1Таравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени
3Собранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот Вајц
3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
КултураАктерката Тамарa Ристоска на престижната програма Berlinale Talents 2025- Младата македонска актерка Тамара Ристоска ќе учествува на престижната програма Berlinale Talents коja ќе се одржи во рамките на овогодишното издание на Berlin Film Festival - Berlinale, еден од најзначајните филмски фестивали во светот. Ристоска на ова 23-то издание на програма е избрана помеѓу 3 836 апликанти од 123 држави, и е единствената учесничка од регионот. Berlinale Talents е платформа за развој на филмски таленти, која ја истражува уметноста и процесот на создавање филмови. Основана во 2003 година, оваа програма е препознатлива како еден од водечките форуми за филмски професионалци и ентузијасти. Со над 10.000 алумни ширум светот, Berlinale Talents ја претставува една од најголемите глобални филмски заедници, нудејќи уникатна можност за вмрежување и креативна соработка на меѓународно ниво. Овогодишната тема на Berlinale Talents е „Listen Courageously – Cinematic Narratives in Times of Dissonance", која ќе ги истражува значењето и важноста на слушањето во уметноста. Учесниците ќе имаат можност да се вклучат во дебати, работилници и дискусии со светски познати предавачи. Во изминатите години, учесници на главните теми биле филмски легенди како Мартин Скорсезе, Кејт Бланшет, Кристен Стјуарт, Рубен Остлунд, Џералдин Чаплин и Лупита Нионг’о. Тамара Ристоска е истакната млада актерка од земјава, која успешно гради кариера и на меѓународно ниво. Позната е по улогите во филмовите „Мими“, „Проблемот на Тина“, „Обичната Ели“, „Return to Silent Hill“, „Verified Target“ и други. Покрај тоа, таа настапувала и во домашните ТВ-серии „Фамилијата Марковски“ и „Тинејџерски Камп“, како и во српските продукции „Konstantinovo raskršće“ и „Branilac“. Нејзините најнови проекти вклучуваат улоги во режисерското деби на Сара Климоста „Нова Енергија“, филмот „Lubarda“ на Горан Радовановиќ, како и „Ruka Pravde“ под режија на Немања Ќераниќ, каде Тамара ја игра една од главните улоги. Учеството на Тамара Ристоска на Berlinale Talents се смета за огромно признание за неа, но и за македонската културна сцена, потврда дека нашите уметници имаат капацитет да се докажат на највисоко светско ниво. Годинашното 75. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин ќе се одржи од 13 до 23 февруари, а американскиот режисер, сценарист и продуцент Тод Хејнс ќе биде претседател на меѓународното жири на фестивалот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТаравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измениГо поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија.Го поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија, но до сега губевме драгоцено оцени претседателот на Алијанса, Арбен Таравари во вечерашното гостување во Само Интервју. Според него, дали ќе има превремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПремиерот Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОНПремиерот Христијан Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк... Според објавената агенда, тој ќе зборува деветти по ред за време на утринската сесија која почнува во 15 часот по македонско време.. Паралелно македонската делегација предводена од него, ја продолжува посетата со низа билатерални средби со европски и регионални претставници.. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади врз Њујорк на 11 септември 2001 година.. Одбележувањето го предводеше генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а присуствуваа претставници на земјите сојузнички на САД, кои по нападите се повикаа и на членот на заедничка одбрана на НАТО членките, во знак на солидарност со САД.. „Америка останува најголемата светска сила. Но, Америка не мора да го носи товарот самата. Сојузниците на Америка се со неа. Никој не смее да се сомнева во нашата решителност.“, изјави Руте во обраќањето на Меморијалниот музеј на местото каде што некогаш стоеа кулите близначки на Светскиот трговски центар.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаСобранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот ВајцВо Собранието денеска започна дводневниот 25. состанок на мешовитиот парламентарен Комитет ЕУ – Македонија.. Освен македонски пратеници, во рамки на сесијата се обрати и евроамбасадорот Михалис Рокас, во име на Европската Комисија, ирскиот амбасадор во земјава, Брендан Вард, во име на ирското претседателство со Советот на ЕУ.. Говор одржа и известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Томас Вајц, кој рече дека владеењето на правото и борбата против корупцијата останува клучно за напредокот на која било земја, а повика Македонија да се посвети на реформската агенда.. И во Австрија има големи случаи на корупција, но разликата е во тоа што многу богати луѓе лежат затвор, рече Вајц.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00