

Здравје и совет

Не се откажувајте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Во текот на денешниот ден постојано ќе наидувате на шанси за разговори , дружења, собири и нови познанства. Одлично за оние кои уште се сами.

Кариера

Ќе успеете да ги усогласите своите ставови со мислењата на своите соработници и ќе бидете задоволни поради таквиот развој на настаните.

Здравје и совет

Ќе бидете расположени.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска е ден за муабети со кафе. Можно е да чуете озборување , во кое и вие ќе бидете вмешани. Игнорирајте го.

Кариера

Денеска ќе бидете многу снаодливи , па и најголемите проблеми ќе ви станат решливи.Инстинктивно ќе знаете што треба да направите.

Здравје и совет

Мали , минливи нервози.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашиот партнер би можел да покаже нетрпеливост кон некој член од вашето пошироко семејство. Не се нервирајте.

Кариера

Пред вас е ден во кој не треба се да работите по секоја цена. Подобро оставете го времето да работи за вас.

Здравје и совет

Опуштете се со помош на техники за релаксација.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ни денеска ќе нема многу разбирање меѓу вас и еден член на семејството, но ако останете смирени , се ќе помине безболно.

Кариера

Дел од вашите соработници се подготвуваат да ви дадат голема и значајна поддршка за она што го работите.

Здравје и совет

Излезете на свеж воздух.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Од дневниот ред ќе ги тргнете грижите и проблемите на својот партнер за кои цело време ви зборува. Двајцата ќе се разведрите.

Кариера

Имате големи амбиции и планови , но денеска не сте сигурни што и колку ќе треба да смените за да ги остварите.

Здравје и совет

Останете будни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние во врска денеска ќе ги активираат своите еротски особини и ќе го заведуваат партнерот во секој момент. Осамените тивко ќе освојуваат.

Кариера

Бидете малку воздражни во изразување на своите големи планови , зашто сите немаат оптимизам како вашиот.

Здравје и совет

Лесно на другите ќе им се вовлечете под кожа.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашите зборови ќе имаат силно влијание врз саканата личност. Затоа пазете што зборувате и како се однесувате.

Кариера

Вашите соработници и колегите со своите револуционерни потези ќе ги нарушат преговорите што вие ги водите.

Здравје и совет

Обидете се да не им се вратитена лошите стари навики.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Нема да бидете сигурни што да направите. Можеби најпаметно е да почекате , додека целата ситуација не се разбистри.

Кариера

Време е да премиенете од зборови на дела , а тоа за вас не е секогаш лесно. Сега треба да покажете дека сте дораснати на работата.

Здравје и совет

Разбудете се.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

И вие и вашата најсакана личност денеска ќе бидете многу под влијание на впечатоци и емоции. Многумина ќе и се предадат на љубовта без граници.

Кариера

Најмногу би сакале да се повлечете и да работите осамени , што не е типично за вас. Доколку можете , дистанцирајте се.

Здравје и совет

Нека ве води интуицијата.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, вечерва Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска -Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ. 

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои? Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните? Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот? Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај? Вечерва во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

притисни ентер