Актерите од Драмско студио Тетово учествуваат во претстава со колеги од Јабука, Општина Панчево - Канал 5

Актерите од Драмско студио Тетово учествуваат во претстава со колеги од Јабука, Општина Панчево

Актерите од Драмското студио Тетово ќе патуваат во Србија каде заедно со аматерската театарска секција на Домот на култура „Кочо Рацин“ од Јабука, Општина Панчево, ќе одиграат двојазична претстава - детска пиеса „Мојот дедо рокер“.

Актерите од Драмско студио Тетово учествуваат во претстава со колеги од Јабука, Општина Панчево

Оваа претстава премиерно ќе биде изведена во рамките на одбележувањето на Илинден во Јабука, на 2 август, а потоа и на 20-тиот Меѓународен детски театарски фестивал којшто ќе се одржи првиот викенд во ноември во Јабука.

Актерите од Јабука ќе глумат на српски, а актерите од Тетово на македонски јазик. Деновиве паралелно се одвиваат читачките проби во Јабука и во Тетово, а од 27 јули до 1 август комплетната актерска екипа ќе се состане на заеднички сценски проби на сцената на Домот на културата во Јабука.

Мирко Видоески од Драмско студио Тетово, автор на пиесата, изјави дека ова е втора копродукциска претстава на Драмското студио Тетово и „Позориштанце Мали принц" при Домот на културата „Кочо Рацин“ по претходната детска пиеса „Двете мали самовили“ („Две мале виле“) во негова режија.

Со таа претстава, како што рече, во пролетта 2012 година победиле на Општинските драмски смотри во Панчево, а есента истата година била изведена и на Меѓународниот детски театарски фестивал во Јабука.

-Очекуваме и се надеваме дека Министерството за култура на Република Македонија ќе се вклучи во овој меѓународен проект со финансиска поддршка на Драмското студио Тетово со покривање на дел од трошоците, изјави Видоески.

Во претставата „Мојот дедо рокер“ од Драмското студио Тетово ќе настапат актерите Игор Бачоски, Глигорије Стојановски и Лазар Саровски. Автор и режисер на претставата е Мирко Видоески. Претставата е финансиски поддржана од Градот Панчево и Министерството за култура на Република Србија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Линекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“

Поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер смета дека Манчестер Сити треба да признае дека ги прекршил финансиските прописи и да ја прифати паричната казна, со цел да се зачува угледот на клубот и на Премиер лигата.

Линекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“

Богатиот англиски фудбалски великан, Манчестер Сити се соочува со обвиненија за 115 наводни прекршувања на финансиските правила во периодот меѓу 2009 и 2018 година.

Клубот ги оспорува обвиненијата и настојува да докаже дека не ги прекршил правилата. Линекер, кој сега работи како спортски коментатор, смета дека признавањето на грешката и прифаќањето на евентуалните санкции би било најдоброто решение за завршување на случајот.

„Оваа ситуација секако изгледа лошо за ’Сити‘ и лошо за фудбалот. Би сакал ’Манчестер‘ да излезе во јавноста и да каже: ’Да, згрешивме. За доброто на играта и на Премиер-лигата, ќе ја прифатиме каква било казна што ќе ни биде изречена и ќе продолжиме понатаму‘“, изјави Линекер.

Според него, таков потег би можел да помогне во зачувувањето на угледот на англиското првенство, но тој смета дека е малку веројатно оти клубот ќе се одлучи на таков чекор.

„Мислам дека тоа би било добра работа и донекаде би ја зачувало нивната репутација, како и угледот на лигата. Сепак, такво нешто изгледа малку веројатно. Разочарувачки е; ми е жал за играчите и за нивните навивачи“, додаде поранешниот англиски напаѓач. Линекер зборуваше и за можноста на Манчестер Сити да му бидат одземени титулите освоени во периодот опфатен со обвинувањата.

„Не би се изненадил доколку дојде до таква казна. Но, повторувам, на крајот на краиштата, кој најмногу страда поради тие санкции? Играчите и навивачите“, заклучи Линекер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Амал Клуни блесна во златен фустан

Сопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни убавата Амал привлече внимание во златен фустан.

Фото: Амал Клуни блесна во златен фустан

Амал Клуни блесна синоќа на еден настан во Лондон. Може да се каже дека вниманието овој пат беше насочено кон нејзината неверојатна креација.

Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Албис“ (Albies Awards), а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Вниманието на јавноста го привлече еден пар кој повеќепати се нашол во центарот на вниманието поради своите модни комбинации.

Џорџ и Амал Клуни беа добредојдени гости на овој настан, а познатата адвокатка не се двоумеше да блесне во гламурозно издание на црвениот тепих.

Таа избра златен фустан од модната куќа „Гучи“, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Станува збор за креација со спуштени раменици што ги спојува модерниот гламур и класичната елеганција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Дилета Леота е повторно во топ форма

Уште едно заводливо издание на најубавата спосртска новинарка во Италија.

Фото: Дилета Леота е повторно во топ форма

Дилета Леота привлече многу погледи од целиот свет. Овој пат, таа едноставно ја откопча кошулата.

Леота уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните спортски новинарки на светот.

Русокосата убавица често избира комбинации што ја истакнуваат нејзината витка фигура, а особено бујните гради.

На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, таа сподели компилација од фотографии од Рим.

Покрај прекрасните кадри од градот, вниманието го привлече и со својот сведен, а сепак шик изглед. За обична прошетка, таа облече бела кошула со длабоко деколте, која ја искомбинира со златни модни додатоци.

Ја пушти косата слободно да паѓа, а шминката беше во дискретни, земјени тонови што ја истакнуваа нејзината убавина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер