Ако продолжат верските собири Филипче ќе предложи нивна забрана

Погребите да се прават во кругот на семејството, да не се посетуваат бањско климатски лекувалишта, домовите за стари лица да го намалат бројот на нови лица за згрижување.

Граѓаните да не ангажираат мајстори за реновирање, апелираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче повторувајќи ја препораката за избегнување места со поголем број луѓе како мерка за превенција од коронавирусот. Ако продолжат верските собири Филипче најави дека ќе и предложи на Владата да најде начин да ги забрани.

– Апелите важат за сите. Пораките важат за сите. Никој не смее ниту да помисли да ги прекрши овие пораки. Сериозно ќе биде санкциониран. Сериозни се прекршоците и никој не смее да си дозволи да го загрози јавното здравје. Ја разбирам емотивната состојба кога станува збор за погреб, ама може овој период погребите да се прават во кругот на најтесното семејство. Нека останат тие собирања за понатака. Ако продолжат и верските собирања понатака ќе предложам на Владата да најде начин да се забранат, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашања.

Според него, треба да се избегнуваат и бањско климатските центри, а домовите за стари лица да го редуцираат бројот на новопримени. – Треба да се избегнуваат сите објекти каде има голема бројка на луѓе Утрово разговарав и со директорката на Домот во Ѓорче Петров дека таму треба да се редуцира бројот на новорпимени затоа што таа е најризична категорија, рече Филипче советувајќи, меѓу останатото, граѓаните да не реновираат дома затоа што тоа подарзбира ангажирање и контакт со мајстори.

Како што објави на прес-конференцијата, во државава се заболени 26 лица со коронавирус, сите се во стабилна состојба, се чекаат резултати за шест лица, а во групен карантин во касарната во Пепелиште ќе бидат 200 лица наши државјани кои ќе бидат транспортирани денеска организрано во државава./МИА

Јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред, жичницата нема да работи

 Јавниот превоз во Скопје денека ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје.

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Променливо облачно, попладне и вечер на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени.

-До петок ќе се задржи променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.

Од четврток дневната температура ќе биде во опаѓање, а во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Македонија гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори

Гласачките места се отвораат во точно седум часот, и ќе се гласа до 19 часот.

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.. Вчера гласаа затворениците, болните и изнемоштени лица, како и 2569 лица од дијаспората но само за претседател, но не и за пратеници, поради недоволен број на пријавени..

На едно избирачко место во општина карпош е нашиот репортер Игор Манасиевски.. Игор дали навреме почна гласањето ?

притисни ентер