Актерка го подарува својот оргазам на науката, сака да се истражи прашањето што ги мачи мажите!

Светскиот супермодел, актерка и пејачка, Кара Делевињ (30), која неодамна беше во фокусот на јавноста поради својот мамурен и запуштен изглед како резултат на зависноста од  опијати, не престанува да изненадува. 

Овој пат, младата американска ѕвезда ја шокираше јавноста со информацијата дека ќе го „донира“ својот оргазам за потребите на истражувањето што се прави во рамките на својата емисија најавена за следната недела. Имено, 30-годишната манекенка заради студијата била подложена на тестирање, а на научниците им бил даден примерок од нејзината крв откако имала оргазам, со цел да го испитаат и извлечат заклучоци за тој процес.

За време на тестирањето на Кара ѝ било измерено нивото на ендоканабиноиди во телото. Тоа е хемикалија која предизвикува еуфорија и дава задоволство за време на интимноста.

Светскиот супермодел ја наведе статистиката дека дури 95 отсто од стрејт мажите доживуваат оргазам за време на сексот, додека кај стрејт жените тоа се случува во 65 отсто од случаите.

Делевињ, инаку, смета дека мажите навистина не знаат како да ги задоволат жените. Таа смета дека доколку жените им даваат инструкции на мажите со цел да постигнат оргазам, тоа би било погубно за машкото его, а повеќето мажи не можат да го поднесат тоа.

Во својата серија, познатата манекенка покрај тоа што го истражува јазот во оргазмот меѓу половите, таа се надева дека ќе покрие и други теми поврзани со сексот. Манекенката запознала стручњак за секс во Холандија, но присуствувала и на филмски сет во Јапонија каде била снимана „етичка“ порнографија, вклучувајќи ги и женските репродуктивни органи.

Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва

Почина уште едно повредено лице кое беше во критична состојба по нападот пред една недела во Москва, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Така, бројот на загинатите во терористичкиот напад што се случи на 22 март во концертната сала „Крокус сити хол“ се зголеми на 141, а уште неколку повредени се во тешка здравствена состојба.

Министерот рече дека починатиот пациент имал сериозни прострелни рани, јавија руските медиуми.

Појавата на сплескана глава кај бебето може да се спречи со неколку прости чекори

Синдромот на сплескана глава или плагиокефалија се однесува на деформациите на главата на бебето што настануваат пред или по раѓањето поради надворешни влијанија врз неговата мека черепна структура. 

Тоа може да се спречи со неколку едноставни чекори.

Како прво, новороденчето не треба да спие на една страна цела ноќ. На секои два - три часа родителот треба да му ја менува положбата на бебето кое спие. Така притисокот не е само на една страна на главата.

И кога мајката го дои малечкото, или го храни со шише, исто така треба да се менува раката и страната на држење. Така се поттикнува бебето само да ја врти главата.

Бебињата треба да спијат на грб. Но, стручњаците препорачуваат - додека новороденчето е будно, да биде барем кусо време легнато на стомак.

Важно е, пред сѐ, да се напомене дека многу бебиња го надминуваат овој проблем кога ќе почнат да лазат или да седат. Истражување спроведено во Америка покажа дека речиси половина од бебињата на возраст меѓу седум и 12 недели имаат плагиокефалија, а 78 отсто од нив имаат благ облик од оваа деформација.

Ако сè уште сте загрижени, порталот „Кликс“ препорачува консултации се педијатар. Бебињата на кои им е дијагностицирана посериозен облик на плагиокефалија добиваат посебна капа за тоа. /МИА

Хашкиот суд му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа за да се спречи гладот во палестинската енклава.

Во едногласната одлука на највисокиот суд на Обединетите нации, беше речено дека Израел мора да дејствува без одлагање и да дозволи „обезбедување на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош. Најпотребната помош вклучува храна, вода, електрична енергија, гориво, засолниште и облека, како и средства за хигиена и медицински материјали, пренесува Би-Би-Си. Израел обвинувањата дека земјата ја блокира помошта ги нарече „целосно неосновани“ и соопшти дека продолжува да промовира нови иницијативи за да овозможи континуиран проток на помош во газа по копно, воздух и море.

притисни ентер