Активисти: Неодлучноста во справувањето со дивоградбите во Охрид и Струга е клучниот пропуст

Ако итно не запре уништувањето на културното и природното богатство во Охридскиот регион само за половина век ќе уништиме нешто што постои милиони години, предупредуваат активнистите по извештајот на УНЕСКО за статусот на Охрид.

Неодлучноста на општината и државата да се справи со дивоградбите во Охрид и Струга, е клучниот пропуст поради кој регионот ќе биде ставен на листата за загрозено култрурно наследство, едногласни се еко-активистите..

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, вели дека планот за спас на УНЕСКО-статусот е добар, но џабе, кога остана само на хартија..

Градоначалникот сигурно има подобри информации за тоа што го оневозможува за поефикасно да се отстрануваат тие нелегални градби, истото се однесува и за Струга. Струга пак воопшто немаше волја на општинско ниво за отстранување на нелегалните градби. Најдобриот начин е сите засегнати институции да помогнат и да покажеме навистина дека сакаме да ги исполниме препораките и да го сочуваме ова наше природно и културно богатство.

Дека ништо значјано не се презеде за уривање на дивоградбите, забележува и Драгана Велковска од „СОС“ Охрид.. Се надева дека деградирањето на статусот кончено ќе ги разбуди властите..

-Имаме рушење на неколку цигли пред избори, а кога ќе завршат изборите се дигаат тие објетки./ Уништувањето мора да запре, бидејќи доколку не запре ние во распон од само половина век ќе уништиме нешто што било старо милиони години, охридското езеро е едно од најстарите во Европа, едно од најстарите езера во светот. Имаме еден скапоцен и безвреден предел кој не смееме да дозволиме аматерски да се управува./ - вели Велковска..

Градоначалникот на Охрид Георгиевски во повеќе наврати јавно признаваше дека општината сама не може да се справи со ситуацијата, но се остана на тоа. Од владата за Канал 5 велат дека се отворени за поддршка на општината во справувањето со дивоградбите, веднаш штом официјално се побара тоа. За таа намена се одвоени и пари во буџетот, вели портпаролот Арсовски.

,,Владата останува цврсто посветена на зачувување на статусот за природното и културното наследство во охридскиот регион. Со сите свои политики и постапки докажавме дека охрид како духовно и културно наследство е во врвните приоритети

Статусот на Охрид се врати во фокусот на јавноста откако и најновиот прелиминарен извештај на УНЕСКО констатираше дека не само што нема напредок, туку сосотојбата во регионот се влошува... Дали Охрид и дефинитивно ќе го загуби сегашниот статус треба да биде познато по неколку месеци.

Стојоски собори државен рекорд во дисциплината 400 метри со пречки стар 44 години

Јован Стојоски е нов македонски рекордер во дисциплината 400 метри со пречки. 

На Меѓународниот турнир во Марибор викендот Стојоски патеката 400 метри со пречки ја истрча за 53,56 секунди.

- Освоено прво место на Меѓународниот митинг во Марибор. Ова е моја втора трка во оваа дисциплина. Сега имам девет државни рекорди, објави Стојоски на својот фејсбук-профил.

Досегашниот државен рекорд на оваа делница изнесуваше 55,11 секунди поставен 1980 година.

Во Штип одржана манифестацијата „Велигденски игри без граници“

Во ЗОО парк „Бриони“ во Штип денеска се одржа манифестацијата „Велигденски игри без граници“ во која учествуваат деца од штипските градинки. 

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков вели дека во соработка со локалната самоуправа и градинките денеска по третпат се организира „Велигденски игри без граници“ и се надева дека ќе прерасне во традиција.

-По повод велигденските празници, ЗОО парк „Бриони“ во соработка со Општина Штип и градинките во општината го организира третиот по ред настан „Велигденски игри без граници”. Настан во кој учествуваат децата, настан од децата за децата, настан во кој имаме разни игри со цел анимација на децата, славење на велигденските празници на симболот на христијанството и јајцата. Овој настан преминува во традиција во кој ние како ЈП „Исар“ учествуваме во организацијата заедно со Општина Штип и се надеваме дека ова прекрасна традиција ќе продолжи и во годините кои следуваат, рече Зајков.

Гордана Сиљановска- Давкова на трибината на тема "Жени"

Во рамките на Активностите на претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на трибината на тема „Жени“ која се одржа во Јавна соба.

Таа истакна : Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиер. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци.

Жените имаат што да покажат, имаме вулканска сила! Работата е мажите да се инспирираат од нас жените. Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат.

притисни ентер