Активен е пожарот во Дрисла, вчера имало вкупно 28, а месецов 484 - Канал 5

Активен е пожарот во Дрисла, вчера имало вкупно 28, а месецов 484

Активен е пожар во скопската депонија Дрисла, што избувна вчера, кога биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор. 

Активен е пожарот во Дрисла, вчера имало вкупно 28, а месецов 484

- Сите пожари започнаа од стрништа (земјоделски земјишта на кои се палат остатоци од земјоделски култури или меѓи обраснати со трева, трње, грмушки и слично), информираа утрово од ЦУК.

Од почетокот на месецов заклучно со вчера се регистрирани вкупно 484 пожари на отворен простор од пошироки размери. Од нив 23 биле шумски пожари, а во останатите 461 пожар на отворен простор гореле висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума, како и ѓубришта.

Во текот на вчерашниот ден пожари имало во: Општина Илинден: с.Илинден (ѓубриште);

Општина Сарај: с.Ласкарце (ѓубриште и ниска вегетација);

Општина Кисела Вода 1: ул.Сердарот (ниска вегетација); Општина Кисела Вода 2: ул. Паризански пат нас. Драчево (стари дрвја, гуми и ѓубриште);

Општина Струмица: Место викано Софилари и с.Баница (ниска вегетација, стрниште и трска);

Општина Гевгелија: Место викано Беќарови Чешми (ниска вегетација);

Општина Битола 1: с.Брник (ниска вегетација);

Општина Битола 2: Кај туланата (ниска вегетација); Општина Крушево: с.Врбоец (ѓубриште и ниска вегетација);

Општина Ресен: с.Бела Црква (ниска вегетација),

Општина Прилеп 1: Место викано Заград (ниска вегетација);

Општина Прилеп 2: ул.Осоговска (ниска вегетација);

Општина Пехчево: Во близина на Пехчево (ниска вегетација);

Општина Пехчево 2: с.Црник (ниска вегетација);

Општина Делчево: Индустриска зона (ниска вегетација и стрниште);

Општина Кочани: с.Соколарци (ниска вегетација);

Општина Куманово1 : Кај Гробиштата во с.Добрашане (ниска вегетација);

Општина Куманово 2: Кај наплатна рампа Романовце (ниска вегетација);

Општина Куманово 3: с.Добрашане (ниска вегетација);

Општина Крива Паланка: с.Матинци маало Бзјаци (ниска вегетација и букова шума);

Општина Кратово: с.Коњух (ниска вегетација и грмушки);

Општина Јегуновце: с.Вратница (ниска вегетација);

Општина Брвеница: с.Седларце (ниска вегетација и стрниште);

Општина Желино: с.Мерово (ниска вегетација и стрниште);

Општина Тетово: с.Ларце (мешана шума);

Општина Гостивар: с.Бањица (ниска вегетација);

Општина Сопиште: Над депонија Дрисла (ниска вегетација).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со дрон погодени два трговски брода во Црното море кај брегот на Бугарија

Два трговски брода се погодени од дронови во Црното Море, во близина на бугарскиот брег. Едениот брод веќе потонал соопштија од владата на Бугарија. 

Со дрон погодени два трговски брода во Црното море кај брегот на Бугарија

Во тек е потрага по исчезнатите членови на екипажот, а засега никој не е обвинет за нападот, кој според досегашните информации е прв таков напад врз бродови во економската зона на земја-членка на НАТО.

Бугарскиот премиер Румен Радев ќе ѝ се обрати на јавноста во 11:15 часот по локално време, на почетокот на вонредната седница посветена на нападите со дронови во кои беа погодени два трговски брода во Црното Море во близина на Бугарија – од кои едниот потона – соопшти владата.

Не се знае од каде дошле дроновите. Екипажот на потонатиот брод се води како исчезнат, додека членовите на екипажот на другиот брод се спасени, изјави Румен Николов, раководител на операциите за спасување во Варна, како што пренесе јавниот сервис БНР.

Бугарскиот портал Maritime.bg објави дека станува збор за бродовите „Алфа Ватан“ (Alfa Watan), кој плови под знамето на Того и за кој се наведува дека потонал, и „Ејбл“ (Able), кој плови под знамето на Палау.

Сите 18 членови на екипажот на вториот брод го напуштиле пловилото откако избувнал пожар и биле спасени од бугарскиот ферибот „Диоскурија“ (Dioscuria). Некои од нив се повредени.

Сè уште не е утврдено од каде дошле дроновите, објави порталот. Инцидентот се случи само еден ден откако најмалку еден дрон нападна товарен брод во сопственост на Турција, кој превезувал жито во Црното Море. Бродот на крајот потона по избувнувањето на пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со Славјанка Петровска на дело покажа дека Филипче е со двојни аршини

Случајот со Славјанка Петровска на дело покажа дека Филипче е со двојни аршини, зборува за ЕУ а води селективна борба против корупцијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со Славјанка Петровска на дело покажа дека Филипче е со двојни аршини

Случајот со Славјанка Петровска е доказ дека Венко Филипче зборува за корупција и е против, единствено кога тоа му оди во прилог нему.

Венко Филипче го отвори случајот во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата „12.05“ и почна јавно да бара промени во СДС, што е доказ за двојните стандарди на Филипче.

Платформата „12.05“ јавно побара Филипче да се повлече од лидерската позиција, а Филипче потоа директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра.

Филипче постојано зборува за Европската Унија, европските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата како услов за европскиот пат на Македонија а самиот води селективна борба против корупцијата и криминалот.

Филипче да каже од кога знаел за случајот и зошто молчел?

И зошто токму сега, кога Петровска стана негов политички критичар, Филипче го обелоденува случајот?

Филипче како за овој случај така и за останатите доколку има сомнеж за криминал да достави информации до јавното обвинителство.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата нема излез, Фон дер Лајен му ги зеде лагите, сега разгорува тензија пред средбата

Претседателката на Европската комисијата ja кажа вистината во лице. Македонскиоот идентитетот е заштитен. Јазикот е заштитен.  

СДСМ: Арамијата нема излез, Фон дер Лајен му ги зеде лагите, сега разгорува тензија пред средбата

На маса се реформите, европското обвинителство и промена на Уставот. Нема нови услови. Нема нова преговарачка рамка, нема гаранции.

Нема ниту поништување на Преспанскиот договор, ниту враќање на името како што ветуваше Мицкоски.

Лагите со кои дојде на власт паднаа во воа.

Кога нема нова лага што сега ќе може да ја продава како магла, арамијата се обидува повторно да разгорува.

Пред заминувањето на Тимчо Муцунски на средба следната недела, Мицкоски зборува за капитулација на фашистичка Бугарија и за окупација на територијата на денешна Македонија во Втората светска војна.

Не зборува за решение. Зборува за да не може ниту да се седне на масата.

Сам вели: разговараме, не преговараме. Точно. Не преговара затоа што не бара исход. Бара конфликт што трае. Со Грција така. Со Бугарија така. Од кампањата до денес.

Така не се оди ни кај сосед, а камоли во преговори за врата кон Унијата.

Така не се доаѓа до решение.

Пример што секој го разбира. Не го каниш соседот ако не сакаш да го пречекаш.

Потоа да се чудите што масата останала празна. Тоа не е дипломатија. Тоа е изговор да не се влезе.

СДСМ не спори со историјата. Историјата ја решаваат историчари. За државата тука се институциите, тие треба да обезбедат напредок.

Арамијата ја користи првата за да ја запре втората. Затоа што ЕУ носи правила, а правилата не му одговараат на шефот на бандата.

Средбата следната недела веќе е поткопана. Од Мицкоски. Од човек што, штом ќе остане без лага, разгорува тензија.

Скопје, 06.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер