Ако Таравари остане на две столчиња ВРЕДИ ќе го преиспита учеството во Владата - Канал 5

Ако Таравари остане на две столчиња ВРЕДИ ќе го преиспита учеството во Владата

ВРЕДИ ќе го преиспита учеството во Владата доколку Таравари остане да седи на две столчиња. , порачуваат од Вреди по синоќешната средба на премиерот Мицкоски со троецот Меџити, Касами и Ибраими во владата.

Ако Таравари остане на две столчиња ВРЕДИ ќе го преиспита учеството во Владата

Од Вреди за Канал 5 велат дека тројцата лидери пред Мицоски настапиле со став дека со Арбен Таравари се потешко станувало функционирањето на владината коалиција, зашто како што велат, преку него се чувствувало влијанието на ДУИ во владата.

-Се додека г. Таравари има контакти со ДУИ и остава простор за соработка, дури тоа го кажува јавно, за ВЛЕН се отежнува соработката во владата, а тоа дополнително ќе се изрази на престојните локални избори. Затоа ВЛЕН предложи да види до каде е соработката на г. Таравари со ДУИ, дали има простор нешто да се смени или, во спротивно, да се одлучи дали можеме да продолжиме во заедничка влада или не, изјавија оттаму за Канал 5,--ВРЕДИ.

Слични тонови можеа да препознаат и во пораките што лидерите од Вреди ги објавија на социјалните мрежи по синоќешната средба со Мицкоски. Непринципиелната политика на две столчиња и на нејасни позиции каде што не се знае кој е партнер, а кој противник, заврши, порачаа тие. Меџити напиша дека Вреди синоќа одлучиле да се изгаснат светлата на лицемерието и воедно го потсети Таравари на лекот „Ефридол“ кој тој симболично го носеше лани по изборните резилтати како порака до ДУИ да ја залечат болката од поразот.

Мицкоски се сретна со коалициските партнери од Вреди ден по неговата тет а тет средба со Таравари која заврши без епилог, со најава дека разговорите ќе продолжат до крајот на месецов до кога биде познато какво ќе биде идното функционирање на Алијанса за Албанците. За ВРЕДИ таа дилема е затворена од денот кога крилото на АА предводено од Таравари реши на локалните избори да настапи со посебни листи за советници, што предизвика револт кај другите партнери.

Брифинзите од Владата, пак, за двете средби, и онаа со Таравари и онаа со Вреди, имаа еден заеднички именител – дека поминале во конструктивна атмосфера и партнерски дух.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во близина на мистериозната Област 51 во Невада

Голем шумски пожар во близина на „Областа 51“ (Area 51) – таен објект на Военото воздухопловство на САД во Невада – брзо се шири.

Голем пожар во близина на мистериозната Област 51 во Невада

Голем шумски пожар во близина на „Областа 51“ (Area 51) – таен објект на Военото воздухопловство на САД во Невада – брзо се шири, а засега е ставен под контрола само седум отсто од пожарот, соопшти американското Биро за управување со земјиштето (BLM).

Пожарот, наречен „Квејл Спрингс“ (Quail Springs), настанал од удар на гром и гори веќе речиси една недела. Досега се зафатени повеќе од 54,6 квадратни километри. Неговото ширење е поттикнато од непристапниот терен, високите температури и сувите ветрови. За ова подрачје сè уште е на сила предупредување за екстремни горештини, кое ќе важи најмалку до недела, а во блиска иднина не се очекуваат врнежи.

Од BLM соопштија дека пожарот во моментов не претставува закана за домовите или јавните површини, иако жителите на малото место Рејчел се предупредени за чадот.

Пожарот се шири низ Полигонот за тестирање и обука во Невада (NTTR) – воена зона затворена за јавноста, пренесува Би-би-си.

Овој воен комплекс се наоѓа во близина на „Областа 51“ (Area 51), која била формирана за време на Студената војна меѓу САД и Советскиот Сојуз како објект за тестирање и развој на воздухоплови. Она што се случува внатре во „Областа 51“ и денес останува строго чувана тајна.

Пристапот за јавноста е забранет, а забраната се спроведува преку предупредувачки знаци, електронски надзор и вооружени чувари. Токму таа таинственост со децении поттикнува бројни теории на заговор – од кои најпозната е тврдењето дека во базата се чуваат вонземјани чии вселенски летала наводно се урнале на Земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Квартет „Хермес“- млади уметници со голема зрелост во интерпретацијата

Со долги и стоечки овации беа испратени вчеравечер членовите на францускиот квартет „Хермес“ од  фестивалот  „Охридско лето“. 

Квартет „Хермес“- млади уметници со голема зрелост во интерпретацијата

Нивниот концерт се одржа во рамки на традиционалната Француска вечер на „Охридско лето“, поддржана од Амбасадата на Франција во РС Македонија и Францускиот Институт во Скопје.

Младите но зрели во својата интерпретација уметници Омер Буше, Елисе Лиу, Лоу Јунг Хсин Чанг и Јан Левиноа донесоа исклучително деликатна и сложена програма за изведување, која иако таква, наиде на големо воодушевување и прием кај публиката која уживаше во секој отсвирен тон од страна на француските музичари.

-Ова е првпат да дојдеме овде и навистина беше задоволство да ја откриеме оваа прекрасна црква и нејзината извонредна акустика, изведувајќи програма која е многу деликатна и сложена, како за нас, така и за публиката. Беше вистинско задоволство што можевме да придонесеме луѓето да го откријат Квартетот на Форе – француско дело што со задоволство го изведовме годинава. А тука беше и Гудачкиот квартет бр.14 од Бетовен, чие дело за нас претставува апсолутно ремек-дело, изјавија членовите на „Хермес“ кои веднаш по завршувањето на концертот заминаа во Франција зашто како што најавија, летово им претстојат многу концерти.

Квартетот „Хермес“, именуван според познатиот гласник од грчката митологија, својата музичка уникатност ја градат преку тоа што се обидуваат да бидат „проводници“ на музичките идеи на композиторите и нив да ги спојат со сензибилитетот на публиката. Нивниот идентитет го градат преку бројните патувања и настапи насекаде низ светот. „Карнеги хол“ во Њујорк, Забранетиот град во Пекинг, „Вигмор хол“ во Лондон се само некои од местата во кои настапиле и кои суштински влијаеле врз нивниот развој како ансамбл.Виолончелистот Јан Левионоа свири на инструмент изработен од Давид Течлер во 1703 година кој му е даден на користење од страна на приватни донатори.

Вчерашниот концерт на квартетот „Хермес“ го проследија претседателката на РС Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова која е покровител на фестивалот и заменик-амбасадорот на Франција во земјава, Филип Маршето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на Крит

Пожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на Крит,исто така и пожарот на Парос повторно се разгорува.

Пожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на Крит

Според информациите од координативниот центар, гаснењето на пожарот во Ретимно го отежнуваат силните ветрови и непристапниот терен, што предизвикува постојано повторно појавување на пожарот и негово ширење.

Првичните проценки покажуваат дека се изгорени повеќе од 45 илјади хектари, а се очекува конечниот исход од катастрофата да биде поголем.

Поради многу високиот ризик од нови пожари, властите воведоа привремена забрана за сообраќај и присуство на граѓани во одредени шумски области на Патрас, но и на Халкидики

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер