1Таравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени
3Собранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот Вајц
3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
ЗабаваАктерката ги почести фановите за својот 55-ти роденден Со новата фотографија ги израдува фановите кои со години ја следат.Актерката Кетрин Зета Џонс на 25-ти септември наполни 55 години. Таа глумеше многубројни улоги кои ја истакнуваа нејзината сексапилност, меѓу кои акциониот филм „Маската на Зоро“ и филмот „Стапица“ (Entrapment). Исто така, таа се истакна со улогите во филмовите „Traffic“ додека во филмот „Чикаго“ глумеше пејачка убиец. Таа има играно и во неколку комедии. По некое време пауза, таа се врати на сцената со помали улоги. За својот роденден таа одлучила да објави роденденска фотографија на својот Инстаграм профил со што ги израдува своите фанови. На фотографијата таа е целосно гола. View this post on Instagram A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones) - Во мојот роденденски костум! По повеќе од 25 години славење родендени со мојот сопруг, немам идеи за подароци! Ова е подарок опција 2, топчињата за голф се прва опција... секако“ – напишала актерката во духовитиот опис. Под нејзината фотографија многу корисници на социјалната мрежа Инстаграм ѝ посакале најубави желби. - Среќен роденден, убавице! - Силна, убава и интелигентна жена. Те сакаме! – Среќен роденден, инспиративна дамо! - напишале под нејзината фотографија. Потсетуваме, Кетрин Зета Џонс е во брак со Мајкл Даглас. Љубовта ја започнаа во далечната 1999 година. Тие се венчаа само по една година, а интересно е што овој пар одлучил да потпише предбрачен договор за да си обезбеди стабилност во случај на развод. Актерскиот ветеран Мајкл Даглас зад себе веќе има еден развод кој го чинеше околу 45 милиони долари. Поучен од тоа искуство, решил да постави јасни финансиски граници со Кетрин, особено што убавицата е дури 25 години помлада од него. Според британскиот весник „Гардијан“, преговорите за предбрачниот договор не биле без предизвици. Кетрин барала импресивни услови: повеќе од три милиони евра за секоја година брак, како и сопствена куќа. Во еден момент, Даглас наводно размислувал да се повлече од договорот, но парот на крајот постигнал компромис кој на актерката ѝ гарантирал значителна финансиска заштита. Во случај на развод, Мајкл Даглас ќе мора да ѝ плати на Кетрин 2,8 милиони долари за секоја година од бракот. Меѓутоа, доколку ја изневери, таа ќе има право на дополнителни 5 милиони долари. Имајќи предвид дека нето вредноста на Даглас се проценува на околу 350 милиони долари, овие бројки претставуваат значителна сума, дури и за еден холивудски великан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТаравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измениГо поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија.Го поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија, но до сега губевме драгоцено оцени претседателот на Алијанса, Арбен Таравари во вечерашното гостување во Само Интервју. Според него, дали ќе има превремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПремиерот Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОНПремиерот Христијан Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк... Според објавената агенда, тој ќе зборува деветти по ред за време на утринската сесија која почнува во 15 часот по македонско време.. Паралелно македонската делегација предводена од него, ја продолжува посетата со низа билатерални средби со европски и регионални претставници.. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади врз Њујорк на 11 септември 2001 година.. Одбележувањето го предводеше генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а присуствуваа претставници на земјите сојузнички на САД, кои по нападите се повикаа и на членот на заедничка одбрана на НАТО членките, во знак на солидарност со САД.. „Америка останува најголемата светска сила. Но, Америка не мора да го носи товарот самата. Сојузниците на Америка се со неа. Никој не смее да се сомнева во нашата решителност.“, изјави Руте во обраќањето на Меморијалниот музеј на местото каде што некогаш стоеа кулите близначки на Светскиот трговски центар.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаСобранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот ВајцВо Собранието денеска започна дводневниот 25. состанок на мешовитиот парламентарен Комитет ЕУ – Македонија.. Освен македонски пратеници, во рамки на сесијата се обрати и евроамбасадорот Михалис Рокас, во име на Европската Комисија, ирскиот амбасадор во земјава, Брендан Вард, во име на ирското претседателство со Советот на ЕУ.. Говор одржа и известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Томас Вајц, кој рече дека владеењето на правото и борбата против корупцијата останува клучно за напредокот на која било земја, а повика Македонија да се посвети на реформската агенда.. И во Австрија има големи случаи на корупција, но разликата е во тоа што многу богати луѓе лежат затвор, рече Вајц.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00