Земјотрес е почувствуван во Струга и околината, со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала
2Земјотрес е почувствуван во Струга и околината, со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала
Шоу бизАктер е уапсен поради сексуален напад за време на фестивалот во Венеција (ФОТО)Шпанскиот актер Габриел Гевара (22), ѕвезда на шпанската тинејџерска филмска франшиза Culpa mia, бил уапсен за време на филмскиот фестивал во Венеција под обвинение за наводен сексуален напад.„По написите во вестите кои се појавија на различни сајтови во врска со апсењето на шпанскиот актер Габриел Гевара во Венеција, Биеналето појаснува дека неговото присуство во Венеција не било поврзано со какви било настани или продукции поврзани со 80. Меѓународен филмски фестивал во Венеција“,објавија организаторите на фестивалот, пренесува La Nuova Venezia. View this post on Instagram A post shared by 𝐆𝐀𝐁𝐑𝐈𝐄𝐋 𝐆𝐔𝐄𝐕𝐀𝐑𝐀 (@gabrieloxguevaraa) Гевара, кој има милиони следбеници на социјалните мрежи, го имал своето актерско деби во шпанската адаптација на нордиската тинејџерска серија Skam, пред да стане славен со Culpa mia на Амазон. Вчера тој пристигна во Венеција каде требаше да ја прими наградата Filming Italy. Се уште не се познати точните обвиненија против него. View this post on Instagram A post shared by 𝐆𝐀𝐁𝐑𝐈𝐄𝐋 𝐆𝐔𝐄𝐕𝐀𝐑𝐀 (@gabrieloxguevaraa) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Култура„Звук што расте“ - Камерниот оркестар на МММ одбележа 40 години постоењеСо дела од македонски те композитори Властимир Николовски, Бете Илин, Дамјан Темков и Драган Шуплевски, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски –Ѓумар одбележа 40 години од постоењето.Концертот под мотото „Звук што расте“ се одржа вчеравечер на „Охридско лето“ донесувајќи младешки елан и истовремено високи креативни вредности на младите уметници на кои допрва им претстои блескава кариера. Диригент на вечерта беше маестро Иван Еминовиќ, а солисти Памела Велкова на виолина и Христијана Матевска на хармоника. Според маестро Еминовиќ, голема е честа на да се соработува со Музичката младина на Македонија, особено на ваков јубилеј. -Чест е да се работи со овие млади музичари кои се врвни во својата дејност. Јубилејот ќе биде одбележан со три концертни вечери, во Охрид и во наредните две вечери, во Битола и Скопје. Ќе дадеме одлични концерти за да го одбелележиме достојно овој јубилеј, рече диригентот Еминовиќ кому ова му е четврта соработка со оркестарот на МММ. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во 1986 година во Охрид, и оттогаш повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав. Диригенти и уметнички раководители биле Ф. Муратовски, Г.Коруновски. С.Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б.Цанев, Б.Чадловска, А.Ремерајт, О.Кондратенко, М.Кац, Џ.Мартиненги, Е.Митревска и И.Еминовиќ. Веќе 40 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на „Охридско лето“, а во последните години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“. Од 2018 година, оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЖивотРусија издаде меѓународна потерница за апсење на основачот на „Телеграм“Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) поднесе обвиненија против основачот на „Телеграм“, Павел Дуров, и издаде меѓународна потерница за негово апсење. Тој е обвинет за олеснување на терористички активности; оваа вест во средата ја пренесе агенцијата „Интерфакс“, пишува „Ројтерс“. Според извештаите на руските државни медиуми од март, ФСБ тврди дека од почетокот на војната во Украина, преку „Телеграм“ биле извршени повеќе од 153.000 кривични дела. Меѓу нив, како што наведуваат, има околу 33.000 случаи поврзани со саботажа, тероризам и екстремизам – како што се организирање експлозии, подметнување пожари во воени објекти и убиства. Дневниот весник во државна сопственост „Росијскаја газета“, повикувајќи се на материјали од ФСБ, тврди дека благодарение на работата на безбедносните служби биле спречени 475 терористички напади, наводно планирани преку „Телеграм“. Според истите наводи, оваа бројка вклучува 61 планиран напад врз училишта. Руските власти исто така тврдат дека терористичкиот напад врз концертната сала „Крокус сити хол“ во март 2024 година бил координиран преку „Телеграм“. Понатаму, тие наведуваат дека апликацијата се користела за собирање податоци за руски воени претставници, блогери и нивните семејства, вклучувајќи информации за нивното движење и секојдневни навики. Според Москва, регулаторното тело „Роскомнадзор“ во последниве години испратило повеќе од 150.000 барања до „Телеграм“ за отстранување незаконска содржина, но компанијата наводно ги игнорирала. Руските власти инаку, уште во февруари го прогласија „Телеграм“ за закана по националната безбедност. Павел Дуров тогаш го обвини Кремљ за ограничување на пристапот до апликацијата со цел да ги принуди граѓаните да ја користат државната апликација за пораки „МАКС“ (MAX), која Москва ја претставува како безбедна домашна алтернатива на „Телеграм“ и „Ватсап“. Истовремено, во неколку руски градови беа забележани прекини и забавување на работата на „Телеграм“. Според „Киев пост“ (Kyiv Post), руските власти постепено ги насочуваат корисниците кон апликацијата „МАКС“, додека некои руски воени блогери предупредуваат дека станува збор за технички полошо и помалку безбедно решение, кое не поседува енд-ту-енд (end-to-end) енкрипција.Тагови: русија Телеграм Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗемјотрес е почувствуван во Струга и околината, со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скалаУтрово во 07 часот и 52 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Албанија.Утрово во 07 часот и 52 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Албанија, на околу 144 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, 4.0. соопшти Сеизмолошката опсерваторија при природно-математичкиот факултет во скопје,земјотресот е почувствуван од жителите на градот струга и околината, со интензитет од три степени според европската макросеизмичка скала.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook