СДСМ: Мицкоски се враќа од екскурзија - дали ќе го пречекаат со ново знаме или е тоа само уметничка инсталација?
1СДСМ: Мицкоски се враќа од екскурзија - дали ќе го пречекаат со ново знаме или е тоа само уметничка инсталација?
КошаркаАктивистка среде НБА натпревар се залепи за паркетот (ВИДЕО)Бизарна сцена се случи за време на втората четвртина од натпреварот помеѓу Минесота Тимбервулфс и Лос Анџелес Клиперс во битка за место во НБА плејофот.Додека играчите беа на едниот крај од теренот, активистка се залепи за паркетот на другиот дел. Според информациите на американските медиуми, жената ги залепила дланките за паркетот и одбила да ги крене рацете. Со реакција на обезбедувањето таа брзо била отстранета од теренот. Одговорноста за акцијата ја презеде група за заштита на животните, а акцијата е иницирана наводно поради лошите услови на животните на фармата на Глен Тејлор, инаку сопственик на Волците. Да потсетиме, Тимбервулфс ќе игра во плеј-офот вторпат во последните 18 години, откако ја искористија предноста на домашниот терен и ја обезбедија позицијата на седми носител на Западот со победата од 109:104 против Клиперс. Во првото коло ќе играат со Мемфис Гризлис. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаСДСМ: Мицкоски се враќа од екскурзија - дали ќе го пречекаат со ново знаме или е тоа само уметничка инсталација?Денеска се враќа Христијан Мицкоски од бриселската екскурзија.Прашањето е само едно: Дали ќе го пречекаат со ново знаме? И уште поважно - каква боја добил? Дали поцрвенел од Брисел? Или само се испекол на сонце додека Гостивар сè уште користи техничка вода, без ниту еден документ дека е чиста дури и за тоа? Ќе видиме дали Францускиот предлог конечно ќе го прифати како „ремек-дело на дипломатијата“, исто како што го прифати и Преспанскиот. Ќе видиме дали конечно ќе признае дека јазикот, културата и националниот идентитет се апсолвирани - како што веќе кажа претседателката. Ќе видиме дали НАТО сè уште му е „феноменален“ сојуз и за граѓаните, и за инвеститорите. Штета што ги избрка повеќе од 60%. Во кампањата ветуваше „подобра преговарачка позиција“. Ветуваше нови гаранции. Ветуваше дека ќе го смени името. Ветуваше дека никогаш нема да застане пред натпис „Северна“. Денес нема ништо од тоа. Има само „тајни разговори под радарот“. Има „промакедонска“ партија во која функционери и нивните семејства имаат бугарски пасоши и фирми. Што те чека, Христијане? Те чека кампања по урнек на Ванчо Михајлов - „талог“. Те чека да му се јавуваш на Савевски и да почнеш со закани за апсење. Те чекаат српските медиуми на Ало групата. Те чека Ивона за Вучиќевиот Euronews. Тоа се убавите работи што ги сакаш. Но има и други. Те чека празен буџет. Те чекаат плати и пензии. Те чека Гостивар - цел месец. Три цистерни вода за цел град. Епидемија на жолтица. Eпидемијс на Западнонилска треска. Орце ќе прска прорив комарци дури во вторник - изгледа и тие што прскаат се на екскурзија. Те чека отруена болница. Пациенти во Тетово. Ајде, почни. Закани наместо решенија. Лаги наместо одговорност. Можеби и ова ќе го забраните со нов декрет - како оној за мигранти, по урнек на Хитлер. Да не смее никој да спомене вода, треска, пациенти… Добредојде назад, Христијане. Граѓаните те чекаат. И овојпат нема каде да избегаш. Скопје, 14.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеБројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте – во Македонија досега има 30 заразени По прогласената епидемија во делови од Скопје, како, Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, бројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте, па сега вкупниот број се искачи на 30.Од нив 20 се уште се во болница, петмина, кои имаат над 60 години и се со други хронични болести се во критична состојба, на респиратор, потврдуваат за Канал 5 од Инфективната клинка. Досега имаме еден смртен случај, 83-годишен скопјанец, а 9 се излекувани, односно пуштени од болница дома. Експертите велат дека простор за паника нема. Професор д-р Никола Пановски вели дека она што сега треба секој од нас да го прави е да се заштити, со сретства против комарци, со мрежи на вратите, а и во дворовите да се исчисти застоената вода што претствува добро место за размножување на комарците. При симптоми како што се силна главоболка, зашеметеност, вкочанетот во вратот веднаш да се побара лекарска помош, но на своја рака да не се земаат лекови и антибиотици....Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЕвропаГолем пожар во Германија, евакуирани околу 1.800 луѓеГерманските власти наредија евакуација на околу 1.800 луѓе рано утринава, откако шумски пожар во западниот дел на земјата се прошири кон село во близина на белгиската граница, пренесува Ројтерс. Во соопштението објавено во 4:00 часот наутро, општинските власти им наложија на жителите на селото Гај (Gey) веднаш да ги напуштат своите домови. Тие беа упатени кон прифатниот центар организиран во основното училиште во блискиот град Страс (Strass) и замолени со себе да ги земат само најнеопходните работи, личните документи и потребните лекови. Во четвртокот, надлежните потврдија дека е започната голема интервенција поради пожар што зафати околу 25 хектари од блиската шума. Пожарникарите и службите за итни интервенции се обидуваат да го стават пожарот под контрола, а патот Б399 во тој дел е затворен за сообраќај. You always see these apocalyptic scenes on the news, but you never, ever think it will be the view from your own balcony.... A massive forest fire has been raging in my small town in Germany since yesterday, and the firefighters are still struggling to get it under control 😔.… pic.twitter.com/LfL7ExBBos — Angelika (@Angelika250193) August 14, 2026 Метеоролозите предупредуваат дека големи делови од Германија се соочуваат со суша и висок ризик од шумски пожари. Европа е континентот што најбрзо се загрева во светот и оваа година се соочува со невообичаено интензивна сезона на пожари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook