БалканАктерот Феѓа Штукан е „безбедносна закана“ за Србија, ќе биде депортиран во БиХАктерот Феѓа Штукан од Босна и Херцеговина денеска ќе биде депортиран во Сараево, откако вчера беше приведен на белградскиот аеродром Никола Тесла, а полицијата му врачила решение дека претставува безбедносна закана за Србија.Актерот Феѓа Штукан од Босна и Херцеговина денеска ќе биде депортиран во Сараево, откако вчера беше приведен на белградскиот аеродром Никола Тесла, а полицијата му врачила решение дека претставува безбедносна закана за Србија, потврди неговиот адвокат за Хина. Штукан во неделата вечерта требаше да биде гостин на регионалниот фестивал Крокодил, но беше приведен на аеродромот Никола Тесла. Адвокатот на Штукан, Сеад Спаховиќ, вели дека во формална и правна смисла, Штукан „ниту бил приведен, ниту уапсен“, само бил оттргнат од редот за пасошка контрола и изолиран до првиот лет за Сараево. „Нема правен лек за решението што му го врачила полицијата“, рече Спаховиќ, наведувајќи дека документот се заснова „на проценките на официјалните органи“, но не објаснува како Штукан ја загрозува националната безбедност на Србија. „Бизарно е што Штукан е прогласен за опасност за безбедноста на државата, а во одлуката никаде не е наведена аргументацијата на МВР на Србија ниту како, на кој начин и што конкретно направил за да постави опасност за националната безбедност. Ова е несомнено политички чин, а начинот на кој е спроведен во закон се нарекува - злоупотреба на дискреционото оценување“, оцени Спаховиќ. Речиси идентична ситуација со полицијата имаше и Феѓа Штукан и претходно кога не му беше дозволен влез во Србија, што следеше по неговото учество на протестите „Србија против насилството“ и неговата поддршка за стотици илјади граѓани кои со денови демонстрираа на белградските улици и други градови по двете масовни убиства во мај 2023 година Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, подоцна го нарече „криминалец“, а провладините таблоиди - „муслимански екстремист“, тврдејќи дека на протестот на опозицијата „повикувал на насилство и предлагал субверзивни акции“. Штукан изјави за N1 Србија дека смета дека е бесмислено што бил етикетиран како „безбедносна закана за Србија“, оценувајќи дека тоа е „наместен“ процес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНов пресврт во случајот „Епстајн“: Лондон под сè поголем притисокБританската министерка за прашања поврзани со жртвите, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата разгледува опции за испитување на активностите на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во Обединетото Кралство.Британската министерка за прашања поврзани со жртвите, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата разгледува опции за испитување на активностите на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во Обединетото Кралство и дека премиерот Енди Бурнам се согласил да се сретне со жртвите. Даунинг стрит ја ублажува изјавата на министерката Иако Дејвис-Џонс рече дека се разгледува можноста за јавна истрага, извори од Даунинг стрит подоцна посочија дека премиерот во моментов не подготвува ниту активно размислува за покренување на таков процес, објави „Индипендент“. Министерката нагласи дека Барнам сериозно му пристапува на случајот и сака да разгледа системски промени што би ја подобриле состојбата за сите жртви на сексуално насилство. Полицијата веќе ги истражува наводите. Британската полиција веќе ги истражува обвинувањата поврзани со Епстајн, вклучително и можни случаи на сексуална злоупотреба на деца, трговија со жени преку британските аеродроми и злоупотреба на службената должност. Дејвис-Џонс изјави дека евентуалната поширока истрага би можела да ги опфати и наводите против покојниот сопственик на „Хародс“, Мохамед Ал Фајед, кого стотици жени го обвинија за сексуално насилство. Таа се врати на својата министерска функција откако во мај ја напушти владата на Кир Стармер, откако го обвини тогашното раководство дека не ги слушало доволно жртвите на Епстајн, пренесува „Анадолу“.Тагови: Епстајн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБарен Минхен се откажа од четири странциГерманскиот фудбалски шампион Баерн Минхен повлеќе неочекуван потез кој предизвика огромна реакција од јавноста. Според „Билд“, Жоао Палиња, Саша Боеј, Брајан Сарагоса и Арминдо Зиб се отстранети од списокот на играчи од првиот тим на официјалната веб-страница на клубот. Овој потег се толкува како јасна порака дека Баерн повеќе не смета на нив и дека тие би можеле да го напуштат клубот ова лето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИн мемориам: Почина Благоја Станоевски, поранешен претседател на Сојузот на младината на МакедонијаПочина Благоја Станоевски, поранешен македонски општествено-политички функционер и претседател на тогашниот Сојуз на младината на Македонија, во поранешна Југославија.Во првата половина на седумдесеттите години беше претседател на Претседателството на Републичката конференција на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија. По ангажманот во младинската организација, Станоевски продолжува да извршува одговорни функции во тогашните општествено-политички структури. Беше и член на Претседателството на Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија. Во осумдесеттите години беше ангажиран во Сојузот на синдикатите на Македонија. Благоја Станоевски останува запаметен како дел од генерацијата македонски општествени дејци кои во втората половина на 20 век учествувале во работата на младинските, политичките и синдикалните организации во земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook