Ако вакво нешто ви се појавува на нозете, тогаш погрешно се бричите!

Еве како правилно да ги отстраните влакната! 

Д-р Фарзан сподели совет на нејзиниот профил на Tикток за кој таа тврди дека сигурно делува.

Доколку вашите нозе ви изгледаат грдо и сте влегле во маѓепсаниот круг на мозолчиња и враснати влакна, а не ја знаете вистинската причина, треба да го промените начинот на отстранување на влакната, т.е. ако ги бричите, да ја промените техниката.

Имено, како што тврди д-р Фарзан во својата објава на Тикток, црвените точки и враснатите влакна се резултат на погрешно отстранување на влакната.

При бричење, повеќето жени го повлекуваат бричот на спротивната страна од растењето на влакната, бидејќи така кожата изгледа подобро избричена и ефектот е повидлив. Но, д-р Фарзан наведува дека доколку го правите тоа, голема е веројатноста на кожата да ви се појават испакнатини, исекотини, враснати влакна и црвени точки кои никако да се залечат.

За да ја избегнете таквата ситуација, д-р Фарзан напоменува дека најдобро е нозете да ги бричите во правецот на растење на влакната, односно бричот да го повлекувате надолу по ногата. На овој начин би ги избегнале несаканите последици, а вашите нозе би биле мазни подолго време.

Ова видео им се допаднало на речиси 750.000 корисници на Тикток.

@dr.farzan Shaving against the grain of hair supposedly gives a closer shave, but it also increases the risk of cuts and bumps and ingrown hairs. It's best to start by shaving down the leg, in the direction of the hair's growth. #ingrownhair #shaving #bumpyskin #shavingtips ♬ original sound - ob1wans ✧

Некои корисници на Тикток, прашале кои производи би помогнале во решавање на проблемот, на што една корисничка на мрежата прокоментирала дека не ги бричи нозете зашто го има истиот проблем. Многумина коментирале дека на Tикток може да се најдат одлични решенија и трикови за некои секојдневни рутини, а други истакнаа дека од следењето на сите тие совети, произлегува дека ништо не се прави правилно.

Бостон избори четвртфинале, Далас поведе против ЛА клиперс во плејофот на НБА

 Екипата на Бостон селтикс ноќеска го победи Мајами хит со 118:84 и со вкупно 4:1 ја доби серијата во првото коло од плејофот на НБА-лигата.

Противник на Селтикс во четвртфиналето ќе биде поуспешниот од пресметката Кливленд кавалирс – Орлано меџик (3:2 по пет натпревари).

На вториот натпревар одигран ноќта среда кон четврток, Далас маверикс убедливо го совлада Лос Анџелес клиперс со 123:93. Далас до третата победа во серијата прв до четири дојде најмногу по заслуга на Лука Дончиќ кој постигна 35 поени.

Во четвртфиналето победникот од двојката Далас – ЛА клиперс ќе игра со Оклахома Сити. /МИА

СДСМ: Со глас за СДСМ на 8 мај ги чуваме темелите на државата

​Враќање на режимот на ДПМНЕ во најава, би значела сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии, што би и нанело огромна штета на иднината на државата.

Преголема моќ за десничарска партија како ДПМНЕ која воопшто не е променете, ќе претставува сериозна закана од враќање на заробена држава, поделби, уцени и закани.

Гласот ЗА СДСМ е глас за чување на темелите на државноста, демократските вредности, внатрешната кохезија, стабилни етнички односи, безбедна и европска иднина на Македонија.

Центар за комуникации на СДСМ

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот.

Вашингтон вчера објави нов бран санкции насочени кон руски и странски компании и поединци обвинети за вмешаност во руските воени напори за инвазија врз Украина. Покрај руски одбранбени компании и кинески субјекти, санкциите се и на неколку истражувачки единици и компании вклучени во руски програми за хемиско и биолошко оружје. Воведени се санкции за речиси 200 субјекти, а Стејт департментот таргетираше повеќе од 80 во една од најобемните акции против кинески компании досега во санкциите на Вашингтон насочени кон Русија, јавија американските медиуми.

Канцеларијата за контрола на странски средства соопшти дека санкционирала компании со седиште во Кина, Хонг Конг, по повеќекратните предупредувања од Вашингтон за поддршка на руската војска.

Министерството за финансии санкционираше речиси 60 субјекти лоцирани во Азербејџан, Белгија, Кина, Русија, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Словачка, бидејќи и овозможија на Русија да ја набави потребната технологија и опрема од странство, заобиколувајќи ги санкциите.

„Министерството постојано предупредуваше дека компаниите ќе се соочат со значителни последици за обезбедување материјална поддршка за Русија во војната во Украина, а САД ги воведуваат денеска за речиси 300 субјекти“, рече министерката за финансии на САД, Џенет Јелен./МИА

притисни ентер