ЖивотАко сте малку подебелки ќе живеете подолго!Не е точно дека треба да сте многу витки за да сте здрави, ниту пак е точно дека кафето влијае штетно на вашето здравје. Еве неколку заблуди околу тоа - што ни го продолжува животот!14 години долгото истражување објавено во New Egland Journal of Medicine покажува дека луѓето кои 2 или 3 пати дневно пијат кафе а не пушат, имаат 10 % помала смртност од оние кои воопшто не пијат кафе. Според истражувањето објавено во Јournal of American Medica Association, неколку килограми вишок го продолжуваат животот. Индексот на телесна маса меѓу 25 и 29,9 кој го имаат луѓето со вишок на килограми но не се дебели, имаат 6% помал ризик од смртноста. Алкохолот е навистина штетен за здравјето но една чаша вино делува добро на срцето и го продолжува животот. На тие кои ви велат да пиете 8 чаши вода дневно, не им верувајте - студијата на медицинската школа Дармут од Хановер покажува дека не постои „магичен број на чаши “ кои мора да се испијат. Течност треба да се внесува, но покрај водата препорачливи се и лесните чаеви и свежото овошје. Газирани сокови се дефинитивно забранети! Спијте колку што ви се спие - нема вистина во верувањето дека за здравје мора да се спие 8 часа дневно. Ако се разбудите сами по 6 часа сон, тоа што ќе се силите да спиете уште 2 часа нема да ви го продолжи животот. Секој има различна потреба за спиење! Така што, само опуштено! Не робувајте на правила и уживајте во животот, па и ако имате некој килограм повеќе! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени..Судењето почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по трагедијата за време на настапот на групата ДНК. Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска пред Основниот кривичен суд Скопје, а обвинението го застапува тимот од 15 главни обвинители. Опфатени се десетици физички и правни лица за тешки дела против општата безбедност.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЛибија бара украинскиот претседател Зеленски да биде ставен на листата на терористи?Зеленски на листата на терористи? Членот на Претседателскиот совет на Либија, Муса ал-Кони, оцени дека нападот врз пристаништето во Бенгази претставува „објава на војна против либиската држава“. Тој побара итна седница на Советот за безбедност на ОН, како и ставање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на листата на терористи. Ал-Кони во изјава, пренесена од либискиот портал „Ал-Васат“, наведе дека Бенгази бил изложен на „отворена воена агресија“. Според него, цел на нападот биле морското пристаниште и неговите клучни објекти, при што е причинета материјална штета, а има и повредени цивили. Тој смета дека станува збор за директен напад врз суверенитетот, безбедноста и стабилноста на Либија. „Ја сметаме украинската страна за целосно одговорна за овие терористички акти, за кои украинскиот претседател Володимир Зеленски презеде одговорност, ги најави и се фалеше со нив“, изјави Ал-Кони. Зеленски претходно објави дека украински поморски дронови ја потопиле руската корвета „Меркур“ кај брегот на Либија и го погодиле рускиот товарен брод „МВ Ангара“, кој, според него, се користел за транспорт на оружје. Ал-Кони ги предупреди украинските власти да не ја претвораат Либија во арена за меѓусебни пресметки. Тој, исто така, најави покренување правни и дипломатски иницијативи на регионално и меѓународно ниво, вклучително и обраќање до Меѓународниот суд на правдата, Советот за безбедност на ОН и други организации. Тој побара од Советот за безбедност на ОН итно да свика седница, да го стави Зеленски на листата на терористи и да преземе итни мерки за запирање на, како што наведе, нападите. Тој ги повика Обединетите нации и меѓународните организации да спроведат сериозна и транспарентна меѓународна истрага, да ги идентификуваат одговорните и да ги заштитат цивилите и клучните објекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова ШапкаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на патниот правец село Лисец-Попова Шапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter