Македонските реформи препознаени на регионално ниво: Министерството за јавна администрација меѓу наградените на ОЕЦД-СИГМА и РеСПА за 2026 година
Мајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во Кавадарци
1Македонските реформи препознаени на регионално ниво: Министерството за јавна администрација меѓу наградените на ОЕЦД-СИГМА и РеСПА за 2026 година
2Мајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во Кавадарци
3Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
Шоу бизАктерот Џона Хил стана таткоАктерот Џона Хил стана татко. Неговата девојка Оливија Милар го роди нивното прво дете, потврди портпаролот на актерот за магазинот People.Не се соопштуваат повеќе детали за детето. Хил не присуствуваше на свадбата на неговата сестра Бини Фелдштајн на 20 мај. Го немаше на ниту една фотографија од венчавката, па почна да се шушка дека е отсутен поради проширување на семејството, што се покажа како точно. Неговата девојка првпат била видена со труднички стомак на крајот на март во Калифорнија. Оливија е ко-сопственичка на онлајн продавница за винтиџ, а првпат беше фотографирана со Џона минатиот септември во Санта Барбара. 39-годишниот актер е најпознат по 21 Jump Street, 22 Jump Street, The Wolf of Wall Street, War Dogs Superbad, а неодамна глумеше и во You People на Netflix заедно со Еди Марфи. Пред Оливија, Џона беше свршен со менаџерката Гаина Сантос, но таа врска заврши во 2020 година. Во последните месеци најмногу се зборуваше за неговиот изглед. Џона во текот на целата своја кариера имал проблеми со вишокот килограми, односно поради некои филмови морал да ослабне и да качи килограми. Затоа одлучил јавно да проговори за своето ментално здравје во документарниот филм наречен Stutz, кој го снимил во тајност со својот терапевт. Актерот беше сниман неколку пати во сосема поинаква верзија од претходните години. Многу ослабе, а пуштил и долга брада и коса.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонските реформи препознаени на регионално ниво: Министерството за јавна администрација меѓу наградените на ОЕЦД-СИГМА и РеСПА за 2026 годинаМинистерството за јавна администрација доби специјално признание во рамки на Наградите за јавна администрација за 2026 година (Public Administration Awards 2026), доделени во Белград.Министерството за јавна администрација доби специјално признание во рамки на Наградите за јавна администрација за 2026 година (Public Administration Awards 2026), доделени во Белград, во организација на Регионалното училиште за јавна администрација - ReSPA и ОЕЦД-СИГМА, за проектот „PAR Connect – Дигитална платформа за следење на реформата на јавната администрација“. Ова признание претставува значајна регионална афирмација на реформските заложби на Министерството и потврда дека институционалните иновации, дигитализацијата и систематскиот пристап кон управувањето со реформските процеси се препознаваат како важни двигатели на модерната јавна администрација. Наградената ИТ-алатка претставува дигитално решение за следење на спроведувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација, кое овозможува поврзување на институциите, централизирано следење на реформските активности и навремен увид во степенот на реализација на преземените обврски. Преку неа се опфатени околу 40 институции и речиси 200 реформски активности, со можност за следење во реално време, подобра координација и поефикасно известување за напредокот на реформите. Посебната вредност на ова решение е во тоа што реформскиот процес го прави посистематичен, потранспарентен и поодговорен. Наместо реформите да останат само збир на стратешки определби и институционални обврски, алатката овозможува нивно континуирано следење, идентификување на предизвиците и создавање основа за навремено преземање соодветни мерки. На тој начин, дигиталната технологија се става во функција на подобро институционално управување и мерлив реформски напредок. Дополнителна вредност на ИТ алатката е нејзиниот потенцијал за поширока институционална примена. Конкретен пример за тоа се Министерството за дигитална трансформација и Управата за јавни приходи, кои врз основа на склучени меморандуми за соработка, ја презедоа ИТ алатката и се во фаза на нејзина адаптација за следење на сопствените стратешки документи и акциски планови. Овогодинешните награди за јавна администрација бележат исклучително голем интерес, со повеќе од 100 пристигнати апликации од институции од Западен Балкан и Источното соседство. Во рамки на категоријата специјални признанија, проектот на Министерството за јавна администрација е издвоен меѓу практиките што демонстрираат иновативност, институционална применливост и потенцијал за унапредување на јавниот сектор. Признанието добива дополнителна тежина имајќи предвид дека станува збор за регионална иницијатива која ги афирмира успешните реформски практики, поттикнува размена на знаења и искуства и создава простор за пренесување на иновативни решенија меѓу јавните администрации. За Министерството за јавна администрација, ова признание е поттик и обврска реформските процеси да продолжат со уште посилна динамика, со јасна насоченост кон резултати, институционална одговорност и квалитетни јавни услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаМајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во КавадарциМајка од Кавадарци пријавила во полиција дека две малолетнички ја нападнале нејзината малолетна ќерка на улицата „Сремски фронт“. Според пријавата, едната ја држела, а другата ја горела со цигара, соопшти СВР Велес. Според полицијата, нападот бил пријавен на 18 ноември во 22:30 часот во одделението за внатрешни работи во кавадарци, а се случил два дена претходно, на 16 ноември. За случајот се известени јавен обвинител и центарот за социјални работи во Кавадарци. полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Тагови: Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПутин пред медиумите за средбата со Трамп и СиПретседателот на Русија, Владимир Путин им се обрати на медиумите по трилатералната средба со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.Рускиот лидер истакна дека би сакал трилатералните средби со лидерите на Кина и на Соединетите Држави да продолжат, оценувајќи ја денешната средба како нова страница во историјата. Тој исто така рече дека трилатералната средба, одржана во Шенжен на маргините на самитот на АПЕК, била многу корисна, а дискусијата – слободна и искрена. По протоколарниот дел од трилатералната средба започна слободна размена на мислења, изјави Путин, додавајќи дека со лидерите на САД и на Кина, Трамп и Си, разговарал и за можната реформа на Обединетите нации. Путин се осврна и на внатрешнополитичката ситуација во Соединетите Држави, наведувајќи дека таа е сложена, со многубројни противтежи и механизми за одржување на рамнотежата на политичката моќ. На средбата, исто така, се разговараше за прашања поврзани со обезбедувањето слободна пловидба, рече Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook