Вештак тврди дека ливчињата со суми пронајдени со парите во куќата ги напишала мајката на судијата Ристов
1Вештак тврди дека ливчињата со суми пронајдени со парите во куќата ги напишала мајката на судијата Ристов
КултураАктерот Гоце Тодоровски свечено прогласен за лауреат на театарскиот фестивал во Крива ПаланкаАктерот Гоце Тодоровски денеска свечено и официјално, во големата сала на Општина Крива Паланка, беше прогласен за лауреат на 12. Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски".Ова фестивалско издание нема да се одржи со концепцијата репертоар со претстави, но денешната свеченост беше момент за одбележување за, како што беше кажано, сцената да не остане без здив. -Посебна чест и задоволство ми е што имам можност да бидам денеска овде со дел од претходните лауреати на фестивалот, заедно да го прославиме долгогодишниот труд и љубов вткаени во организацијата на театарскиот фестивал низ годините од страна на сите инволвирани. А годинава, без претстави, некако како сите да ја имаме најважната улога, зашто треба да се избориме со КОВИД- пандемијата. Затоа е и годинашното мото на фестивалот „Маски под маски", изјави градоначалникот на Крива Паланка, Бројанчо Мицевски. Гоце Ристовски, декан на ЕСРА, новинар, театролог и критичар, селектор на фестивалот, рече дека Тодоровски за најголемиот дел од критичарите важи како најдобар комичар во нашата држава, иако е истовремено одличен театарски и филмски актер. -Според критичарите, а тоа и јас го тврдам, Тодоровски е нашиот најголем комичар, дури и го нарекуваат македонски Чарли Чаплин. Комедијата и трагедијата се едно исто, зависи само од кој агол ги гледате. Комедијата има сила како некој вирус, кој преживеал низа режими низ историјата, а преживеал и во најтешките времиња кога им влевал капка надеж на народот. Поради тоа, најтешко е да се игра комедија и затоа, ќе речам, Тодоровски е нашиот најталентиран актер во поново време, зашто тој е збир од таленти, истакна Ристовски. За Тодоровски говореше и Благоја Чорески, кој рече дека да се говори за легенда како Гоце е тешко, но и лесно, а тој говореше за 40-те години во кои заедно се на сцената, театарска и филмска. Му порача дека задоволство е да се биде лауреат во Крива Паланка зашто овде, посочи, луѓето ги ценат вреднсотите. -„Пикица" и јас сме на штиците 40 години, така што сакам да говорам не за Гоце, туку за тоа кој сум јас кога со него заедно играм на сцената. Во „Викенд на мртовци", сцена од 5 минути ја направивме 35-40 минути, така што тоа наше заедништво ми е чест што трае се уште и радосен сум што денес сме тука заедно, рече Чорески. Лауреатот Тодоровски истакна дека покрај бројните добиени актерски награди, оваа му е исто така многу значајна и, во негов стил, се пошегува дека редно време било да му ја доделат. -Јас ви благодарам за се убаво што кажавте денес за мене, а кажавте многу. На мојата диплома пишува дипломиран актер, не комичар, но јас таа лична дарба за комедија сакав да ја надградувам и многу сум работел за да ја усовршам, за да бидам тоа што денес сум за што вие овде говоревте. Овде би сакал и да споделам една моја најубава случка кога по „Солунски патрдии" големиот Петре Прличко ме повика во театар и ми рече „сега можам на раат да умрам", рече Тодоровски. Меѓународниот театрски фестивал „Св.Јоаким Осоговски" во Крива Паланка е поддржан од Општина Крива Паланка и Минситерство за култура. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВештак тврди дека ливчињата со суми пронајдени со парите во куќата ги напишала мајката на судијата РистовЛивчињата со запишаните суми, пронајдени со 350 илјади евра заѕидани во семејната куќа на апелацискиот судија Ѓоко Ристов во Неготино, ги напишала неговата мајка Донка Ристова. Ова е заклучокот на вештакот ангажиран од одбраната, кој на денешното судско рочиште тврдеше дека ракописот и цифрите не се напишани од обвинетиот Ристов. -Согласно мислењето на кое останувам, Ѓоко Ристов е елиминиран со сигурност како можен скриптер. Неговата мајка Донка Ристова ги пишувала ливчињата во најлонската кеса со парите. - Емилио Фришчиќ – вештак. Тој објасни и дека при пишување на хартија може да останат биолошки траги, доколку кожата директно ја допира површината. Но обвинителството тврди дека одбраната се обидува да ги поврзе ливчињата, напишани од мајката на Ристов, со ДНК-материјалот пронајден на фолијата, кој, според обвинителството, е директно поврзан со обвинетиот судија. Можноста за контаминација ја оцени како хипотетичко сценарио. -Одбраната се обиде да направи ете спин некаков, да ги поврзе овие ливчиња испишани од Донка со ДНК материјалот најден на фолија кој е директно на обвинетиот Ѓоко. Веројатно спинот беше на линија на некаква контаминација, но тешко е да поверуваме дека ливчињата Донка ги допирала или вака триела од обвинетиот Ѓоко, па теоретски да дојдеме до некои хипотетичко и фантастично сценарио дека оттука доаѓа до пренос на ДНК материјал- изјави – Искра Хаџи Василева – Обвинител во ОЈО ГОКК. Одбраната, пак, го оспорува пристапот на обвинителството во случајот со парите, прашувајќи како може да се тврди дека тие се на Ристов без да се посочи конкретно коруптивно дело од кое потекнуваат. -Најдени пари во куќа и ѕид на друго лице, тврди дека се негови, при што вика: „Не постои ни еден коруптивен предмет кој јас можам да го укажам и од каде што се земени парите“. Арно ама, ние веќе неколку месеци водиме постапка за „жими мајка“,-изјави – Звонко Давидовиќ – Адвокат. Во судница како сведок беше сослушан и таткото на сопругата на Ѓоко Ристов. Кажа дека за купување на стан во Карпош од 140 квадрати, учествувал со половина од парите односно 70 илјади евра. Обвинителката не го коментираше овој исказ бидејќи како што рече, тоа не е предмет на обвинението. Одбраната денеска кажа дека засега се откажува од тројца сведоци меѓу кои и Љупчо Пецов Ѓаволот, а следно рочиште за случајот е закажано за 3 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКако протестите во Европа можат да влијаат врз проширувањето на ЕУ?„Вирусот“ на протести, поттикнати од т.н. GEN Z се шири нив Европа – последниот бран ја зафати Грција, откако илјадници ученици, студенти, наставници и други административни работници излегоа на протести во Атина и ширум земјата. Се бараат подобри услови во образованието и мерки за справување со високите трошоци за живот. Во меѓувреме се заоструваат антивладините протести и во соседна Албанија. Тензијата утринава се манифестираше и во парламентот, каде што дојде до физичка пресметка. Студентите и професорите продолжија да бараат оставка од премиерот Рама пред неговиот кабинет. Рама повторно понуди „столчиња за дијалог“, овој пат бетонски, откако демонстрантите во два наврати ги искршија дрвените. Анкета: Сите политичари, од двете партии, главните партии, треба да си заминат, во основа. Тоа е она што новата генерација го сака./ Корупцијата е на невидени нивоа, невидени во било која друга светска држава. Пред нов протест е и Италија, оние кои ќе бидат насилни и ќе вршат кражби ќе подлежат на остри санкции, а се најавуваат и 500 војници на улиците на Милано за в Сабота. Оние кои протестираат возвратија дека им е доста ОД моменталните услови за живот. Доста ни беше веќе од ова. Ние сме луѓе кои работиме, ние сме луѓе кои плаќаат кирија, ние сме луѓе кои плаќаме сметки и не можеме да истуркаме до крајот на месецот дури и со две плати. Преку глава ни е, ja преминавте секоја граница. Доста е, доста е и доста е. А, дојде и до физички пресметка меѓу насобраните, односно со мигрантите. Јас сум тунижанец, дипломирав тука, со италинаско државјанство и никогаш не сум направил глупост. Не гледате ли дека главата му е полна со пајажина. Искористи шампон. Решителна акција против насилството и грабежите најави и францускиот претседател Макрон, откако улиците низ земјата се претворија во хаос. Француската полиција пак најави забрана за протести во делови од Париз и воведе полициски час за малолетници Протестите се мешавина од GEN Z тренд и реални потреби и имаат сериозен потенцијал да го опфатат целиот континент, сметаат аналитирачите. Според нив, ваквите состојби можат да бидат сериозен удар за евроинтегративните процеси. -Во моментот немирите кои се случуваат низ цела Европа, кои имаат потенцијал да ескалираат, се уште се третираат како социјален феномен на домашните земји членки, но доколку тие продолжат и се претворат во задгранично, меѓународно движење, може да влијаат на политичкиот апетит на ЕУ за проширување. Може да ги зафатат политичките елити со барања за домашни проблеми, пред да можат да се свртат на проширувањето како гео – стратегија. - Петар Арсовски – Аналитичар. Според аналитирачите, сериозна опасност по евроинтегративните процеси е и растот на десничарските партии во „носечките“ земји на Унијата, како АФД во Германија партијата на Марин Ле Пепен во Франција, кои докодлку дојадат на власт најавуваат преиспитување на мигрантските политики, а особено и проширувањето на ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаМинчев на средба со грчкиот амбасадор Малукос: Од експертска размена до конкретни резултатиМинистерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција во Република Македонија, Јанис Малукос.Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција во Република Македонија, Јанис Малукос, на која беа разменети мислења за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во областа на реформата на јавната администрација. Министерот Минчев му посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Малукос, изразувајќи очекување дека досегашното партнерство меѓу двете земји ќе продолжи да се развива преку конкретни иницијативи, размена на искуства и експертска поддршка во реформските процеси. „Нашата цел е јасна, јавна администрација што работи професионално, одговорно и ефикасно, а граѓаните тоа да го чувствуваат преку услугите што ги добиваат. Затоа ни е важна соработката со партнерите кои можат да придонесат со знаење, искуство и добри практики што ќе ги преточиме во конкретни резултати“ истакна министерот Минчев. Посебно внимание беше посветено и на развојот на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници. Министерот Минчев ги истакна досегашните активности и приоритетите за нејзиниот понатамошен развој. Во таа насока, беа разгледани можностите за вклучување на грчките институции во идните активности преку размена на искуства, развој на програми за обука, усовршување на обучувачите и пренесување добри практики. Министерството за јавна администрација останува посветено на градење партнерства што придонесуваат за развој на професионални и одговорни административни службеници, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Целта на реформите е промените да не останат само на хартија, туку да се препознаат во секојдневното функционирање на институциите и во квалитетот на услугите што ги добива секој граѓанин. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook