МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата
СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзија
1МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата
2СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзија
МакедонијаАктивен пожарот во село Неготино во Врапчиште, под контрола пожарот во валандовско ЈосифовоЕден активен пожар, еден под контрола и еден изгаснат има вкупно пожари на отворен простор до 15 часот на територијата на државава.Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активен е пожарот во село Неготино, блиску до пругата, во општина Врапчиште, каде што гори ниска вегетација. Под контрола е пожарот во валандовското село Јосифово каде што е зафатена ниска вегетација и лозови насади, а изгаснат е пожарот во село Цер, Кичевско, каде што е опожарена ниска вегетација.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
АвтомобилизамЛамборџини продаде помалку автомобили, но заработи повеќе од кога било досегаЛамборџини ги зголеми приходите и покрај падот на продажбата во првата половина од 2026 година.Ламборџини испорача 5.422 автомобили во првите шест месеци од 2026 година, што е за 4,6 проценти помалку во однос на истиот период минатата година. Падот на продажбата се должи на повисоките американски царини, послабата побарувачка во Кина, конфликтите на Блискиот Исток и неизвесноста на европскиот пазар. Иако новиот Темерарио ги достигна своите први клиенти на почетокот на годината, компанијата не објави колку примероци се продадени или испорачани. Се очекува наследникот на моделот Хуракан да го продолжи успехот на своите претходници. Втората половина од годината ќе биде обележана со почетокот на продажбата на новиот „Urus SE Performante“, кој користи „plug-in“ хибриден погон со 4,0-литарски V8 битурбо мотор и електричен мотор. Вкупната моќност е 812 КС, забрзувањето до 100 км/ч трае 3,3 секунди, додека максималната брзина достигнува 312 км/ч. И покрај помалите испораки, Ламборџини оствари приход од 1,74 милијарди евра, што е зголемување од 7,4 проценти во однос на претходната година. Оперативниот профит изнесуваше 395 милиони евра. Главниот финансиски директор Паоло Пома изјави дека резултатите се постигнати и покрај предизвикувачките глобални економски услови, при што повисоките американски царини и неповолните девизни курсеви негативно влијаат на бизнисот, но не ја оштетуваат позицијата на брендот во луксузниот сегмент. Извор: Б92Тагови: Ламборџини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштатаАкциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење.Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, во периодот од 3 до 9 август 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведувањето на засилени сообраќајни контроли во рамки на Европската недела на контроли. Акциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење, со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и нивните последици. Имајќи предвид дека се наоѓаме во период на летни одмори, кога е зголемена фреквенцијата на возила на патиштата, сообраќајната полиција ќе спроведува засилени контроли и превентивно-репресивни мерки на патните правци низ целата држава. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја приспособат брзината на условите на патот и со одговорно однесување да придонесат за зачувување на сопствената безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзијаПациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово - затоа што и болницата им е отруена.Во болницата во Гостивар, среде епидемија предизвикана од загадена вода, дежура:• еден специјалист инфектолог • четворица специјализанти • и дерматолози. Ова е состојбата на здравствениот систем што треба да се справи со масовно труење на граѓаните. Пациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово - затоа што и болницата им е отруена. Додека ова се случува: • Мицкоски и Клековски се на екскурзија. • Тошковски, откако го спроведе хиперхлорирањето, сега како „искусен експерт“ им предлага на граѓаните да ги испуштаат цевките - да го испуштат проблемот со бактеријата. • Сѐ уште нема официјален документ кој потврдува дека водата е технички исправна. Напротив - беше потврдено присуство на бактерија (вклучително и од директорот Стојанче Ангелов). • Тошковски сега најавува нови анализи на водата - затоа што досега очигледно не биле правено како што треба. Граѓаните се трујат. Болницата е преоптоварена. Пациентите се возат во друг град. А Мицкоски и неговата екипа на екскурзија. Ова не е кризна состојба, ова е целосен колапс на одговорноста. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook