Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
Шоу бизАктерот уапсен и обвинет: Има бомба во торбатаАмериканскиот актер Ти Џеј Милер уапсен е и обвинет поради лажна дојава откако пријавил една жена со која патувал во ист воз дека крие бомба во својот куфер.Имено, Милен претходно имал вербален судир со текот на патувањето од Вашингтон до Њујорк. Како што пренесуваат медиумите, инцидентот се случил на 18 март. Милер од возот, ја повикал полицијата, пријавувајќи дека една жена, со марама на главата, “има бомба во својата торба“. На повратниот повик на полицијата, тој изјавил дека жената постојано “пребарува по торбата и изгледа како да сака да го напушти возот, а да го остави куферот“. Милер одречно одговорил на прашањето на полицаецот дали можеби боледува од некоја ментална болест и додал: Ова е прв пат да направам ваков повик, загрижен сум за луѓето во возот, некој би требало да ја провери оваа госпоѓа“. Како што се покажало на крајот, Милер во полицијата дал погрешен број на возот, па целосно друг воз бил сопрен во државата Конектикат, испразнет и пребаран, што довело до големи доцнења. Никаква бомба не била пронајдена. Во меѓувреме, Милер со својот воз редовно патувал за Њујорк. Според документите кои ги објави ФБИ, полицијата го дочекала Милер во Њујорк и во алкохолизирана состојба го извлекла од возот. Еден работник во возот изјавил дека тој испил две чаши вина и две чаши виски со сода. Вториот работник навел дека Милер “разменувал погрдни зборови“ со една жена во вагонот од првата класа и додал дека не е точно во тврдењето дека сомнително се однесувала. Спомената жена изјавила за полицијата дека со Милер имала препирка, додавајќи дека тој бил гласен и нападен во возот, како и тоа дека ја коментирал нејзината фризура. Пријавата на Милер довела до значајни повеќечасовни доцнења, како и до зголемена приправност во неколку безбедносни агенции во државата Њујорк и Конектикат. ФБИ налогот за неговото апсење го обезбеди дури во понеделников, кога Милер слетал на њујоршкиот аеродром „Ла Гвардија“. Актерот е ослободен со кауција од 100.000 долари откако претходно се појавил пред федералниот суд во Њу Хевен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банкаНема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието. Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот. Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик . „Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска. Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива. Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка. Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГраѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртваПоследниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ. За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5. Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените. Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook