Аксиос: Трамп им кажал на лидерите на Г7 дека Иран е „на работ на предавање“ - Канал 5

Аксиос: Трамп им кажал на лидерите на Г7 дека Иран е „на работ на предавање“

Американскиот претседател Доналд Трамп им рече на лидерите на Г7 на виртуелен состанок во средата дека Иран е „на работ на предавање“, објави денеска Аксиос, повикувајќи се на тројца претставници на Г7 запознаени со повикот.

Аксиос: Трамп им кажал на лидерите на Г7 дека Иран е „на работ на предавање“

Според извештајот, Трамп им кажал на сојузниците дека „се ослободил од рак кој им се заканувал на сите“, додека се фалел со резултатите од операцијата „Епски гнев“ на состанокот на Г7 во средата наутро.

„Трамп рече дека никој не знае кој е лидерот, па затоа нема никој да прогласи предавање“, објави Аксиос.

Американскиот претседател, исто така, рече дека верува оти новоназначениот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е сè уште жив „во некоја форма“, иако не се појавил во јавноста од почетокот на војната меѓу Иран и Ирак.

Коментарите на Трамп дојдоа откако Моџтаба Хамнеи сигнализираше дека Иран нема да се повлече во својата војна со САД и Израел.

Новоназначениот врховен лидер вчера издаде соопштение поради гласините за неговото здравје по неодамнешните напади. „Нема да се воздржиме од одмазда за крвта на нашите маченици“, рече Хамнеи во порака до иранската нација, според текст објавен од иранските државни медиуми.

Изјавата уследи по извештаите дека Хамнеи е повреден и медиумските шпекулации дека можеби е во кома по американско-израелските напади во кои беше убиен неговиот татко за време на нападот врз комплекс во Техеран на 28 февруари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Македонија губи првачиња – младите се иселуваат а Владата увезува „економски работници“

Оваа 2026 година е најлошата година за македонското образование од независноста до денеска. 

СДСМ: Македонија губи првачиња – младите се иселуваат а Владата увезува „економски работници“

Поразителни се бројките: 3.000 помалку првачиња, 148 празни училишта, 433 паралелки помалку, се затвораат 26 подрачни училишта.

Никогаш сликата на почетокот на учебната година не била потажна. Дебалк на криминалните политики на Мицкоски.

Македонија губи првачиња, училиштата се празнат, паралелките исчезнуваат, ја губиме иднината.

Поради лошата економска состојба, иселувањето, блолкирањето на европскиот пат, Македонија губи млади, губи работна сила.

Изолацијата којашто Владата на Мицкоски ја спроведува ги брка младите.

А што прваат Мицкоски и Јаневска? Им зборуваат за спалните соби, ги обвинуваат граѓаните и увезуваат „економски работници“.

Или како што вели Мицкоски во едно негово интервју, „Празниот простор дома ќе мора да се пополнува со работници од трети земји“

Значи тоа е политиката на Мицкоски, македонските работници да ги заменат економски работници од трети земји.

Тоа денеска на сите им е јасно.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лажно видео се шири на социјалните мрежи: Се злоупотребува ликот на спикерот на Канал 5

На социјалните мрежи се појави манипулирано видео генерирано со вештачка интелигенција во кое се злоупотребува ликот и гласот на познатиот спикер на Канал 5 Телевизија, Борислав Тноковски.

Лажно видео се шири на социјалните мрежи: Се злоупотребува ликот на спикерот на Канал 5

Во лажното видео, дигитално изменетата верзија на новинарот наведува дека претставува „револуционерен производ“ и методологија за брзо и лесно слабеење.

Во видеото е злоупотребен и идентитет на малолетно девојче.

Станува збор за класична интернет-измама чија цел е да ги доведе граѓаните во заблуда, искористувајќи го медиумскиот авторитет и препознатливоста на познатото ТВ-лице за финансиска корист и продажба на непроверени производи.

Апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни и да не наседнуваат на вакви дезинформации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По 14 години Дарко Митревски повторно дома – со провокативен мастерклас на „Браќа Манаки“

Македонскиот сценарист и режисер со „привремена“ американска адреса, оваа есен, барем накратко, се враќа дома во Македонија.

По 14 години Дарко Митревски повторно дома – со провокативен мастерклас на „Браќа Манаки“

На претстојниот интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки„ кој ќе се одржи од 19-ти до 25-ти септември во Битола, Дарко Митревски ќе гостува како предавач со провокативно насловен мастерклас: „Како да НЕ снимите здодевен филм?“.

На нашиот најголем филмски фестивал, Митревски ќе сподели дел од неговите досегашни професионални искуства и неколку сценаристички „рецепти“ за помладите колеги. Мастеркласот „Како да НЕ снимите здодевен филм?„ е замислен како презентација на низа раскажувачки техники со кои писателите го пленат вниманието на публиката уште од времињата на античката драма, па се до епохата на современиот Холивуд.

Или кажано со неговиот пргав вокабулар: „Во пишувањето филмски приказни не постои нешто што се вика недостиг на инспирација. Постои само незнаење и мрза, кои лесно можат да се победат доколку се поседува алатот и се знае занаетот.“, вели Митревски.

На пошироката јавност Митревски и е познат како автор на двата најгледани македонски филма во историјата на македонската кинематографија: легендарната црна комедија „Балканкан„ со продадени 150.000 кино влезници и 20.000 ДВД копии, како и фудбалскиот еп „Трето полувреме„ кој во кино салите низ Македонија го видоа над 90.000 гледачи. Исто така е автор и на популарните ТВ серии „Уа, шнајдери!„ и „Досие Скопје„, како и креатор на низа музички видеа од златното време на македонската поп и рок музика.

Неговите филмови настапуваа на стотина филмски фестивали: Московскиот филмски фестивал, лондонскиот Raindance, калифорнискиот Cinequest, шпанскиот Sitges,

меѓународните фестивали во Стокхолм, Вашингтон, Рим, Минхен, Њујорк, Хелсинки, Мајами, Токио, Каиро, Палм Спрингс, Тромсо, Котбус, Киев, Атланта, Букурешт, Порторико, Загреб, Белград, Мотовун, Софија... Добитник е на низа награди во Америка, Европа и регионот.

Во САД, Митревски потпиша договор за отстапување на правата за две свои сценарија, кои очекуваат реализација, а неодама во продукција на „Vinegar Syndrome“ излезе и луксузно блуреј ре-издание на неговиот првенец, „Збогум на дваесетиот век“, на кој Митревски е коавтор на сценариото и режијата, заедно со Александар Поповски.

По 14 години отсуство Дарко пак се враќа дома. Се надеваме дека Македонија пак ќе му се израдува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер