Шоу бизАктерката во свој манир: Ги сруши правилата, ги разлути фановите и колегите (фото)Актерката Бланка Бланко не беше единствената која не се приклучи на бојкотот, па на црвениот тепих на доделувањето на наградите на „Златниот глобус“ се одлучи да не носи црно.Сепак, таа предизвика најмногу критики и осуда на социјалните мрежи. Овој пат, иако во својот препознатлив манир, Бланка успеа да шокира и да не биде во тоа единствена. Иако и покрај молбите на “женското холивудско движење во црно“ се прошета во црвен фустан, сепак беше единствената со ваква провокативна модна облека, која овој пат не беше неопходна. Ваквото нејзино појавување без долна облека, со длабок шлиц во црвен фустан, не наиде на разбирање од публиката и присутните холивудски ѕвезди кои очекуваа солидарност околу идејата јавно да се зборува за проблемот со злоставувањето и сексуалното вознемирување во филмската индустрија. Така релативно непозната по улогите, а препознатлива по стајлингот, актерката очигледно сакаше да ги искористи “своите пет минути“. Се појави во друштво на долгогодишниот партнер Џон Севиџ (68) и не обрнуваше многу внимание на критиките и негативните коментари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
ЕвропаГрадоначалник во Франција ги бранеше средношколците од полицијатаБали Багајоко, градоначалникот на францускиот град Сен Дени во близина на Париз, вчера беше погоден од канистер со солзавец додека се обидуваше да ги смири тензиите меѓу полицијата и младите демонстранти. Багајоко се позиционираше меѓу двете страни за време на големиот марш во Париз, организиран поради лошите услови во училиштата. Снимките од настанот го прикажуваат градоначалникот во кордон меѓу демонстрантите и полицијата, а потоа во облак од солзавец што полицијата го испука кон него и толпата. Инцидентот се случи на ден кога повеќе од 250.000 луѓе протестираа низ цела Франција во поддршка на средношколското движење. Според официјалните проценки, само во Париз имало околу 56.000 луѓе на улиците.Багајоко, член на левичарската партија Непокорна Франција, по инцидентот ја обвини полицијата дека користи „тотално непропорционална“ сила против млади луѓе кои само бараат да бидат слушнати“, рече тој. „Го повикувам министерот за внатрешни работи: барањата мора итно да се разгледаат пред да се случи трагедија.“тој објасни дека бил на протестот за да ги заштити младите и да се обиде да ја смири ситуацијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеВакцинацијата против грип треба да започне во втората половина на октомвриЗа десетина дена во земјава треба да пристигнат и првите 30 илјади дози вакцини против сезонскиот грип.До почетокот на ноември како што информираа од Министерството за здравство треба да пристигнат уште 26 илјади дози. Оваа сезона во борбата против грипот се планирани 80 илјади вакцини против грип. Засега нема потврда на заболени од грип, но доколку се појави ризик од заболување пред почетокот на вакцинацијата, министерот Клековски најави дека е подготвен и план б, кој предвидува превентивна терапија и третман за грип кај високоризичните групи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЛондонскиот „Хитроу“ веќе не е аеродромот со најдобра поврзаност во светот Поголем од Менхетен, Мега-аеродромот што собори рекорди и го освои светот. .Истанбул, градот на два континентите, отсекогаш бил клучен глобален центар – улога што сега е дополнително зацврстена со аеродромот „iGA Istanbul“. Според најновите податоци, тој го престигна лондонскиот „Хитроу“ и стана аеродром со најдобра поврзаност во светот. Оваа висока позиција е потврдена со индексот „мегахаб“ (megahub) за 2026 година, објавен од OAG, глобален провајдер на податоци за патувања. Рангирањето го споредува бројот на можни меѓународни летови со вкупниот број дестинации достапни од аеродромот, при што анализата се заснова на податоци од денот со најголем сообраќај во годината – 2 август. „Конечно го зазедоа првото место“, изјави Џон Грант, главен аналитичар во OAG. Извршниот директор на аеродромот, Селахатин Билген, за CNN изјави дека ова е значајно достигнување што го одразува статусот на аеродромот како глобален воздухопловен центар. „Веќе летаме до околу 350 дестинации ширум светот, а сепак има многу простор за раст“, додаде тој. Аеродромот „Схипхол“ во Амстердам го зазема третото место на овогодишната листа, а по него следат Куала Лумпур и „О’Хеар“ во Чикаго. Аеродром вреден 12 милијарди долари беше отворен во 2018 година на европската страна на Истанбул. Неговиот терминал со површина од 1,4 милиони квадратни метри е најголемиот во светот под еден покрив, а целиот комплекс – кој по површина е поголем од Менхетен – е дизајниран да опслужува огромен обем на сообраќај. Во моментов, низ аеродромот годишно минуваат повеќе од 84 милиони патници, што го прави осми најпрометен во светот, иако долгорочната цел е да се достигне капацитет од 200 милиони патници. Тоа е двојно повеќе од сообраќајот што моментално го опслужува „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта, најпрометниот аеродром во светот. Аналитичарот Грант смета дека „iGA Истанбул“ нема да има конкуренција во наредните години. „Тие го имаат потребниот капацитет на писти. Имаат исклучително успешен национален авиопревозник кој расте и нарачува нова флота. Блиску се до некои од пазарите со најбрз раст во светот, како што е Централна Азија. Едноставно, се наоѓаат во одлична позиција“, објасни тој. Минатиот месец беше отворена четврта главна писта, а постојат планови за вкупно девет писти – шест главни и три помошни. Грант истакнува дека „iGA Истанбул“ е единствениот аеродром во светот овластен за истовремено работење на три писти. „Ова овозможува поголем број летови за време на шпицот и обезбедува оперативна флексибилност. Со три писти, веројатно се постигнува и подобра точност“, вели тој. Клучна улога во успехот на центарот (хабот) игра „Туркиш ерлајнс“, кој ги опслужува 80 отсто од летовите. Пред две години, националниот авиопревозник влезе во Гинисовата книга на рекорди како компанија што лета до најголем број земји – 130 до 2026 година. Компанијата управува со модерна флота во постојан пораст, составена од над 500 авиони од типовите „Боинг“ и „Ербас“.Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook