3Најмалку 14 загинати во верижен судар во Емиратите- телата ги идентификуваат со помош на ДНК (ВИДЕО)
ЗдравјеАко пулсот ги надминува овие бројки, ви се заканува инфаркт или мозочен удар!11 симптоми за неправилна работа на срцето што може да се појават пред дијагнозата на која била болест!Милиони луѓе имаат неправилен срцев ритам без воопшто да бидат свесни за тоа. Доколку болеста не се дијагностицира навреме и не се лекува со соодветна терапија, може да се појават сериозни компликации како што се срцев или мозочен удар со фатален исход. Што е аритмија? Како што објаснуваат кардиолозите, аритмијата е отстапување од нормалниот срцев ритам, односно создавање и спроведување на електричните импулси. Постојат три типа на оваа состојба: брадикардија - кога срцето работи премногу бавно (под 60 отчукувања во минута), тахикардија - кога работи премногу брзо (повеќе од 100 отчукувања во минута) и неправилно чукање на срцето. Познатиот британски кардиолог, проф. Д-р Нилеш Самани, истакнува дека бројот на заболени, особено оние со многу опасна тахикардија, всушност е многу поголем. - Она што особено загрижува е огромниот број луѓе кои не знаат дека се болни, немаат дијагноза, па затоа не се ни лекуваат не сфаќајќи колку состојбата може да биде опасна. Посебно загрижува големиот број пациенти со тахикардија кои не се свесни дека живеат со зголемен ризик од мозочен удар. Контролата и пронаоѓањето на ваквите пациенти треба да биде приоритет на примарната здравствена заштита - нагласува тој. Основачот на Британската асоцијација за аритмија, д-р Труди Лобан, ја нагласува потребата од поблиска соработка помеѓу пациентите, лекарите и политичарите кои носат одлуки во врска со здравството. Предизвикувачи и ризици Проблемите со срцевиот ритам најчесто ја погодуваат постарата популација, но тие можат да се појават на која било возраст, дури и кај млади луѓе. Болеста може да биде предизвикана од: - стрес - пушење - алкохол - апчиња за слабеење - лекови за кашлица - настинка - нарушување во работата на тироидната жлезда - инфекција - апнеја (прескокнување на срцето за време на спиењето) Симптоми за тахикардија и брадикардија: Тахикардија (забрзан пулс) - лупање на срцето во градите - непријатно чувство во градите - слабост - отежнато дишење - вртоглавица - потење Брадикардија (бавен пулс) - замор - отежнато дишење - вртоглавица - губење на свеста Појавата на овие симптоми автоматски не укажуваат на болеста, но претставуваат знак дека треба да отидете на лекар и да направите контрола. Проверка на пулсот Дали пациентот страда од срцева аритмија, утврдува кардиолог откако ќе бидат направени лабораториски анализи, ЕКГ, холтер мониторинг, срцев ултразвук со доплер, коронарографија, ангиографија... Меѓутоа, како што објаснува д-р Лобан, пулсот можете да го проверите сами дома, при тоа нагласува да не го мерите пулсот ако претходно сте испиле кафе или пушеле цигара, бидејќи тоа може да влијае на резултатот. - Пред самото мерење, седнете пет минути и опуштете се. Земете часовник што мери секунди или користете го тајмерот на телефонот. Испружете ја левата рака на масата благо свиткана во лактот со дланката свртена нагоре. Со другата рака, поставете ги показалецот и средниот прст на зглобот во близина на основата на палецот, помеѓу коската и тетивата, за да го најдете пулсот. Кога ќе го најдете, притиснете ја таа точка и избројте ги отчукувањата на срцето додека часовникот отчукува 60 секунди – објаснила д-р Лобан. Третман Според неа, срцевите аритмии можат да предизвикаат сериозни компликации и формирање на тромб, што е многу опасно, бидејќи ако дојде до витален орган, како што е срцето или мозокот, најчесто доведува до смртоносен исход за пациентот. Во зависност од причината, аритмијата се третира на неколку начини: терапија со лекови од антиаритмична група електроконверзија (кардиоверзија) електрофизиолошки процедури (радиофреквентна аблација) поставување на пејсмејкер и дефибрилатор Како што истакнуваат кардиолозите, повеќето пациенти со нарушен срцев ритам можат да водат нормален живот доколку се придржуваат до пропишаната терапија и редовно одат на преглед кај кардиолог.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДва танкера се погодении во Ормутскиот теснец- Иранците тврдат дека се движеле по недозволена рута Два супертанкери беа онеспособени од силни експлозии откако ги игнорираа предупредувањата да не користат „неовластена рута“ во Ормутскиот теснец, објави морнарицата на Иранската револуционерна гарда.Два танкера „експлодираа откако удриа во поморски мини“, објавија подоцна иранските државни медиуми, прикажувајќи наводни видеа од инцидентите. Чести напади Не е познато под чии знамиња пловеле бродовите. Во текот на претходните месеци од конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, кој започна во февруари, морнарицата на Иранската револуционерна гарда објави дека директно ги нападнала танкерите. Неодамна, објави дека бродовите се запалиле откако удриле во поморски мини додека користеле „неовластена рута“, како што ја нарекуваат, во јужниот дел од тој стратешки важен воден пат. Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO) неколку пати објави дека танкери во теснецот биле погодени од непознати ракети.Тагови: Ормутскиот теснец Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаМВР: За пет часа санкционирани 221 прекршок на пешаци и возачи во однос на пешацитеВо текот на вчерашниот ден (11.11.2026 година), во периодот од 08:00 до 13:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава.Во текот на вчерашниот ден (11.11.2026 година), во периодот од 08:00 до 13:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава, насочена кон откривање и санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, како и прекршоци на возачите во однос на пешаците. При контролата биле констатирани и санкционирани 221 прекршок, од кои 147 за небезбедно преминување на пешаци на коловозот надвор од обележан пешачки премин, додека 25 возачи биле санкционирани поради непропуштање пешаци на обележан пешачки премин. Дополнително, за време на контролата биле санкционирани и 179 возачи за други видови сообраќајни прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до пешаците да го преминуваат коловозот исклучиво на обележан пешачки премин, а до возачите да ја приспособат брзината на движење и да им овозможат непречено и безбедно преминување на пешаците. Безбедноста на пешаците е заедничка одговорност. Само со доследно почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници можеме да придонесеме за побезбедни патишта и намалување на бројот на сообраќајни незгоди, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 14 загинати во верижен судар во Емиратите- телата ги идентификуваат со помош на ДНК (ВИДЕО)Четиринаесет лица загинаа, а десетици се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Фуџаира, Обединети Арапски Емирати. Министерството за внатрешни работи објави дека несреќата е предизвикана од возач на камион кој ја изгубил контролата врз возилото и удрил во неколку возила, јавува Би-Би-Си. Во несреќата учествувале 23 возила, вклучувајќи пет камиони. Сударот се случил на влезот во источниот емират кратко пред полноќ, во време кога сообраќајот се движел бавно. Во официјалниот извештај се наведува дека силата на ударот „го запалила камионот, а пожарот се проширил на неколку други возила, што резултирало со голем број жртви“. Службениците појаснија дека камионот прво се судрил со едно возило, по што се превртел и удрил во другите автомобили што стоеле во колоната. 🚨🇦🇪 #BREAKING: Fujairah Police confirm a devastating truck crash on Sheikh Khalifa Street in the UAE has left 14 people dead and 30 injured. The truck reportedly lost control, overturned and slammed into several vehicles before catching fire with flames. #Fujairah #UAE https://t.co/clLh2QAg9s — Newslive 24x7 🅧︎ (@kanpurtak) November 12, 2026 Идентификација на жртвите и третман на повредените Полицијата во Фуџаира објави дека триесет лица се повредени и однесени во болница. Полицијата додаде дека се користат ДНК тестови за идентификација на телата на загинатите. Меѓу загинатите има граѓани на Емиратите, а индискиот конзулат во ОАЕ потврди дека загинале и нивни граѓани. Конзулатот соопшти дека е во контакт со семејствата на жртвите и дека соработува со локалните власти за давање помош. Службите за итни случаи, вклучувајќи полиција, болничари и екипи за цивилна заштита, веднаш пристигнаа на местото на настанот. Тие го изгаснаа пожарот, ги пренесоа повредените во болници и го обезбедија подрачјето, каде што сè уште се наоѓаат специјализирани екипи. Министерството за внатрешни работи и полицијата изразија сочувство до семејствата на загинатите и им посакаа брзо закрепнување на повредените. Половина од повредените беа пуштени од болница по лекувањето, додека другите беа задржани на понатамошно лекување. Властите објавија дека меѓу загинатите има државјани на Емиратите, Оман, Индија, Бразил, Пакистан, Јордан и Египет.Тагови: Емиратите судар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter