Актерката Сибил Шеперд откри каков бил „кралот на рокенролот“ во интимните односи (фото) - Канал 5

Актерката Сибил Шеперд откри каков бил „кралот на рокенролот“ во интимните односи (фото)

Актерката Сибил Шеперд го прослави својот 73-ти роденден и сè уште е енергична, како во своите дваесетти кога го запознала Елвис Присли. 

Актерката Сибил Шеперд откри каков бил „кралот на рокенролот“ во интимните односи (фото)

Таа се прославила со улогата во драмата „Последнaта кинопретстава“ во 1971 година, како и во серијата „Срцепарателно момче“.

Кога имала 22 г., Присли слушнал дека живее во Мемфис и сакал да ја запознае. Актерката тогаш се согласила, но на нивниот заеднички пријател му рекла дека „не се согласува ако тој лично не ја покани“. Набргу тие се нашле во театарот што Елвис го изнајмувал до полноќ.

-Тогаш мислев дека е престар за мене, а и Битлси беа моја музика... но постоеше хемија помеѓу нас. Мирисаше на сапун, слатко како шеќер и пот - открила Шеперд за британски Експрес, додека за Елвис на Лари Кинг уште во 2000. година му кажа дека славниот пејач бил „брилијантен, забавен и срдечен“.

Таа откри дека не чекала долго време да стане дел од неговиот сексуален живот, со оглед на тоа што е познато дека „кралот на рокот“ чекал и не спиел пред бракот со својата сопруга Присила.

- Му се допаѓаше кога девојките носат бели гаќички, јас тоа го одбив - истакнала Шеферд, алудирајќи на тоа дека Присли наводно го фасцинирале невини и млади девојки, како неговата тогашна сопруга Присила, која имала само 14 години кога ја запознал.

Актерката открива и дека Присли не сакал да спие сам, како и тоа дека во тинејџерските денови го делел креветот со мајка му Гледис.

- И покрај тоа, Елвис беше секси и еден од најубавите мажи што некогаш сум ги запознала. Но, во креветот беше многу внимателен и помеѓу нас сè функционираше одлично – изјавила таа.

Таа сепак додаде дека Елвис не сакал орален секс, па таа морала да го научи на тоа.

Сибил раскажа и дека веднаш сфатила дека е зависник од дрога, но и дека тоа неа не ја интересирало.

- Често доаѓаше во спалната и буквално се онесвестуваше, или ќе ја оставеше дрогата на ноќното орманче покрај накитот - се присети Шеперд.

Иако со него имала само кратка афера, актерката никогаш не го заборавила времето поминато со музичката легенда велејќи дека го памети како „сладок и неодолив човек, но и сериозен зависник од наркотици“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот КИЦ во Загреб со врвна уметничка вечер

Преполна сала, голем интерес за изложбата за Мајка Тереза и овации за Лазаревски и Стојчески.

Македонскиот КИЦ во Загреб со врвна уметничка вечер

Големиот интерес на хрватската публика, одличниот прием на изложбата на НУ „Спомен куќа на Мајка Тереза“ и овациите за извонредниот музички настап на Владимир Лазаревски и Александар Стојчески ја одбележаа најновата културна вечер во македонскиот КИЦ во Загреб.

Пред преполна сала и бројна публика, македонскиот КИЦ во Загреб организираше настан на кој беа обединети две значајни уметнички содржини: изложбата „Од Скопје до вечноста – Мајка Тереза и Загреб“, подготвена од НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, и концертот камерното дуо Александар Стојчески (виола) и Владимир Лазаревски (обоа), со специјалното гостување на реномираната пијанистка Нина Костова.

На почетокот на настанот се обратија амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, Н. Е. Драган Ѓурчевски, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, и директорката на НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, Соња Кузмановска.

Меѓу присутните беа бројни љубители на уметноста и културата, високи претставници на државни и локални институции во Загреб, членови на дипломатскиот кор, сестри на милосрдието, претставници на верските заедници и други гости. Разновидниот состав на публиката и големиот одѕив уште еднаш го потврдија значењето на културните настани како простор за дијалог, меѓусебно запознавање и продлабочување на македонско-хрватските културни врски.

Посебно внимание привлече изложбата „Од Скопје до вечноста – Мајка Тереза и Загреб“, реализирана од Националната установа „Спомен-куќа на Мајка Тереза“ од Скопје. Преку четириесетина внимателно одбрани архивски фотографии и документи, поставката претстави значајни моменти од животниот пат на Мајка Тереза, ставајќи посебен акцент на нејзината поврзаност со Загреб. Со спојот на традиционалната музејска презентација и современите дигитални можности, изложбата им овозможи на посетителите да се запознаат со помалку познати детали од животот на големата хуманитарка. Авторка на изложбата е вишата кустоска Цветанка Вучковска Митовска.

Загреб зазема посебно место во животната приказна на Мајка Тереза. Токму од овој град, во 1928 година, младата Агнес Гонџа Бојаџиу го продолжила својот пат кон Ирска, каде што го започнала својот монашки живот. Особено е интересно што токму во Загреб е направен и нејзиниот последен фотографски портрет како Гонџа, пред да тргне по патот што ќе ја одведе во Индија и ќе ја направи една од најпрепознатливите хуманитарки во светот.

Силен уметнички впечаток остави и концертот на камерното дуо Александар Стојчески и Владимир Лазаревски. Нивната виртуозност, музичка зрелост и впечатлива интерпретација на програмата беа наградени со долготрајни аплаузи и овации од публиката. Концертната вечер доби дополнителна уметничка димензија со настапот на реномираната пијанистка Нина Костова.

Со исклучителниот прием на изложбата и концертот, оваа културна вечер прерасна во настан што ги надмина рамките на вообичаената уметничка презентација. Обединети во една целина, изложбата и музичкиот настап воспоставија посебен дијалог меѓу културното наследство, уметничкото изразување и универзалните човечки вредности. Во центарот на таа средба се најдоа хуманоста, љубовта и солидарноста – вредности што не познаваат национални и јазични граници и што на оваа вечер ѝ дадоа пошироко, трајно значење.

Настанот е дел од годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб, поддржан од Министерството за култура и туризам, а неговата успешна реализација е уште една потврда за посветеноста и професионалниот ангажман на македонскиот КИЦ во Загреб во промоцијата и афирмацијата на македонското културно творештво. Со внимателно осмислени програми и содржини со високи уметнички вредности, македонскиот КИЦ во Загреб ја претставува македонската култура пред хрватската јавност, истовремено создавајќи нови можности за културна соработка и поврзување. Ваквите настани ја потврдуваат значајната улога на културната дипломатија во поттикнувањето на меѓусебното зближување и разбирање, преку уметноста, заедничките вредности и непосредната комуникација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирање

Земјите не успеаја да постигнат нов голем договор за справување со климатските промени на климатската конференција COP31 во Турција. 

Неуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирање

Преговорите, кои требаше да завршат во петокот, продолжија до вчера и станаа најдолгата климатска конференција на он досега.

Главната причина за неуспехот се длабоките поделби околу употребата на фосилните горива и финансирањето на климатските мерки. Европската унија и островските држави од пацификот го отфрлија конечниот договор бидејќи во него директно не се споменуваат фосилните горива. Посиромашните земји, пак, реагираа на отсуството на конкретни финансиски обврски од побогатите држави. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази длабоко разочарување од исходот на преговорите. Тој ги обвини моќните нафтени интереси дека ја искривуваат науката и го попречуваат преземањето мерки против климатските промени. Австралискиот премиер Ентони Албанезе неуспехот го оправда со тешките геополитички околности.Земјите производители на нафта се спротивставија на споменувањето на фосилните горива во договорот, со што преговорите завршија без конкретен напредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија дава јасна поддршка против насилство врз жените. Вакви теми не треба да се злоупотребуваат за политички поени од никој.

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави

Прво, сите овие случаи на насилство врз жените мора да бидат проследени со институционален одговор, и тоа не само од МВР.

Второ, дотолку е поважно функционирањето на превентивни механизми. Како општество целта треба да биде една и јасна, да не стигнуваат работите до тој степен. Значи не треба да ни се случуваат случаи како убиството на 31-годишната Ајнет во Битола, убиството на 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци, случајот со Ивана и нејзината ќерка и слично.

Трето, за сите случаи треба да следи соодветен одговор од правосудството, односно и од обвинителските и од судските инстанци.

Во борбата против ваквиот тип на насилство врз жените не смее да има селективност, иако некои опозициски кругови се обидуваат да го користат за политички поени.

Појавата на овие случаи не е од вчера и пред сè треба да се стават во целосна функција превентивните механизми, бидејќи целта е пред сè да го спречиме насилството врз жените.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер