Мицкоски на работен состанок за реформската агенда: Остануваме посветени на спроведување на реформите
2Мицкоски на работен состанок за реформската агенда: Остануваме посветени на спроведување на реформите
3Серафимовски: Со грант од 2 милиони долари ја подготвуваме „Злетовица“ за инвестиција вредна 103,2 милиони евра
СветАксиос: САД преку медијатори разговараат со Иран за 45-дневно примирје САД, Иран и група регионални медијатори разговараат за условите за потенцијално 45-дневно примирје што би можело да доведе до траен крај на војната, објави синоќа Аксиос. САД, Иран и група регионални медијатори разговараат за условите за потенцијално 45-дневно примирје што би можело да доведе до траен крај на војната, објави синоќа Аксиос, повикувајќи се на четири американски, израелски и регионални извори запознаени со разговорите. Ројтерс не можеше да ја потврди веста, бидејќи Белата куќа и американскиот Стејт департмент не одговорија веднаш на барањата за коментар. Според Aксиос, медијаторите разговараат за условите на двофазен договор, при што првата фаза е потенцијално 45-дневно примирје за време на кое би се преговарало за траен крај на војната. Втората фаза би била договор за завршување на војната. Исто така, се наведува, примирјето би можело да се продолжи доколку е потребно дополнително време за разговори. Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави за Волстрит џурнал дека вторник вечер е неговиот рок што Иран го доби за отворање на Ормуската Теснина или ќе се соочи со напади врз критичната инфраструктура. „Ако не сторат нешто до вторник навечер, нема да имаат повеќе електрани и нема да имаат никакви мостови“, изјави Трамп за „Волстрит Џурнал“.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканГолем пожар во туристички регион во Турција: Евакуирана болница и десетици куќи (ВИДЕО)Голем шумски пожар што избувна во туристичкиот регион Мугла во југозападна Турција доведе до евакуација на жителите и затворање на еден главен пат.Десетици домови се евакуирани, како и одделението за интензивна нега во локалната болница, а автопатот помеѓу Фетије и Анталија е затворен поради густ чад, објавува Бианет. Пожар потпомогнат од ветер се прошири Пожарот избувна на обработливо земјиште во населбата Бајир во округот Сејдикемер во Турција. Силните ветрови потоа го проширија во блиската шума. Пожарот се гаси од воздух и од копно, а според соопштението од канцеларијата на гувернерот на Мугла, на терен се распоредени речиси 400 луѓе, пет авиони и 12 хеликоптери. Turkey: A fast-moving forest fire in Seydikemer, Muğla has spread to the Seydikemer–Fethiye highway. Strong winds are making it really difficult for the firefighters. pic.twitter.com/qmxa8vv8KG — Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) July 29, 2026 Превентивни евакуации Како мерка на претпазливост, властите евакуираа 65 лица од 43 домови лоцирани во близина на местото на пожарот. Одделенијата за интензивна нега и палијативна нега на Државната болница Сејдикемер се исто така евакуирани. Болницата е оддалечена околу 2,5 километри од пожарот. JUST IN - Wildfire in southwestern Turkey forces evacuations, closes highway pic.twitter.com/qq4Wcj4pLA — Insider Paper (@TheInsiderPaper) July 29, 2026 Прекин во сообраќајот Автопатот што ги поврзува Анталија и Сејдикемер е затворен за сообраќај. Властите соопштија дека пожарот и густиот чад целосно го покриле подрачјето, што го направило сообраќајот небезбеден.Тагови: пожар турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00
ФудбалАл-Итихад му понудил на Меси рекордни 1,5 милијарди евра, но тој ги одбилПретседателот на саудискиот клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили откри дека бил подготвен да го урне светскиот рекорд за највреден договор во спортот само за да го доведе Лионел Меси.Според првиот човек на Ал-Итихад, клубот му понудил на капитенот на Аргентина фантастични 1,5 милијарди евра по заминувањето од ПСЖ, за трансвер во Саудиска Арабија, но Лео без двоумење ја одбил понудата и се решил кариерата да ја продолжи во Интер Мајами. „Му понудивме 1,5 милијарди евра, но тој ја одби понудата затоа што неговото семејство сакаше да живее во Мајами“, изјави Ал Хаили. Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата без многу размислување ја одбил фанстатичната понуда бидејќи сакал да остана доследен на своите лични приоритети и изборот во иднина да продолжи да живее во САД иако саудискиот клуб бил подготвен да понуди историски договор. 39 годишниот Меси по заминувањето од Париз, од 2023 живее во Мајами во САД, каде го носи дресот на Интер Мајами.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на работен состанок за реформската агенда: Остануваме посветени на спроведување на реформитеПремиерот Мицкоски денеска одржал работен состанок посветен на реформската агенда, на кој преку онлајн обраќање учествувал директорот на Генералниот директорат на европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.На состанокот се зборувало за досегашниот напредок, следните чекори и координацијата меѓу институциите, со цел реформските процеси да продолжат ефикасно, навремено и во согласност со утврдените приоритети. На состанокот на кој учествувал и заменик министерот за јавна администрација Лазе Јаќимовски, во фокусот биле и реформите во јавната администрација, информираа од ресорното министерство Остануваме посветени на спроведување на реформите што ќе придонесат за поефикасни институции, подобри услуги за граѓаните и забрзан напредок на државата, изјави денеска Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter