Актерката Тинка Ристеска половина век на сцената на Струмичкиот театар - Канал 5

Актерката Тинка Ристеска половина век на сцената на Струмичкиот театар

На прашањето дали е тешко да се издвои улога и која повторно би ја одиграла, актерката одговори дека улогите се како нејзини деца и не може да се одделат.

Актерката Тинка Ристеска половина век на сцената на Струмичкиот театар

Од седумдесет години на нашиот театар, мои 50 се вложени во театарот. Активно 35 години, но формално само заминав во пензија во 2005 година и оттогаш постојано играм. Никогаш нема да го заборавам ноември 1969 година кога дојдов првиот ден и почнав со улогата на Донка во „Бегалка", а годинава завршив со Аманда во „Стаклена менажерија", вели актерката Тинка Ристеска, која доби специјално признание на одбележувањето на седумдесетгодишнината од постоењето на Народниот театар „Антон Панов" од Струмица.

Додава дека многумина ја прашуваат како толку години останала во театарот, а одговорот, вели, можеби ќе звучи како клише.

-Еднаш кога ќе стапнете на театарските даски, кога ќе ве фати таа необјаснива магија веќе нема назад, фатен си во стапицата. Нема бегање. И така се редеа годините. Улогите нема да ги редам бидејќи се многу. Не може за кратко време да се набројува сè од тие педесет години. Нема што не сум играла, но никогаш не си одиграл сè. Секоја нова улога, секој нов проект е нов предизвик и никогаш не можеш да се заситиш, објаснува Ристеска.

На прашањето дали е тешко да се издвои улога и која повторно би ја одиграла, актерката одговори дека улогите се како нејзини деца и не може да се одделат.

-Во некои проекти имам двапати играно. На пример во „Печалбари" ја имам играно Симка, а потоа ја играв Рајна, мајката на Симка. Имам и од светски класици играно, како и од наши автори, нема што немам играно. Улогите се едно неисцрпливо море, секогаш има нешто ново што е предизвик, смета актерката Ристеска.

Подвлекува дека има голема разлика од нејзините почетоци и денес, посебно во однос на репертоарот.

-Тогаш имавме по седум-осум премиери годишно, од кои пет-шест целовечерни и две до три детски претстави. Сега има три проекти во цела сезона. Тука е осиромашен театарот. Знаете, ние во малите театри сме наиграни, не можеме да се пожалиме дека не играме. Во големите театри во државата има колеги кои со години ги немам видено на сцена. Ние не можеме да се пожалиме, додаде Тинка Ристеска, пензионирана актерка на Струмичкиот театар. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Викторија и Дејвид Бекам во Париз гордо позираа со својот син на премиерата на неговиот прв филм

Џет-сет брачната двојка, Викторија и Дејвид Бекам му дадоа поддршка на својот син Ромео на премиерата на неговиот прв филм.

Викторија и Дејвид Бекам во Париз гордо позираа со својот син на премиерата на неговиот прв филм

Синоќа, тие присуствуваа на светската премиера на филмот *Forty Love* во Париз, каде што на црвениот тепих им се придружија Ромео и неговата девојка, Ким Турнбул.

Ова беше значаен момент за Ромео, кој сега се испроба во актерството, пренесува *People*.

Викторија на црвениот тепих се појави во црно сако со крој „oversize“ и нагласени раменици, искомбинирано со црни елегантни панталони и чевли со штикла и зашилен врв.

Легендарниот фудбалер сега сопственик на Интер Мајами,изгледаше подеднакво елегантно во темно син костум, бела кошула и темна вратоврска. Својот изглед го заокружи со црвен шал околу вратот и кафеави чевли од велур.

Ромео носеше костум со дворедно закопчување, искомбиниран со црно-бела кошула на риги и тесна вратоврска со кариран дезен. Ким Турнбул се појави во долг сатенски фустан во бургундска боја, со отворен грб и драпиран израз на деколтето.

Ромео и Ким Турнбул започнаа врска во ноември 2024 година. Нивната врска не беше секогаш стабилна, а во јуни 2025 година, „Пипл“ (People) потврди дека тие раскинале. Подоцна истата година, тие се смирија. Во јануари оваа година, беа забележани во Париз во друштво на помладиот брат на Ромео, Круз, и неговата девојка, Џеки Апостел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио: „Не сме нападнати“

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека нема докази оти неодамнешните технолошки дефекти кај американските авиокомпании, банки и технолошки фирми се поврзани или се резултат на сајбер-напад.

Рубио: „Не сме нападнати“

„Не сме изложени на систематски напад. Овие настани немаат никаква меѓусебна поврзаност“, изјави Рубио, откако зачестените технички проблеми поттикнаа шпекулации за можна координирана акција, пренесува Би-Би-Си.

Прекините во функционирањето ги зафатија услугите на „Мајкрософт“ и „Епл“, банката „Џеј Пи Морган Чејс“ и компанијата „Јунајтед ерлајнс“, а поради технички дефект, сите летови во САД беа запрени во траење од повеќе од четири часа.

Привремено недостапна беше и внатрешната комуникациска мрежа на Агенцијата за национална безбедност на САД.

Американски претставници и експерти за сајбер безбедност изјавија дека нема докази оти инцидентите се поврзани, како и дека проблемите настанале поради технички дефекти и ажурирање на застарени системи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк

Холивудската ѕвезда, актерката Ен Хатавеј го доби своето трето дете со сопругот, филмскиот продуцент Адам Шулман.

Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк

Мегапопуларната актерка е забележана на прошетка во Њујорк, а фотографиите на кои се гледа како носи новороденче во носилка открија дека во нивното семејство пристигнал нов член.

43-годишната актерка беше сама за време на прошетката, со постојана насмевка на лицето додека внимателно се грижеше за бебето. Фотографиите беа објавени од медиумот TMZ.

Ѕвездата од филмовите „Дневниците на принцезата“ и „Клетници“ сè уште нема дадено јавна изјава во врска со раѓањето на нејзиното трето дете, затоа, засега не се познати ниту името, ниту полот на бебето.

Ен и нејзиниот сопруг Адам веќе имаат два сина. Нивниот постар син, Џонатан, има десет години, додека помладиот, Џек, овој месец ќе го прослави својот седми роденден.

Актерката уште во јуни ја сподели веста дека повторно е бремена, објавувајќи фотографија на Инстаграм на која се гледаше нејзиниот труднички стомак.

На фотографијата таа е прикажана во бело здолниште и краток топ, со опис: „x Бебе, јас сум твоја x“.

Два месеца подоцна, Ен гордо го покажа својот труднички стомак на црвениот тепих, на премиерата на филмот „Крајот на улицата Оук“ (The End of Oak Street).

За таа пригода, таа се одлучи за фармерки со низок струк и лелеава блуза; споделувајќи снимки од подготовките за настанот, таа истовремено одговори на шпекулациите дека ангажирала сурогат-мајка и дека носи вештачки труднички стомак.

„Лажна коса, вистински стомак“, изјави тогаш актерката.

Ен Хатавеј и Адам Шулман стапија во брак во Калифорнија во септември 2012 година. Тие го добија својот прв син, Џонатан, во март 2016 година, додека нивниот втор син, Џек, се роди во ноември 2019 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер