Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд
1Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд
3Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
Шоу бизАксл Роуз обвинет за силување што наводно се случило во 1989 годинаПејачот на „Ганс ен' роузис“, Аксл Роуз е обвинет дека брутално силувал модел и „ја влечел по подот како пештерски човек“ во хотелска соба во Њујорк, САД, пред повеќе од 30 години. Тужбата е поднесена вчера. Со застрашувачки подробноти, обвинението на Шејла Кенеди во Врховниот суд на Менхетен ја опишува насилната и крвава случка во луксузниот хотелски апартман во „Сентрал парк вест“ во февруари 1989 година. Се запознале претходно истата ноќ во ноќен клуб. „Кенеди е сведок на тоа Роуз како насилно има секс со друга жена. Тој ја повлекол и Кенеди во неговата спална соба, како пештерски човек и со однос на неконтролиран бес. Роуз физички ја спречил да замине. Кенеди била заробена“, се наведува во тужбата. Роуз ги негираше обвинувањата преку неговиот адвокат Алан Гутман. - Г-дин Роуз не се сеќава дека некогаш се сретнал или разговарал со тужителката и никогаш не слушнал за овие измислени наводи до денеска, изјави правниот застапник. Тужбата наведува четири точки на обвинение - физички напад, телесни повреди, намерно нанесување емоционална вознемиреност и родово мотивирано насилство. - Случајот (Кенеди), за жал, е премногу типичен за „културата на насилство и сексуално недолично однесување“, којашто беше дозволена и опстојуваше со десетлетија. Тука не се работи само за поединечни музичари кои ја минуваат границата, туку цел систем во оваа индустрија што го овозможуваше, а потоа и прикриваше на нивното недолично однесување и злосторства, по што следеше замолчување на преживеаните и нормализирање на сексуалниот напад, истакна адвокатката на жртвата, Ен Оливариус. Делото на Кенеди нагласува дека таа доживува симптоми на посттрауматски стрес „секогаш кога ќе го слушне името на Роуз или музиката на 'Ганс ен' роузис',“ страда од анксиозност и депресија и има „неповратно влијание“ на проблемите со самодовербата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЌуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на судНајостро демантирам дека сум сопственик, содружник или лице со специјални овластувања во компанија која добила државен тендер од било која државна институција, ниту во време на Влада на СДСМ, ниту сега. Јас сум пензионер, кој како машински инжењер има уставно загарантирано право хонорарно да биде ангажиран од приватна компанија. Компанијата која за дневно политички цели ја споменува Венко Филипче е странски инвеститор кој отворил фабрика во Македонија во 2019 година кога Зоран Заев е премиер. За ова мое тврдење го ставам целиот свој личен кредибилитет и одговорност. Недостатокот на демократски капацитет да се слушнат политички критики не се покрива со дрски манипулации. Ако не му кажале на Филипче, јас сум основач на СДСМ и носител на партиската книшка број 17. Погрешно се пресметал дека може мене да ме претстави како нов вмроовец. Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд, се наведува во демантот на Никола Ќуркчиев, поранешен генерален секретар на СДСМ. Ќуркчиев реагира на наводите на Филипче во емисијата „Само интервју“ , во кое наведе дека тој годинава добил тендер од 1,6 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаПод пустината во Кина се пронајдени големи извори на вода Геолозите открија два големи извори на вода под кинеската пустина Синџијанг. Откритието би можело да му обезбеди на северозападниот регион вреден нов ресурс за проекти за контрола на песок и земјоделство, објавија кинеските медиуми. Пустинскиот регион привлече внимание поради обемните напори за пошумување и опустинување на неговите периферии како дел од иницијативата „Голем зелен ѕид“, како и промените во врнежите што го трансформираат сушниот западен дел од Кина, објави SCMP. Откритието на подземните води е направено за време на проект за пребарување вода во пустината Такламакан, спроведен од локалното геолошко истражување во автономниот регион Синџијанг Ујгур. Наодите го оспоруваат општоприфатеното мислење дека под површината на пустината лежи само застоена и солена вода.Тагови: пустина извори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!Соединетите Американски Држави наскоро ќе отворат воена база во Полска, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена база во Полска“, напиша тој. Недолго потоа, неговата објава беше споделена од Белата куќа на официјалниот профил на мрежата X. Оваа објава следи по претходните информации дека САД ќе го намалат бројот на своите војници стационирани во Германија. Дел од тие сили треба да го зајакнат источното крило на НАТО во соседна Полска.Тагови: Доналд Трамп Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook