Активни 20 687 случаи, наскоро во земјава ќе пристигне лекот „Фавипиравир"

Во земјава до вчера како активни се регистрирани 20 687 случаи на заразени во Ковид-19. 

Од почетокот на епидемијата досега беа заболени 55 127 лица, се излекуваа 32 894, а починаа 1546 лица. Како што најави директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Љирим Шабани, се очекува наскоро во земјава да пристигне лекот „Фавипиравир", кој според светските клинички студии, дава позитивни ефекти при третман на лекување на коронавирусот.

Лекот, како што посочи Шабани, е одобрен од Агенцијата за лекови, и се продава со различни трговски имиња: „Авиган" од Јапонија и „Фавира" од Турција.

– Една од компаниите најверојатно ќе го донесе „Авиган" оргинаторот, оргиналиот лек од Јапонија, а кога ќе биде тоа зависи од техничките услови. Тие имаат одобрение уште денеска, уште утре да го донесат, но кога ќе го донесат тоа не зависи од наша страна. Другата компанија сака да го увезе лекот „Фавира" од Турција и тој го одобривме откако ги проверивме сите сертификати. Турција е поблиска и најверојатно многу брзо ќе биде достапен кај нас. Лекот се очекува набрзо да пристигне во државава, рече Шабани.

Тој потенцира дека претходната недела добиле барања од страна на лекарите специјалисти и со оправдано писмо за користење на лекот во државава, постапиле веднаш и ги разгледале сите барања. Конечно во петокот, појасни Шабани, се исполнија сите услови во делот на проверка на сертификати и сите други законски обврски и добивме мислење и од Комисијата за заразни болести за на крај да одлучиме тој лек да го одобриме како интервентен увоз во државава.

– Главна намена на лекот, главна индиција не е коронавирусот, туку е за нешто друго. Тој се употребува веќе шест години во Јапонија. Искуствата, стручните студии, клиничките студии, што ги прават во целиот свет покажуваат дека дава позитивни ефекти при третман на лекување на коронавирусот. Нашите лекари тоа го потврдуваат и на нивно барање и стручно мислење ние го одобривме. Лекот ќе биде дистрибуиран главно во болниците, нагласи Шабани.

Во врска со тоа дали има најава за увоз на друг лек, рече дека засега ја чекаат вакцината против Ковид-19.

– Сите сме во очекување да почне дистрибуцијата на вакцината против коронавирусот и ние што побрзо да добиеме што побрзо одреден број количини. Во моментот кога ќе стигнат тие количини во државата веќе имаме пропишани прописи како тоа се да го изведеме до крај, додаде Шабани.

Проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет при УКИМ, која е претседател на Комитетот за имунизација во изјава за МИА нагласи дека државава ќе ја добие вакцината против Ковид-19, која прва ке биде регистрирана и одобрена преку Ковакс механизмот. Нагласи дека реално би било тоа да се случи во првите месеци од 2021 година.

Договорот со Ковакс механизмот кој го потпиша Република Северна Македонија, посочи таа, предвидува вкупна количина од 800.000 вакцини, односно по две дози од вакцината за вкупно 400 илјади луге.

– Во првите 20 проценти се предвидува вакцинирање најпрво на ризичните групи како здравствените работници, хронично болните и постарата популација. Потоа секако се планира набавка на дополнителни количини на вакцини и за останата популација, потенцира д-р Грозданова.

Според последните информации, во ковид центрите во болниците низ земјава надвор од Скопје се лекуваат вкупно 821 пациент позитивeн и суспектен на коронавирусот, додека во скопските ковид – центри се хоспитализрани 470 лица.

Од Министерството за здравство информираат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство соопшти дека е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Сиљановска-Давкова на трибина во Велес на тема: "Ранливи категории"

Во рамките на претставувањето на клучните точки од Програмата „Македонија повторно горда“ петтата трибина на тема: "Ранливи категории". 

На трибината свое обраќање имаше кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова. Исто така, беше промовирана и аудио-верзијата на програмата „Македонија повторно Горда“. На трибината учество зедоа преставници на различни групи на ранливи граѓани.

Сиљановска-Давкова истакна:

"Оние кои ме познаваат знаат дека нема луѓе со хендикеп, туку има држави со посебни потреби, како нашава.

Член 9 од Уставот е нецелосен, мора да се прошири со лицата со посебни потреби.

Никој подобро не може да ги застапува овие лица, од самите тие, преку нивна промоција во разни сфери.

Оваа држава не смее да се откаже од лицата со посебни потреби. Можеби им треба повеќе време за изразување, но ние имаме човечка обврска да го браниме и поддржиме тоа. Тоа е само различен начин на изразување, а не хендикеп.

Јас секогаш ќе водам сметка за сите категории на луѓе, вклучително и за овие лица. Тие луѓе можат на еден поинаков начин да придонесат за развојот на општеството.

Пресреќна сум што ВМРО- ДПМНЕ даде шанса на оваа категорија на луѓе да се промовираат себеси.

Јас ќе бидам промоторка и заштитничка на ранливите категории на луѓе, за да имаат шанса да го докажат она што го знаат."

Нова Алтернатива: Сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија

Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Во изминатите две години на место каде имаше дива депонија од над 50 илјади метри квадратни направивме мега парк во Ѓорче Петров, исчистивме над 280 диви депонии, каде некој трупа отпад, загадува и заработува.

Први поднесовме кривична пријава против еден од најголемите загадувачи во Македонија и без компромис се бориме против секој што се обидува да ги труе нашите сограѓани.

Затоа за обезбедување услови за Македонија во која ќе живееме здраво и во чиста животна средина мора да се пристапи кон:

-Кривично гонење на сите кои ќе се утврди дека извршиле дело против животната средина и здравјето на граѓаните

-Да се донесе Закон за комунална полиција

-Спречување на заадувањето од големите индустриски капацитети

-Нема да дозволиме рестартирање на рудниците и мора да се изврши ревизија на сите долгорочни договори за концесии за експлоатација на минерални суровини

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Политичка партија Нова Алтернатива

Ковачки: Ветуваме изградба на експресниот пат Кочани-Виница- Делчево

Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани.

За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.

Почитувани граѓани,

Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија. рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

.

притисни ентер