ВМРО-ДПМНЕ: Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“
1ВМРО-ДПМНЕ: Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
СветАксиос: САД се загрижени поради нападите на Израел врз магацините со гориво во ИранИзраелските воздушни напади врз околу 30 ирански складишта за гориво предизвикаа први посериозни тензии меѓу Вашингтон и Тел Авив од почетокот на судирот, пишува Аксиос.Иако Израел однапред ги известил САД за планираната операција, американските власти биле изненадени од нејзиниот обем и сметаат дека акцијата отишла подалеку отколку што очекувале. Во Вашингтон постои загриженост дека нападите врз инфраструктурата што ја користат и обичните граѓани на Иран би можеле да имаат спротивен ефект од посакуваниот – наместо да го ослабат режимот, би можеле да го обединат иранското општество околу власта и дополнително да ги подигнат цените на нафтата на светскиот пазар. Нападите на израелското воено воздухопловство беа извршени во саботата и предизвикаа големи пожари во Техеран. Пламенот бил видлив со километри, додека густ чад прекрил делови од иранскиот главен град. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека биле погодени складишта за гориво кои иранскиот режим ги користи за снабдување на различни потрошувачи, вклучително и воени структури. Еден израелски воен функционер рече дека целта на нападот била и да му се испрати порака на Иран да престане со нападите врз израелската цивилна инфраструктура. Според наводите на американските и израелските функционери, ИДФ пред почетокот на операцијата ја известиле американската војска. Сепак, еден американски функционер рече дека Вашингтон не очекувал напади од толку голем обем. „Не мислиме дека тоа беше добра идеја“, рекол висок американски функционер за Аксиос. Иако мета не биле постројките за производство на нафта, американските власти стравуваат дека снимките од запалените складишта би можеле да ги вознемират пазарите и дополнително да ги зголемат цените на енергенсот. Еден од советниците на Доналд Трамп рекол дека претседателот не е задоволен од оваа акција. „На претседателот не му се допаѓа овој напад. Тој сака нафтата да се сочува, а не да гори. Таквите слики ги потсетуваат луѓето на раст на цените на горивото“, рекол советникот. Во меѓувреме, Иран се закани со можен одговор. Портпаролот на иранскиот воен штаб Катам ал Анбија предупреди дека Техеран би можел да возврати со слични напади ширум регионот доколку продолжи гаѓањето на иранската нафтена инфраструктура. Тој нагласи дека Иран досега не напаѓал регионални енергетски објекти, но предупреди дека доколку дојде до тоа, цената на нафтата би можела да скокне и до 200 долари за барел.Тагови: Израел Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваЌерката на Брус Вилис покажа трогателен момент со својот татко: „Толку слатко“Еден месец по свадбата на Џастин Ејси, Талула Вилис сподели ретка фотографија со својот славен татко, Брус Вилис. На фотографијата што ја сподели 32-годишната Талула, таа го бакнува својот 71-годишен татко во челото. На легендарниот холивудски актер му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција во 2023 година. Таа едноставно напиша „Толку слатко“ покрај објавата, а обожавателите оставија бројни пораки за поддршка во коментарите. Во март 2022 година, семејството првпат објави дека ѕвездата на филмот „Умри машки“ (Die Hard) се повлекува од актерството поради дијагноза на афазија – нарушување што влијае на способноста за комуникација. Во февруари 2023 година, тие потврдија дека состојбата напредувала и дека лекарите утврдиле попрецизна дијагноза: фронтотемпорална деменција. Станува збор за неизлечива болест на мозокот која може да влијае на говорот, однесувањето и личноста. Минатиот август беше објавено дека актерот се преселил во посебна куќа, веднаш до домот на неговата сопруга Ема Хеминг, за да добива деноноќна професионална нега. Свадба во семејниот дом Брус Вилис се појави и на фотографија од свадбата на неговата ќерка. На црно-белата фотографија, објавена од списанието „Вог“ (Vogue), тој е прикажан како ја прегрнува Талула. Таа и Џастин Ејси стапија во брак на отворено, во дворот на семејниот дом во Хејли, Ајдахо. „Тоа е местото каде што научив да бидам слободна и станав сонувачот што сум денес“, изјави Талула за „Вог“. „Џастин и јас поминавме толку многу време таму, што тој стана дел од имотот, кој за мене веќе има огромно емотивно значење“, рече таа.Тагови: Брус Вилис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“, изградена атмосферска канализација на ул. Маршал Тито.Една година по промените во Демир Капија, чекор по чекор општината се менува и развива, се инвестира во подобри услови и конкретни мерки за поддршка на граѓаните, реализирани и започнати се повеќе проекти во областа на инфраструктурата, комуналните услуги, образованието, спортот и социјалната поддршка. Со домаќинско работење дел од проектите општината успеа да ги реализира со сопствени буџетски средства, додека друг дел преку владини програми и преку други институции. Така со помош на Владата се изгради атмосферската канализација на улицата „Маршал Тито“ во Демир Капија во вредност од скоро четири милиони денари, а со заеднички финансирања и од општинскиот Буџет се реконструираше фудбалското игралиште и дел од водоводната мрежа во село Клисура. На повеќе улици се постави улично осветлување, додека во село Дрен се изгради улица бр. 10 финансирана од Министерството за транспорт во вредност од два и пол милиони денари, санирани се улици во повеќе населени места и исчистени се отворените канали за наводнување и одводнување. Покрај инфраструктурните проекти, реализирани се и мерки директно насочени кон граѓаните, меѓу кои поддршка за првачињата преку обезбедување ранци и училиштен прибор, униформи за учениците од прво до деветто одделение, стипендии за средношколци и студенти, еднократна финансиска помош за новороденчиња, финансиска поддршка за прв склучен брак, поддршка за еднородителски семејства и самохрани родители, финансиска поддршка за пензионери. Во тек е реализацијата на дополнителни проекти, меѓу кои доизградбата на кујната и ресторанот за исхрана во ООУ „Димче Ангелов Габерот“ во вредност од над осум милиони денари, уредувањето на отворено тениско игралиште, реконструкцијата на улицата „8 Март“, санацијата на дел од фекалната канализација во село Чифлик, рехабилитацијата на улици и крпењето ударни дупки, како и уредувањето на автобуски постојки во Демир Капија, Корешница и Бистренци. Исто така, во тек се активностите за уредување на детското игралиште на плоштадот во Демир Капија и адаптација на простор за инклузивна соба во основното училиште, наменета за деца со попреченост. Реализацијата на овие проекти е дел од заложбите за подобрување на локалната инфраструктура, создавање подобри услови за децата и младите, како и обезбедување конкретна поддршка за различни категории граѓани. Инвестициите во патната и комуналната инфраструктура, образованието, спортот и јавните услуги продолжуваат, со цел подобрување на условите за живот во Демир Капија и населените места во општината. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
МакедонијаФилипче: Мицкоски да не си игра со иднината на земјата бидејќи ќе му судат следните генерации Утринава пратеникот и претседател на СДСМ од Собранието Венко Филипче предупреди дека ако скршнеме од патот кон европската унија ќе следи период на години на сиромаштија, распродадена земја за туѓи интереси , и иселување. Тој предупреди дека 4 земји меѓу кои Црна Гора и Албанија добија патокази и во план е да влезат во унијата до 2030 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05