Ако има пропусти, ќе има одговорност–вели Таравари за пациентот што почина на кардиохирургија - Канал 5

Ако има пропусти, ќе има одговорност–вели Таравари за пациентот што почина на кардиохирургија

Не знам дали има пропусти во случајот со починатиот пациент на клиниката за кардиохирургија, се уште не се сум го видел извештајот од ДСЗИ. 

Таравари

„Не знам дали има пропусти во случајот со починатиот пациент на клиниката за кардиохирургија, се уште не се сум го видел извештајот од ДСЗИ. Доколку има пропусти одговорност ќе има изјави министерот за здравство Арбен Таравари. На прашањето што доколку треба денеска да се направи ваква ваква итна интервенција да се направи, Таравари конкретно не одговори каде? И дали е во функцијакаридохирургија? И каков е статусот во приватните болници на товар на фондот?

„Засега не можам ништо да кажам додека не го прочитам извештајот од ДСЗИ, доколку има пропусти одговорност ќе има“, изјави Арбен Таравари министер за здравство.

ДСЗИ уште вчера по направената контрола го изготви извештајот каде стои дека на клиниката за кардиохирургија имало недостаток на стентови за интервенција ТЕВАР а салата каде се изведуваат такви интервенции е во градежен зафат, заради поставување на компјутер. Такви стентови немало ниту на тораклана хиругија, а во приватна болница им била побрана висока сума за ТЕВАР интервенција. Им била понудена опција лекување во странство, но семејството одбило, се вели во извештајот на ДСЗИ.

„При ЕХО е утврдено и оштетување на срцев залисток кое доведува до висок ризик доколку е изврешна отворена хируршка интервенција во операционата сала која работела“, се вели во соопштението на ДСЗИ .

Фамилијата одбила и обдукција што дополнително ќе отежни докажување на одговорност во начинот на лекувањето. Првиот човек на судска медицина Станков објаснува дека обдукцијата е потребна во делот на истражна постапка, а исто така обдукцијата е важна и за фамилијата со цел да се докаже гентско заболување. Обудкциите се потребни и во делот на статистика за причина на смртта и какви здравствени политики да се направат.

„Ако нема обдукција тогаш не може да се докаже дали смртта е поради лекарско неправилно постапување. Обдукцијата е навистина потребна“, вели проф.д-р Александар Станков директор на Институт за судска медицина.

57 годишниот Тони Ангеловски почина минатата недела поради сериозна компликација од торакоабодминална аорта. Според сведоштвото на семејството, Ангеловски немал интервнција, бидејќи им било кажано дека до 15 Мај во клиниката не можело да се направи таква интервенција. Од клиниката преку соопштение објаснија дека се е направено за пациентот кој бил примен во тешка здравствена состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: И Трамп пристигна во Шенжен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес пристигна во Шенжен, град во јужната кинеска провинција Гуангдунг, каде што ќе присуствува на дводневниот 33-ти самит на економски лидери на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).

Видео: И Трамп пристигна во Шенжен

Претседателот на Кина Си Џинпинг лично го пречека Трамп на аеродромот во Шенжен.

Со овој гест, Си отстапи од вообичаената практика. Откако ја презеде функцијата, Си никогаш претходно нема пречекано американски претседател на аеродром.

Во Кина, каде што протоколот се сфаќа исклучително сериозно, појавувањето на Си на пистата претставува јасен сигнал за важноста што Пекинг ѝ ја придава на својата врска со Соединетите Држави.

Трамп инаку е првиот американски претседател кој го посетил овој град во Кина за време на неговиот тековен мандат. Шенжен инаку е еден вид престолнина на вештачката интелигенција (ВИ) и кинески одговор на Силиконската долина, каде што се наоѓаат кинеските технолошки гиганти, според CNN.

Се очекува Трамп во Шенжен да оствари историска средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, а невидената трилатерална средба е закажана за утре.

Пред Трамп, рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Шенжен, а тој веќе се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, според руските и кинеските медиуми.

Путин и Си се сретнаа на маргините на самитот на АПЕК и разговараа за билатералните односи и меѓународната ситуација, пренесува РИА Новости.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започна вториот ден од конститутивната седница на српското собрание

Започна вториот ден од конститутивната седница на Парламентот на Србија, пратениците се во пратеничките клупи, присутни се 128 пратеници.

Започна вториот ден од конститутивната седница на српското собрание

Пратениците на Собранието на Србија денес продолжуваат со својата работа и конститутивната седница на новото свикување. Седницата започна во 10 часот о. Вчера беше конституирано новото, 15-то свикување на Народното собрание на Србија.

Формирани беа и пратеничките групи на Студентската листа, предводена од Јово Бакиќ, и Единствена Србија, предводена од Александар Вучиќ.

Кандидати за претседател на Парламентот се Александар Чупиќ и Стојан Раденовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати

Мицкоски и Кочоска планираат во 2027 година да ги задолжат граѓаните на Македонија со нови две милијарди евра. 

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати

За да го оправдаат огромното задолжување, Кочоска и Мицкоски лажат, како и за се друго. Велат дека толку долг доспева за враќање.

А во предлог- Буџетот за 2027 којшто Кочовска го предлага, стои дека за отплата на долг се предвидени 64,6 милијарди денари, односно 1 милијарда евра.

Уште една лага за некакви „наследени долгови“ е разбиена.

Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, за 50 проценти повеќе од вкупниот долг на државата од независноста до денеска.

Со Предлог-буџетот за 2027 година, планира да ги задолжи граѓаните за уште 2 милијарди евра.

Додека граѓаните живеат лошо, трошоците за живот растат, платите стагнираат. Во 2027 се најавува поскапување на парното и струјата, што ќе значи уште еден удар врз стандардот на народот.

Нови долгови за граѓаните, огромни камати коишто треба да ги плаќаат а нема пари за минималната плата од 600 евра, нема пари за поголем студентски оброк, нема пари за земјоделците.

Пари за граѓаните нема. Знаеме каде има, само кај Мицкоски и неговата банда.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер