Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
2Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
3Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
ЖивотАко сакате да доживеете стотка, усвојте неколку едноставни навики!Очекуваниот животен век денес е 79 години, што е голем напредок во споредба со периодот пред сто години кога жените живееле во просек до 60, а мажите до 57 години. Сепак, 54 проценти од луѓето сонуваат да доживеат до сто години. Според некои експерти, меѓу кои и специјалистот и професор по геријатрија д-р Наушир Пандја и геријатрискиот лекар д-р Гари Смол, тајната на долговечноста не мора да вклучува скапи и ексклузивни третмани - многу зависи од секојдневните навики, особено од тоа како го започнуваме денот. Затоа, тие споделија пет навики на луѓето кои живеат до сто години. Тие стануваат рано. Д-р Пандја објаснува дека луѓето кои живеат долго време честопати стануваат рано, штом ќе се раздени, но затоа си легнуваат порано и спијат седум до девет часа секоја ноќ. „Спиењето е клучно за сите, но особено за постарите лица“, нагласува тaa за „Парада“. Д-р Смол додава: „За време на спиењето, мозокот ги чисти акумулираните отпадни производи и го отстранува амилоидот, протеин поврзан со Алцхајмеровата болест.“ Тие пијат вода веднаш штом ќе се разбудат Д-р Пандја истакнува дека многу стогодишници го започнуваат денот со неколку чаши топла вода или вода со лимон. „Тие се многу внимателни во врска со хидратацијата“, вели таа. Редовната хидратација помага во одржувањето на здравјето на срцето, белите дробови и генерално, го забавува биолошкото стареење. Тие си оставаат време за размислување Според д-р Пандја, многу луѓе кои доживуваат поодмината возраст, наутро одвојуваат време за размислување. Наместо веднаш да посегнат по мобилниот телефон или да се предадат на стресот, тие одвојуваат неколку минути, на пример, за молитва или медитација. „Тоа е време да се „приберете“ и да им дозволите на вашето тело и ум да се смират пред да го започнете денот“, објаснува таа. Наутро веднаш се движат „Некои од луѓето кои доживуваат стока, наутро седат во дворот, некои се истегнуваат пред и по туширањето, а многумина се одлучуваат за опуштена прошетка“, вели д-р Пандја. Д-р Смол препорачува: „Правете нешто секој ден, како на пример, прошетка со пријателот, бидејќи зборувањето додека одите ги активира невронските кола кои помагаат во намалувањето на нивото на стрес“. Генетиката игра улога, но не е одлучувачка Иако генетиката игра важна улога во долговечноста, таа не е пресудна. „Една третина од долговечноста се базира на генетиката. Сепак, важно е да се фокусираме на она што можеме да го контролираме. Околината што ја создаваме и животните навики што ги усвојуваме можат да ни дадат предност во долговечноста“, заклучува д-р Пандија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветТрамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на ПутинТрамп се сретнал приватно со рускиот претставник Кирил Дмитриев во Белата куќа.По средбата, Трамп изјави дека наскоро би можел да биде постигнат договор за завршување на војната во Украина. Тој најави дека договорот би можел да има пошироки последици и да ја опфати цела Европа. Американска делегација ќе посредува во разговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби на 10 и 11 ноември. Пратеникот Џаред Кушнер соопшти дека во Брисел се одржале продуктивни разговори со Украина, НАТО и европските партнери. Во фокусот биле безбедносните гаранции за Украина и европската безбедност. Средбата со Дмитриев се одржа на настан организиран од првата дама Меланија Трамп.На него присуствуваа и украински претставници, кои ја повикаа да продолжи со мировните напори.Меланија Трамп им предаде писма на делегациите адресирани до Путин и Зеленски.Ова е првиот директен контакт меѓу руски и американски претставници по среднорочните избори во САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕКНајновиот извештај на Европската комисија е објективен и дава реален преглед на состојбите во земјава, оцени синоќа во теклевизиско гостување министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.Тој посочи дека во одредени области Македонија бележи висок степен на напредок и усогласеност. Според Муцунски, во ниту една од оценуваните области нема назадување.Тој истакна дека и амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, потврдил дека годинашниот извештај е подобар од ланскиот. Муцунски смета дека извештајот треба да се сфати како обврска кон граѓаните и исполнување на европските стандарди. Како области со висок степен на усогласеност ги посочи надворешната, безбедносната и одбранбената политика. Напредок, според него, е забележан и во дигитализацијата, науката и образованието. И евроамбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски гледаат напредок во годинешниот извештај на Европската комисија, за чии наоди двајцата дадоа свои оценки.. За Рокас, освен уставните измени, курупцијата и правосудството остануваат клучни предзвици за Македонија.. Мицкоски смета дека не се работи за недостиг на реформи, туку за преостанати политички услови.. Секретарот за животна соработка и член на извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски синоќа во само интервју рече дека она што загрижува е што имаме нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок имаме и кај слободата на медиумите. Судството е под политичка опсада, а земјоделството е пред колапс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со сончеви периодиСпоред УХМР денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Потоа до средината на следната седмица, времето ќе биде со променлива облачност во текот на денот и услови за слаб локален дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook