Актер обвинет за канибализам и силување (фото) - Канал 5

Актер обвинет за канибализам и силување (фото)

Шокантни сведоштва на девојки чијшто животoт им го уништил.

Актер обвинет за канибализам и силување (фото)

Актерот Арми Хармер трпеливо го градеше својот пат до ѕвездите. На филмската јавност ѝ се допаѓаше неговата убавина и шарм. Изгледаше речиси како прототип на принц од бајките. Жените го обожаваа, додека тој се претставуваше како идеален сопруг и колега.

Меѓутоа, тој не успеа уште долго време да ја контролира својата мрачна страна. Се чини дека славата и притисокот што доаѓа со неа беа само поттик да ги ослободи кочниците што ги имал дотогаш.

Актерот без задршка почнал да ја покажува својата девијантна страна. Пронаоѓал девојки на социјалните мрежи, им се додворувал и им испраќал пораки за своите фантазии. Некои од нив непромислено паднале во замката на овој шармантен заводник и тоа скапо ги чинело.

Сè започна во 2017 година кога неговата поранешна девојка го обвини за силување. Таа на прес-конференција со медиумите јавно проговори за гнасните работи што ги доживеала од него кога имала само 20 години. По овој скандал, сопругата Елизабет Чемберс го напушти. Меѓутоа, ова признание на несреќната девојка поттикна лавина обвиненија и ги разоткри бројните бизарни злосторства на актерот врз голем број девојки .

Во документарниот филм „Домот на Хамер“ („House of Hammer“) се прикажани вознемирувачки сведоштва на девојки врз кои актерот се изживувал. Документарецот содржи интервјуа со Кортни Вучековиќ и Џулија Морисон, две негови поранешни девојки кои наводно ги злоставувал. Во трејлерот, жените споделуваат текстови, слики и говорни пораки за кои тврдат дека им ги испраќал.

Против Арми долго време се води кривична истрага поради наводното силување, што изгледа никаде не води. Тој негираше дека силувал некого, но призна дека емотивно ги навредувал жените со кои бил, повикувајќи се на објавените пораки во кои се опишани неговите ужасни фантазии што се базираат на канибалистички фетиши.

Хамер изјавил дека неговите постапки биле извршени во контекст на она што тој го опишува како „виор од патувања и секс, дрога и високи емоции“.

Начинот на кој се однесувал кон жените, актерот го опишал како: „Штом ќе завршев, само ќе ги оставев и ќе преминев на следната жена, оставајќи ја претходната да се чувствува напуштена или искористена“. Тој исто така изјавил дека бил сексуално злоупотребуван од свештеник на 13-годишна возраст, што довело до негов интерес за БДСМ.

Актерот изјави дека по обвиненијата против него објавени во јавноста, почнал да доживува самоубиствени мисли, па опиша и обид за самоубиство што се случил на Кајманските Острови. Актерот размислувајќи за своето однесување, изјавил дека сака да ги признае своите постапки и да преземе одговорност поради фактот што ги користел луѓето за да се чувствува подобро, пренесува Дејли Меил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По последните случаи со насилство врз жени се бара итно усвојување на новиот закон за борба против семејно насилство

Законско решение за борба против насилствата врз жени и семејното насилство постои, но потребна е негова итна имплементација.

По последните случаи со насилство врз жени се бара итно усвојување на новиот закон за борба против семејно насилство

Ова го бараат од Националната мрежа против насилство врз жени, особено по последниот случај во Охрид со 26-годишната Сара Ѓорѓиеска и неодамнешниот фемицид во Богданци, во кој од својот партнер беше убиена 17-годишната Билјана Ќириќ. Според Елена Димушевска од националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, институциите и досега можеле навреме и координирано да реагираат во повеќе случаи кои за жал завршија трагично, но нагласува дека предложените измени на овој закон, сепак ќе им дадат поголеми овластувања на полицијата и другите надлежни институции. За Димушевска клучно е и државата да оддвои доволно финансиски средства за превенција и заштита на жртвите.

– Предлог измените во законот ќе дадат поголеми овластувања на полицијата, ќе обезбедат подобра заштита за жените жртви – се предвидува можноста за она што сега е доста актуелно, а тоа се електронските алки односно електронско следење на движењето на насилникот во случаи кога има привремена мерка за заштита...Но повторно ќе напоменам, ова е само унапредување на нешто што е постоечко. Случаите на насилство и насилството во нашата држава се случува заради неитна реакција на оние коишто треба да реагираат. Дали понатаму заштитата за жртвите ќе биде унапредена зависи и од друг еден значаен фактор – а тоа е одвојување финансиски средства,-изјави Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Измените на законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство се доставени до Собранието уште од 26 август, но до денеска не се усвоени и поркај притисокот од јавноста. Во новите измени се предвидени и електронски алки за следење на насилниците, но и поголеми овластувања на полицијата.

-Полициските службеници и стручните работници во центрите за социјална работа ќе треба да направат проценка на ризик најдоцна во рок од 12 часа. Полицијата ќе може на самото место да издаде усна наредба за итни мерки: отстранување на сторителот од домот, забрана за приближување и забрана за контактирање со жртвата.– Предлог за изменување на законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

-Токму за поголема координираност меѓу институциите во случаите со семејно насилство, се обврзаа министрите за внатрешни работи и социјална политика на состанок со обвинителот Савески, но според Димушеска, поголемото прашање е – дали лицата кои ќе интервенираат на терен се навистина професионалци и подготвени да им помогнат на жртвата. Таа нагласува дека институциите треба да реагираат и кога има родово-базирано, а не само семејно насилство.

– Прашањето е кој ќе ги импелемтира, кои се професионалците што ќе бидат дел од овие тела – дали тие ќе бидат во доволен број или дали тие ќе бидат доволно обучени за да направат проценка на ризик, затоа што знаете од проценката на ризик зависат сите следни чекори. Ако не се направи соодветна процена на ризик , тогаш и чекорите кои ќе се направат понатаму може да не обезбедат соодветна заштита за жртвата. Ова не смее да остане само за случаи на семејно насилство, како што го прочитав заклучокот од нивниот состанок, ние не смееме да останеме само на семејно насилство, ние мораме да дискутираме за родово базирано насилство, затоа што случајот во Охрид, во Битола, во Богданци се случаи на родово базирано насислтво, не на семејно, тие не живееле заедно,--изјави Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Барањата за поголема заштита на жените кои се жртви на насилство беа истакнат и на мирен протест вчера во Охрид. Граѓаните преку марш од плоштадот до полициската станица во Охрид го искажаа своето незадоволство од непостапувањето на институциите и побараа во иднина да се стави крај на ваквите случаи. Граѓанската организација ниту една повеќе пак и платформата за родова еднаквост со блокада пред Влада во петокот побараа институциите навремено и брзо да реагираат при семејно насислтво и насислтво врз жени, а нов протест во главниот град е закажан за 25 ноември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заладување во Македонија: Следната недела студени утра и снег на повисоките места

Од утре драстично заладување и најава за снежни врнежи на повисоките места и планините.

Заладување во Македонија: Следната недела студени утра и снег на повисоките места

Од УХМР посочуваат дека од вторник утринските температури ќе се спуштат под нулата насекаде низ државата, а од вечерва се најавуваат и врнежи со засилен ветер во западниот дел од Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еди Рама ја дообјасни изјавата дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот устав

Албанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска.

Еди Рама ја дообјасни изјавата дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот устав

Албанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска- албанскиот премиер Еди Рама ја дообјасни неговата последна изјава за бугарската национална телевизија кадешто кажа дека треба да има уставни измени, а за која рече дека парцијално се пренесувала.

Вели дека ги споменал и претходните отстапки со промена на името и дека за него е нормално Македонија да има сомнеж за следни блокади, потенцирајќи дека тој секогаш гласно се залагал за македонските евроинтеграции.

Македонскиот премиер Мицкоски пак рече дека како Влада се свесни за реалната состојба со преговорите, но дека за успешен процес е потребно да има доверба. Оптимист е дека набрзо и Македонија и Албанија ќе седнат на иста маса во Брисел со земјите членки на унијата.

На Ќафасан Рама беше прашан и зошто постојано ги потенцирал пријателските односи со политичарите од Македонија како Мицкоски и Ахмети, а никогаш не реагирал за прашања кои ги засегаат Албанците, како судскиот случај Монструм.

Рама одговори дека не треба да се поминат границите со мешање во внатрешните прашања бидејќи Македонија е независна и суверена држава, а тој лично уверува дека никогаш нема да прави политичка кампања преку Албанците во Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер