ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците
1ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година
ЗдравјеАко постојано ви се јаде слатко, телото ви испраќа сериозен сигнал за тревогаEве на кои промени треба да обратите внимание Постојаната потреба за слатко кога сте на ригорозна диета не е нешто невообичаено, но доколку се храните урамнотежено, би требало да проверите дали сè е во ред со вашата крвна слика, зашто тоа може да укажува на одредени здравствени проблеми. Шеќерот го стимулира лачењето на серотонин (хормонот на среќата) и ендорфин (кој нè смирува), па тешко се откажуваме од слатките. Од друга страна, многу студии од областа на холистичката медицина, покажуваат дека потребата за одредени намирници е јасен знак дека на телото му се потребни повеќе хранливи материи. Еве кои се причините за постојаната потреба од слатки: Флуктуација на шеќер во крвта Ако не можете да ја задоволите потребата за слатко, тоа значи дека на вашето тело му е потребно повеќе „гориво“ за одржување на шеќерот на стабилно ниво. Ова се случува доколку ги прескокнувате оброците или тие се неизбалансирани. Оброците кои вклучуваат протеини, сложени јаглехидрати и влакна на вашиот организам му ги даваат потребните хранливи состојки, кои го оневозможуваат постојаниот пад на шеќер во крвта. Дехидратација Кога нашето тело е дехидрирано, исто така може да чувствуваме потреба за благо, бидејќи организмот честопати ги меша чувството за глад и жед. Затоа пред да посегнете по слатките, напијте се чаша вода! Недостаток на магнезиум Во последните неколку години, сè поголем број експерти укажуваат дека постојаната желба за благо е чест показател дека на нашето тело му недостасува магнезиум. Ова е особено честа појава кај луѓето кои постојано јадат чоколадо. Недостатокот на магнезиум е особено проблематичен во текот на месечниот циклус бидејќи симптомите на ПМС, како што е раздразливоста, се поизразени кај жените на кои им недостасува овој минерал, што дополнително ја зголемува нивната желба за слатки. За да го надминете овој проблем, зголемете го внесот на храна богата со магнезиум, како спанаќ, мешунки, јаткасти плодови или семки. Погрижете се секој ваш оброк да содржи некоја од споменатите намирници и желбата за слатко постепено ќе се намалува. Недостаток на витамини и минерали Од друга страна, ако имате постојана потреба од овошје, тоа значи дека на вашето тело му недостасуваат витамини и минерали. Иако нема ништо лошо во консумирањето овошје, доколку вашата желба е претерана, нутриционистите советуваат да го комбинирате со протеини, како путер од бадем или други јаткасти плодови, кокосов јогурт и слично. Стрес Конечно, желбата за шеќер најчесто се јавува кога сме под стрес бидејќи, како што рековме, го поттикнува лачењето на серотонин и ендорфин. Сепак, иако шеќерот ни помага да се чувствуваме подобро во моментот, тој не го решава проблемот. Така, многу поефикасно ќе се ослободите од стресот ако почнете да вежбате или барем пешачите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратеницитеДодека со разни панаѓури и концерти си прославија 35 години од осамостојувањето на Македонија, Законот за укинување на двојното државјанство на пратениците сѐ уште седи заглавен некаде во собраниските лавиринти.Колку што е важно да се докажува патриотизмот и љубовта кон државата преку концерти и разни настани платени со народни пари, кои патем очигледно никој не знае точно колку чинат, исто толку е и важна лојалноста на пратениците, па и на другите функционери кон нашата држава. Додека устите им се полни со патриотизам и за тоа кој колку ја сака државата, самите предлагачи на Законот за укинување на двојните државјанства, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, сѐ уште молчат и го избегнуваат донесувањето на оваа регулатива. Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, со јавно објавен заверен нотарски акт побара и останатите колеги-пратеници да докажат дека и тие како неа, поседуваат само македонско државјанство. До денеска, освен Зајкова, сите други пратеници сметаат дека нема потреба од јавно докажување на лојалноста, верноста и љубовта кон државата, истата од која секој месец земаат плата и користат разни бенефиции. Во таа насока, ЛДП повторно бара од пратениците час поскоро да ги донесат измените со кои ќе се ограничи правото за поседување на две државјанства на пратениците, но и на министрите, директорите, јавните обвинители, судиите и другите функционери. Нема потреба од половични решенија, „ќе важи за овој мандат, ќе важи за другиот мандат“, „ќе важи за едните, ама нема да важи за другите“. Воедно, предлагачите на законот исто така да побараат сите актуелни носители на функција да ги достават на увид нивните досиеја и сите што поседуваат двојно државјанство, да се откажат од второто или во истиот момент да си поднесат оставка. Сѐ останато е купување на време и замајување на јавноста, но и отвара сериозни сомнежи за тоа дали извршителите на државните функции вистински ги штитат интересите на Македонија, или пак на некоја друга држава. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмериканските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еденАмериканските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден, како одговор на тоа што Техеран двапати гаѓаше американски воен брод, соопшти Централната команда на САД.Четири ирански танкери за нафта во Оманскиот залив поврзани со корпусот на Иранската револуционерна гарда беа цел на нападот, како и уште еден во близина на островот Харг, голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, додаде централната команда на САД. Техеран одговори со лансирање ракети врз американската база во Јордан - од кои повеќето беа соборени - и соопшти дека нападнале два американски брода и осум танкери за нафта во Ормутскиот теснец. Пресметките меѓу двете земји ескалираа изминатата недела, по повеќе од шест месеци откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари. Цените на нафтата пораснаа на азиската берза. Референтната сурова нафта „Брент“ поскапе за 1,5% , додека нафтата што се тргува на берзата во САД е повисока за 1,3%.Тагови: ирански танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПерпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00
ЗдравјеСе смирува нилската треска, нема нови примени на Инфективната клиникаНема нови приеми на пациенти на Клиниката за инфективни болести, со нилска треска.Од клиниката за Канал 5 потврдија дека е пуштен пациент од клиниката кои се лекувал повеќе од една недела и е во добра здравствена состојба. Засега на клиниката има седум пациенти со нилска треска, двајца се во тешка состојба и се во одделот за интензивно лекување. Осум пациенти починаа поради компликации од нилската треска и имале и други заболувања, сите се на возраст над 60 години. Од Град Скопје највија дека денска ќе се прскаат водните површини против ларави од комарци.Тагови: западно нилска треска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook