Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава
1Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава
3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
ЗдравјеАко сакате да доживеете подлабока старост, почнете да ја правите оваа едноставна вежбаСите знаеме дека редовната физичка активност е добра за здравјето, но научните истражувања покажаа дека некои видови вежби можат дури да ви го продолжат животот. Сепак, не сите вежби се подеднакво погодни за секого, особено во поодминати години. Одредени активности можат да предизвикаат преголемо оптоварување на зглобовите и да предизвикаат болка или повреда на подолг рок, што ги прави непрактични за секојдневно или доживотно изведување. Затоа физиотерапевтите, кои секојдневно ги набљудуваат ефектите од различните видови движења врз телото, можат најдобро да одговорат на прашањето: која вежба е најдобра за долг и здрав живот? Според физиотерапевтот д-р Лекс Гонзалес, најдобра вежба поврзана со долговечноста е одењето. Тој истакнува четири клучни придобивки: го подобрува здравјето на срцето и циркулацијата, ја одржува подвижноста на зглобовите без прекумерен напор, ја поттикнува рамнотежата и координацијата и е достапно за сите. Одењето е и основа на секојдневниот живот во таканаречените сини зони - региони каде што луѓето редовно доживуваат 100 години, а физичката активност најчесто ја остваруваат токму пешачејќи при вршење на секојдневните обврски. „Секое движење му користи на вашето тело – редовното вежбање е важно“ Иако одењето е одлична основа, физиотерапевтот д-р Карен Ц. Вестервелт нагласува дека четири вида активност се неопходни за долговечност: сила, кардио-вежби, флексибилност и рамнотежа. Американскиот колеџ за спортска медицина препорачува најмалку 150 минути неделно умерена аеробна активност и најмалку два дена тренинг за сила. „Како што старееме, губиме мускулна маса, а седечкиот начин на живот го забрзува ова дополнително“, објаснува д-р Вестервелт. Затоа редовното истегнување и тренингот за рамнотежа се клучни, особено за спречување на паѓањe. За да се подобри рамнотежата и флексибилноста, д-р Гонзалес препорачува активности како таи чи и јога бидејќи се изведуваат бавно, но се ефикасни. Таа предупредува да не се пристапува кон поинтензивни вежби како долги трчања, кревање многу тешки тегови и движења што многу го оптоваруваат 'рбетот. Сите овие се корисни форми на движење, но ако предизвикуваат болка, подобро е да се одлучите за поблаги активности. „Без оглед на тоа какви вежби ќе изберете, секое движење му користи на вашето тело. Клучот е во доследноста - за почеток, само облечете ги патиките и прошетајте“, заклучува д-р Вестервелт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВозач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријаваНа 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот. При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.Тагови: светиниколско Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаПожарот од Грачани го покри СкопјеНа територија на Град Скопје има еден пожар, што ноќеска се чувствуваше на територија на главниот град.Според центарот за управување со кризи пожарот е навлезен од косовска страна пред два дена кај селото Грачани – Ѓорче Петров. Пожарот не загрозува населени места. Горат ниска смрека и грмушки. Синоќа ветерот дуваше во насока на Скопје и чадот од пожарот што е активен на косовска и на македонска територија. Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот, но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Утрово продолжува со гаснење на пожарот со засилен број на пожарникари, а воздушна поддршка даваат и два ер трактори на ДЗС, еден полициски и еден армиски хеликоптер. Во текот на вчерашниот ден имаше 31 пожар на отворен простор. Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода две лица во Струга, пронајден е пиштол, следува пријаваЛицата се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.На 03.09.2026 во 01:40 часот на брегот на Охридското езеро, кај Женска плажа во Струга, полициски службеници од мобилниот тим од Регионалниот центар за гранични работи Запад - „Task Force” ги лишија од слобода Е.К.(19) и К.С.(19), двајцата од с.Делогожди, струшко. При извршен преглед кај нив, кај Е.К. бил пронајден пиштол. Лицата се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Струга Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter