3Николоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026
МакедонијаАктерката Теута Ајдини-Јегени и други истакнати личности добитници на наградата „11 Октомври“ за животно дело во 2025 годинаВо областа на науката и образованието, државната награда се доделува на проф. д-р Константин Димитров, машински инженер, и академик Глигор Јовановски, хемичар.Актерката Теута Ајдини-Јегени, хорскиот диригент проф. Летка Димовска-Полизова и продуцентот промотор на македонската уметност Иво Јанкоски се добитници на државната награда „11 Октомври“ за највисокото признание за животно дело во 2025 година во областа на науката, уметноста. Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ денеска ја соопшти одлуката за доделување на највисокото признание за животно дело во 2025 година во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес. Во областа на науката и образованието, државната награда се доделува на проф. д-р Константин Димитров, машински инженер, и академик Глигор Јовановски, хемичар. Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 11 Октомври 2025 година во 12 часот во Собранието на Република Македонија, информираат од Одборот за доделување на наградата.Тагови: Теута Ајдини-Јегени 11 Октомври Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00ОЈО ГОК : Отворена истрага за злоупотреби во постапки за јавни набавки во Царинската управа14:03
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
БалканВидео: Гори амбасадата на Пакистан во Белград Последниот кат од зградата е зафатен, пожарникарите се на пат!Пожар избувнал во зградата на амбасадата на Пакистан во Белград, дознава српски Курир. View this post on Instagram A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_) Како што може да се види од видеа објавени на социјалните мрежи, густ црн чад го покрил просторот. View this post on Instagram A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_) Во моментов нема официјални информации дали има повредени лица во инцидентот, ниту за евентуална материјална штета.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканМицотакис во Софија на средба со РадевГрчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е во официјална посета на Софија.Билатералните односи, како и теми од заемен интерес и од европската агенда, се очекува да бидат во фокусот на разговорите на Радев и Мицотакис во Софија, според официјалното соопштение од бугарската влада. Посетата на Мицотакис на Софија е на покана на Радев, планирана е тет-а-тет средба на двајцата премиери, а потоа и состанок на делегациите на двете земји. Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис по средбата и заедничката прес-конференција, од Софија ќе замине за Тиват каде што ќе присуствува на вечера организирана од претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ за лидерите од ЕУ и земјите од Западен Балкан по повод националниот празник на земјата, а во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи утре.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година.Според државната статистика, градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година. Овие бројки претставуваат силен показател за континуираната градежна активност низ целата држава, како и за успешната реализација на капиталните инвестиции кои се од клучно значење за економскиот развој. Особено охрабрувачки е фактот што во сегментот на нискоградбата е регистриран двоцифрен раст од над 20 индексни поени. Овој сегмент ги опфаќа инвестициите во изградба на автопати, експресни патишта, регионални и локални патишта, како и железницата, кои Владата преку Министерството за транспорт ги реализира со високо ниво на посветеност и одговорност. Растот во нискоградбата е директен резултат на засилените активности на терен и силната динамика со која се реализираат капиталните проекти. Автопатиштата на Коридор 8 и 10 д, се градат со силна динамика, а паралелно со тоа се инвестира и во железничката инфраструктура, што претставуваат клучен сегмент за долгорочниот економски развој, регионалното поврзување и зголемувањето на конкурентноста на економијата. Дополнително, Државниот завод за статистика објави дека стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2026 година изнесува 3,1 процент. Овој резултат претставува јасен показател дека економијата расте, дека инвестициите даваат резултати и дека развојните политики на Владата создаваат реални ефекти во стопанството. Резултатите што ги објави ДЗС, се потврда дека државата се движи во вистинска насока, градежништвото останува мотор на економскиот развој, а инфраструктурните проекти силно го поддржуваат растот, развојот и креираат подобра иднината на државата.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook