Актерката Весна Петрушевска - лауреат на фестивалот „Денови на комедија“ Куманово - Канал 5

Актерката Весна Петрушевска - лауреат на фестивалот „Денови на комедија“ Куманово

 Годинашниот лауреат на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ - Куманово е актерката Весна Петрушевска, соопштија денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“ - Куманово.

Актерката Весна Петрушевска - лауреат на фестивалот „Денови на комедија“ Куманово

- Со огромно задоволство соопштуваме дека лауреат на МТФ Денови на комедија 2025 е актерката Весна Петрушевска. Фестивалот и Советот на Фестивалот МТФ Денови на комедија Куманово во состав: Сања Русеска, Владанка Крстевски, Сефедин Шабани, Крсто Богојевски и Александар Крстевски доделува награда „Васил Иљоски“ на актерката Весна Петрушевска за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедијата, информираа од установата.

Наградата ќе ѝ биде врачена на денот на отворањето на Фестивалот Денови на комедија 2025, на 24 септември во големата сала на Центарот за култура Куманово.

Изминативе години лауреати на Фестивалот беа Шенка Колозова, Љубица Гојковиќ, Ѓорѓи Андов, Илија Струмениковски, Стојна Костовска, Благоја Чоревски, Коле Ангеловски, Сашко Коцев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орце Ѓорѓиевски: „Добредојдовте во Скопје“

[❤️]  „Добредојдовте во Скопје“ - порака со која испраќаме топло добредојде до сите што пристигнуваат во нашиот град, објави на својот Фејсбук првиот човек на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Орце Ѓорѓиевски: „Добредојдовте во Скопје“

[🌃] Скопје го разубавуваме со љубов, внимание и посветеност, затоа што секој детал е важен кога градиме град со препознатливо лице и топла душа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Георгина знае како да го утеши Роналдо по елиминацијата од Светското првенство

Бујната Георгина Родригез повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи фотографија со својот партнер Кристијано Роналдо.

Фото: Георгина знае како да го утеши Роналдо по елиминацијата од Светското првенство

Атрактивната бринета повторно привлече големо внимание со својата нова објава и порака.

Бујната Георгина Родригез повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи фотографија со својот партнер Кристијано Роналдо. Атрактивната бринета ужива во летниот одмор со португалската фудбалска ѕвезда, а со новата објава и порака повторно привлече големо внимание.

На фотографијата, Георгина го прегрнува Роналдо, додека во преден план е нивното провокативно летно издание, кое предизвика бројни реакции кај фановите.

За кратко време, објавата собра дури 3,6 милиони лајкови, а на социјалната мрежа Георгина ја следат повеќе од 75,5 милиони луѓе, што уште еднаш ја потврди нејзината огромна популарност.

Георгина и Кристијано важат за еден од најпознатите парови во светот на спортот и шоу-бизнисот.

Нивната љубовна приказна трае уште од 2016 година, кога се запознале во продавница на „Гучи“ во Мадрид, каде што Џорџина во тоа време работела како продавачка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж со автомобил се забил во оградата на луксузниот дом на Бијонсе и Џеј-Зи

Дезориентиран возач е уапсен откако со автомобилот удрил во портите на луксузниот имот на музичките ѕвезди Бијонсе и Џеј-Зи во Ист Хемптон.

Маж со автомобил се забил во оградата на луксузниот дом на Бијонсе и Џеј-Зи

Шеесет и тригодишен маж, чиј идентитет не е откриен, со автомобил удрил во влезната врата на имот во сопственост на Бијонсе и Џеј-Зи во Ист Хемптон.

Според информациите од полицијата, возачот изгледал дезориентирано и не застанал пред затворената капија, туку продолжил да вози со голема брзина по пристапниот пат. Тој бил уапсен и пренесен во болница, а полицијата поднела пријава против него за неовластен упад на имот и предизвикување штета.

Детективот Џенифер Дан за „Page Six“ потврди дека 63-годишникот од Бронкс нема криминално досие. Таа објасни дека тој изгледал збунето на самото место, како и по неговото апсење.

„Тој не упати никакви закани ниту ги спомна имињата на станарите. Можно е случајно да ја избрал таа куќа, доколку во тој момент имал здравствени проблеми“, рече Дан.

Истрагата откри дека пред инцидентот мажот застанал пред друга куќа на истата улица.

Таму разговарал со сопственикот и се распрашувал за жена со одредено име. Откако му кажале дека таа не живее таму, тој продолжил понатаму. Сопственикот на таа куќа исто така ѝ потврдил на полицијата дека мажот изгледал збунето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер