Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
2Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
СветАксиос: Разговорите во Абу Даби значително ги приближија ставовите за состанок меѓу Путин и Зеленски„Средбата во Абу Даби беше клучен чекор кон преминување во следната фаза од преговорите. Многу сме блиску до состанок меѓу Путин и Зеленски“Трилатералните разговори во Абу Даби го отворија патот за состанок меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски, во многу блиска иднина, објавува американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на изјава од американски функционер. „Средбата во Абу Даби беше клучен чекор кон преминување во следната фаза од преговорите. Многу сме блиску до состанок меѓу Путин и Зеленски“, рече функционерот. Тој додаде дека доколку се постигне поголем напредок за време на следниот трилатерален состанок во Абу Даби, тоа би можело да доведе до состанок на страните во Москва или Киев, нешто што не се случило со години. „Сметаме дека тие состаноци мора да се одржат пред состанокот меѓу лидерите. Не мислиме дека сме далеку од тоа. Ако продолжиме по сегашниот пат, ќе стигнеме до таа точка“, рече неименуван функционер запознаен со преговорите. Тој изјави дека следната рунда се очекува да се одржи во недела, 1 февруари. Трилатералните разговори меѓу САД, Русија и Украина во Абу Даби беа „продуктивни“ и беше постигнат напредок, објавија американските претставници. Претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп беа многу оптимистични по разговорите, верувајќи дека успеале да постигнат напредок во намалувањето на несогласувањата во врска со клучното прашање - територијалната контрола во источна Украина, според „Аксиос“. Според двајца американски претставници, на Русија и Украина им беа потребни неколку месеци да се согласат на трилатерални разговори со посредство на САД. Разговорите беа договорени по средбата меѓу Трамп и Зеленски во Давос во четвртокот, како и по четиричасовната средба меѓу претставниците на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, со Путин во Москва истата вечер. „И Путин и Зеленски се согласија да ги испратат своите преговарачи. Ова покажува дека тие веруваат дека може да се постигне напредок“, рече еден од американските претставници. Средбите започнаа во петокот и продолжија вчера, со средба на американските медијатори со руските и украинските преговарачи, а потоа руските и украинските претставници разговараа директно, без присуство на Американци, соопштија украинските претставници. Во американската делегација беа пратениците на Трамп, Виткоф, Кушнер и Џош Груенбаум, секретарот на армијата, Ден Дрискол, и врховниот командант на НАТО за Европа, Алексус Гринкевич. Украинската делегација ја предводеше шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Буданов, советникот за национална безбедност Рустем Умеров, началникот на украинскиот Генералштаб, Андриј Гнатов, и советниците на Зеленски, Сергеј Кислица и Давид Арахамија. Руската делегација ја предводеше адмиралот Игор Костјуков, шеф на руската воена разузнавачка служба. За време на дводневните разговори беа разгледани сите прашања, вклучувајќи ги територијалните претензии на Русија во Донбас, спорот за нуклеарната централа Запорожје и какви чекори за деескалација треба да преземат двете страни за да се стави крај на војната и да се обезбедат трајни мирни решенија. „Разговаравме за сè. Никој не беше незадоволен од дискусиите од двете страни. Не изоставивме ниту едно прашање и немаше потреба никого да притискаме. Имаше многу почит во просторијата бидејќи сите бараа решенија“, рече еден американски функционер. На крајот од вториот ден од преговорите, сите три страни седнаа заедно на заеднички ручек. „Имаше моменти кога сите изгледаа речиси како пријатели. Имав чувство на надеж“, рече американскиот функционер. По преговорите, Зеленски изјави дека разговорите „биле конструктивни“ и додаде дека фокусот на дискусијата бил на „можните параметри за завршување на војната“. Тој изрази благодарност за фактот што САД спроведуваат „мониторинг и следење на процесот на завршување на војната и обезбедување вистинска безбедност“. Украинските власти објавија дека следната рунда преговори се очекува во Абу Даби следната недела. Американските власти изјавија дека следната рунда би можела да се одржи и во недела, на 1 февруари.Тагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Доста е, СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз женитеУште една жена се бори за живот по пријавено семејно насилство. Жена од Гостивар синоќа била донесена во Клиничкиот центар во Скопје во животозагрозувачка состојба. Доста е институционален молк и не преземање одговорност. Пратениците на СДСМ и коалицијата поднесоа барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, веднаш да свика итна седница со една точка на дневен ред – постапувањето на институциите во спречувањето на насилството врз жените и семејното насилство и во заштитата на жртвите. Доста е од институционален молк. Секоја жена што пријавува насилство мора да добие заштита веднаш. Затоа бараме пред Собранието да се одговори зошто нема одговорност, што се случува по секоја пријава, кој го проценува ризикот и кој проверува дали мерките за заштита се спроведуваат. Таму каде што имало пропусти, мора да има одговорност. Во 2025 година се регистрирани шест фемициди, а до ноември годинава се евидентирани седум убиства на жени. Само од јануари до октомври годинава, МВР регистрирало 1.897 настани поврзани со семејно насилство. Според деветмесечниот пресек на МВР, повеќе од 80 проценти од жртвите на кривичните дела се жени. А одговорност нема од никој. После толку жртви Панче Тошковски требаше одамна да поднесе оставка. Бараме веднаш да се свика седницата мнозинството од ВМРО да не калкулира и да не ја опструира како што знае. Собранието мора да побара одговори од надлежните институции и да утврди конкретни мерки и рокови за навремена заштита на жените. Колку уште жени треба да бидат повредени за институциите предводени од ВМРО да ја преземат одговорноста и конечно некој да одговара?, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Станови со 20% попуст и нула комуналии за изградба на сопствен домСтанови со 20% попуст и нула комуналии за изградба на сопствен дом, инвеститорите ќе издвојуваат 10% од становите за млади брачни парови.Во тек е подготовката на двата специјални закони кои се однесуваат на младите брачни парови, а кои се очекува следниот месец да бидат доставени до Собранието. Првиот закон се однесува на мерката со која на младите брачни парови ќе им се овозможи купување станбен простор по цени за 20% пониски од просечните пазарни цени остварени во текот на претходната година. Анализите веќе се во тек, а првичните податоци покажуваат дека, на пример, во Општина Центар просечната пазарна цена на квадратен метар станбен простор во првите три квартали од годинава изнесувала 1.915 евра. Со предвидениот попуст од 20%, цената би изнесувала 1.530 евра за квадратен метар. Секој инвеститор кој ќе побара дозвола за изградба на станбен објект ќе има обврска да издвои 10% од станбената површина за лицата кои ќе ги исполнуваат условите утврдени со законот. Еден од условите е најмалку едниот од партнерите да биде на возраст до 35 години. Вториот закон предвидува младите да бидат ослободени од плаќање комуналии кон општината при изградба на сопствен дом. Оваа мерка веќе се применува во одредени општини, но целта е нејзино проширување и спроведување на територијата на целата држава. ВМРО-ДПМНЕ уште од првиот ден на мандатот работи на создавање подобри услови за живот на младите. Со овие два закона се прави чекор кон решавање на предизвикот со кој се соочуваат младите брачни парови, обезбедувањето сопствен дом, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветУзбекистан и Казахстан повторно ја отворија границата, но само за 100.000 патници дневно Узбекистан и Казахстан повторно го отворија еден од најпрометните гранични премини во Централна Азија, Гишткуприк-Жибек Жоли, по речиси две години реконструкција.Узбекистан и Казахстан повторно го отворија еден од најпрометните гранични премини во Централна Азија, Гишткуприк-Жибек Жоли, по речиси две години реконструкција, со надградени објекти дизајнирани да опслужуваат до 100.000 патници дневно во шпицот, објави денес „Еуроњуз“. Отворањето се случува во време кога Узбекистан и Казахстан, двете најголеми економии во Централна Азија, ги зајакнуваат своите трговски и туристички врски, а Европската Унија се стреми да развие поефикасни транспортни врски со регионот. Европската комисија го наведе развојот на Средниот коридор, кој ја поврзува Централна Азија со европските пазари преку Каспиското Море и Јужен Кавказ, како клучен приоритет, со цел тројно зголемување на трговските текови по должината на рутата и значително намалување на времето за транзит на товар до 2030 година. Контролниот пункт Гишткуприк-Жибек Жоли, кој се наоѓа во близина на узбекистанскиот главен град Ташкент, регистрираше повеќе од 11 милиони преминувања на патници во 2024 година, или просечно околу 30.000 дневно. Иако повторно отворениот контролен пункт им служи на пешаци, патнички автомобили и автобуси, а не на камиони, се очекува неговата модернизација да биде од корист за товарниот сообраќај меѓу Узбекистан и Казахстан.Тагови: Казахстан Узбекистан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31