Аксиос: Трамп и Зеленски ќе се сретнат на самитот на Г7 - Канал 5

Аксиос: Трамп и Зеленски ќе се сретнат на самитот на Г7

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на Г7, објави Аксиос, повикувајќи се на официјален претставник на Белата куќа.

Аксиос: Трамп и Зеленски ќе се сретнат на самитот на Г7

Исто така, се објавува дека се очекува Трамп да се сретне со канадскиот премиер Марк Карни и мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум.

Трамп синоќа пристигна во Канада на својот прв самит на Г7 откако се врати во Белата куќа, откако ги налути своите партнери со нови царини и им се закани на домаќините со навестувања за анексија. Дводневниот самит, кој започнува денеска, се одржува во одморалиштето Кананаскис, западно од Калгари, најголемиот град во Алберта.

Последната лична средба меѓу Зеленски и Трамп се одржа за време на погребот на папата Франциск во април. Тоа беше нивна прва директна средба по бурниот состанок во Овалната соба во февруари истата година, кога жестоко се судрија околу американската помош за Украина и пристапот кон војната со Русија. Средбата во базиликата „Свети Петар“ траеше околу 15 минути и се одржа насамо.

Двајцата лидери го опишаа разговорот како конструктивен и продуктивен, при што Зеленски го нарече „најдобриот досега“ од нивните состаноци, истакнувајќи дека, иако краток, бил многу суштински и дека разговарале за целосен и безусловно прекин на огнот и траен мир.

Зеленски нагласи дека Трамп покажал силен став во врска со санкциите на САД кон Русија и дека разговарале за зајакнување на украинската воздушна одбрана.

За време на состанокот, Трамп повика на мировни преговори меѓу Русија и Украина, а Зеленски инсистираше дека безусловното прекинување на огнот е неопходен прв чекор кон каков било договор. Средбата беше особено симболична поради нејзината локација и време - додека светот тагуваше за папата Франциск, војната во Украина сè уште беснееше, а двете страни бараа начини за завршување на конфликтот.

По состанокот, Трамп јавно изрази сомнежи за искреноста на Владимир Путин во врска со мирот и се закани со нови санкции кон Русија доколку војната продолжи. Во исто време, Зеленски изрази надеж дека оваа средба би можела да биде историски важна ако донесе конкретни резултати за мирот и безбедноста на Украина.

На самитот на Г7, главното прашање ќе биде дали групата големи индустриски земји може да најде заедничка основа и покрај значителните разлики меѓу Вашингтон и неговите други членови. Домаќин на настанот е новиот канадски премиер Марк Карни.

Ова е прва посета на Трамп на Канада во неговиот нов мандат. Во последните месеци, тој предизвика сериозни тензии со својот северен сосед со наметнување казнени тарифи и постојано барање Канада да се откаже од својата независност и да стане дел од Соединетите Американски Држави, што предизвика широко распространето негодување во Канада.

На функцијата од март, Карни ги доби изборите со цврст став против Трамп. Откако неговата Либерална партија ги доби парламентарните избори, тој ја објави својата намера решително да се спротивстави на „агресивните политики на американската влада“.

За време на неговата инаугуративна посета на Вашингтон на почетокот на мај, Карни го нагласи суверенитетот на неговата земја и јасно стави до знаење дека Канада не е на продажба. Трамп одговори велејќи: „никогаш не вели никогаш“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ја снимал сопругата во детската соба, па здогледал нешто страшно: Сега мора да ја запалам куќата (ВИДЕО)

Денес, благодарение на технологијата, доста е лесно да се снимат бројни моменти од секојдневниот живот.

Ја снимал сопругата во детската соба, па здогледал нешто страшно: Сега мора да ја запалам куќата (ВИДЕО)

Фотографиите и снимките често остануваат во меморијата на телефонот или завршуваат на социјалните мрежи, а едно такво видео се претвори во сцена за која многу луѓе мислеа дека личи на хорор филм.

„Сезона е на морничави работи“

Британка по име Брук неодамна сподели снимка што ја направил нејзиниот сопруг, а во тој момент немале поим дека нешто „страшно“ се крие во позадина.

Сопругата се пошегувала дека двајцата биле толку фокусирани на снимањето што не го забележале необичниот „гостин“, објавува Дејли Стар.

Со снимката напишала: „Извинете, сега ќе мора да ја запалам куќата. Сезона е на морничави работи“.

Тоа предизвика бројни реакции

На почетокот, Брук ја средува детската соба. Сепак, неколку моменти подоцна, камерата зумира „детал“ во позадина и го открива „главниот лик“ на снимката - голем пајак на ламбата.

Видеото предизвика бројни реакции, а еден корисник се пошегува: „Пајакот само сакаше да ја покаже својата подобра страна“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија го презема имотот на европски компании со порака: Нека се плашат

Русија ги таргетира европските компании во нов бран на преземање на управувањето со странски средства, а Кремљ го оправдува овој потег со обвинувања дека Европската Унија е директно вклучена во војната во Украина. 

Русија го презема имотот на европски компании со порака: Нека се плашат

Информациите за преземањата ги потврдуваат извори од владата и самите компании, објавува Ројтерс.

Русија овој месец ги стави средствата на швајцарскиот прехранбен гигант „Нестле“, германскиот трговец на големо „Метро АГ“ и францускиот малопродажен ланец „Ашан“ под привремена администрација. „Дојде време за асиметрични мерки. Нека размислат какви чекори ќе преземат и какви санкции ќе воведат“, изјави висок владин извор кој е директно запознаен со овие мерки.

На прашањето кои компании би можеле да бидат следно таргетирани и дали руските филијали на италијанската банка „УниКредит“ и австриската „Рајфајзен“ ќе завршат под привремена администрација, анонимниот извор одговори: „Нека се плашат“. Еден руски корпоративен извор, кој исто така сакаше да остане анонимен, ги обвини европските компании дека намерно го забавуваат развојот на нивните руски подружници и со тоа ѝ штетат на руската економија.

Висок менаџер на една од европските компании што сè уште работат во Русија изјави дека претприемачите очекуваат оваа ситуација да продолжи во догледна иднина. Кремљ изјави дека одлуките биле поттикнати од „зголемената вклученост на овие непријателски земји во директни непријателства на бојното поле“ против Русија, но наговести дека потезите се реверзибилни.

„Во моментов, не гледаме никаква основа за промена на одлуката. Не слушаме никакви разумни гласови кои повикуваат на дијалог или напори за корекција на ситуацијата“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Европската унија ја смета Русија за одговорна за продолжувањето на војната и тврди дека Москва не покажува вистинска волја за мировни преговори. Минатата недела, Унијата ги обнови санкциите за повеќе од 3.000 поединци и субјекти.

Војната што ја води Европа

Песков не даде докази или детали за тоа како европските земји се вклучени во воените операции. Руските претставници претходно ги наведоа испораките на оружје, вклучително и производството на беспилотни летала во ЕУ, како причини. Тие, исто така, го наведоа обезбедувањето информации за разузнавање и избор на цели.

„Ако признаете дека вашето оружје се користи против нас и ние го соборуваме, наречете го како сакате, но не се сомневам дека ова е војна што Европа ја води против нас“, изјави министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров. Русија, исто така, ја критикува ЕУ за замрзнување на околу 210 милијарди евра од нејзината државна актива, што беше реакција на војната. Покрај тоа, Москва се спротивставува на мерките насочени против активата на руските компании во Европа и на Западот.

Европската унија, која цврсто ја поддржува Украина од почетокот на војната, ја обвини Русија за напади на европско тло. Некои владини и разузнавачки претставници, исто така, ја споменаа можноста за идна руска инвазија, што Москва го негира.

Од почетокот на војната, Русија воведе привремена администрација во 135 компании поврзани со странски корпорации. Според податоците на руската новинска агенција ТАСС, огромното мнозинство од овие компании доаѓаат од земјите на ЕУ, а меѓу нив се францускиот Данон и данскиот Карлсберг.

Пред овие последни потези, руската адвокатска фирма НСП го рангираше бројот на погодени западни компании на 22. Во својот последен годишен извештај, Европската бизнис асоцијација соопшти дека има 330 компании-членки кои работат во Русија, што е намалување од 400 претходната година.

Ниедна голема американска компанија досега не била цел на слични мерки. Сепак, во некои помали компании е воведена привремена администрација, како што се оние во сопственост на американскиот фонд NCH Capital, кој поседува земјоделски средства во Русија.

Американската стопанска комора во Русија наведува дека околу 300 американски компании сè уште работат во Русија оваа година. Русија и Соединетите Американски Држави веќе разговараат за деловните можности откако ќе се воспостави мир во Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Брвеница: Денеска Македонија е подобро место за живеење од пред три години

Јас не велам дека е сè идеално. Јас не велам дека денеска ние сме најпрекрасното и економски најразвиеното место на светот, но велам дека е најубавата земја во светот. 

Мицкоски од Брвеница: Денеска Македонија е подобро место за живеење од пред три години

Да, си ја сакам, тоа е мојата татковина Македонија, исто како што вие си ја сакате таа истата наша заедничка Македонија.

Денеска Македонија е подобро место за живеење од пред три години, кога пред очи им играа фудбалчиња и баскет партии во канцеларии, наместо да работат и да испорачуваат проекти.

И да, има проблеми и сигурен сум дека и за три години од денеска ќе биде подобро место за живеење од денес, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски во Брвеница .

Пред Брвеница денес стои сериозна обврска. Започнатото да продолжи, а општината да остане сплотена и насочена кон работите што им се важни на жителите на оваа преубава општина. Треба да се избере човек што ја познава општината.

Токму од таа одговорност тргнавме кога ја донесовме одлуката Стојанчо Радически да ја преземе кандидатурата. Стојанчо или Цоки, како што многумина го знаат, е човек што е постојано присутен овде. Ги познава луѓето и секојдневието на Брвеница. Знае дека градоначалничката позиција не е позиција од која се гледа општината оддалеку, туку работа што секој ден те носи помеѓу луѓето.

Оваа кампања сакам да биде без навреди, без поделби, да биде чесна трка во која зборуваме за нашата општина и нејзината иднина, објави Мицкоски на ФБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер