Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
2 Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
Шоу бизАко го пребарувате овој филм на „Google“, целиот екран ви станува розовБарби-манијата го зафати светот, а се чини исто и „Google“.Ако не сте го пребарувале на „Google“ филмот за кој сите зборуваат овие денови, време е да го направите тоа. „Google“ реши да ги изненади љубителите на филмовите. Кога ќе напишете „Barbie“ во пребарувачот на „Google“, првото нешто што се појавува се трејлерите и страниците поврзани со самиот филм, а потоа доаѓа изненадување - целиот екран ќе ви стане розов и ќе ви излезат розови ѕвезди. Инаку, претходните денови низ светот се одржаа премиерите на филмот Барби во кој главните улоги ги имаат Марго Роби и Рајан Гослинг. Наскоро филмот ќе се прикажува во кината ширум светот, а јасно е дека многу луѓе едвај чекаат да го погледнат. Барби го режираше Грета Гервиг, а улогите, покрај Марго и Рајан, ги толкуваат и Грета Гервиг, Вил Ферел, Ема Мекли и Мајкл Сера. Истиот ден кога ќе излезе Барби, во кината доаѓа уште еден хит - Опенхајмер. Поради возбудата околу двата филма, кои излегуваат на ист датум, настана интернет феноменот Барбенхајмер и многумина дебатираат кој филм прв да го погледнат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево со мала до умерена локална облачност и температура до 24 степениУтрово е биде ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степена. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре и во четврток ќе преовладува стабилно време со свежи утра. Во петок се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 23. септември 2026 година Дневен хороскоп за среда, 23. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можеби ќе бидете доста романтични или на саканата личност ќе и предложите одење на забава. Немојте да се срамите. Кариера Подготвеноста да попуштите не е вашата типична особина , но денеска ќе бидете такви. Но , и тоа ќе биде на место. Здравје и совет Бидете она што сте. Вага 24.9.-23.10. Љубов Веројатно денеска малку повеќе ќе поработите на вашиот сексуален живот , а на партнерот ќе му биде мило. Кариера Ќе почнете се подобро да се поврзувате со луѓето , а ќе се надоврзат и покани и повици за работа во други региони. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои некого освојуваат денеска ќе знаат да изберат вистински зборови за да дојдат до саканата цел. Ќе бидат искрени. Кариера Малку повеќе дипломатија и толеранција би ви заштедило маки и непотребен напор на работата. Здравје и совет Ќе бидете меланхолични. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Сериозните теми ќе успеете да ги тргнете со помош на духовита конверзација. Другата страна ќе нема забелешки. Кариера Ќе дојде до уште подобра соработка со колегите. Ќе успеете да ги прилагодите различните идеи и мислења. Здравје и совет Не се натпреварувајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно вечерва ќе излезете и убаво ќе си поминете во добро друштво. Не останувајте дома. Кариера Со мали чекори може да стигнете до значајна цел исто како и со големи чекори. Затоа несе грижете ако напредокот е постапен. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе чувствуваат се поголема поврзаност со личност со која работат. Ќе ги интересира што би можело од тоа да произлезе. Кариера Вашите колеги и соработниците ќе ги прифатат идеите што им ги нудите. затоа ќе бидете многу задоволни. Здравје и совет Верувајте во подобри денови. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележите дека драгата личност станува се повеќе чувствителна. Бидете внимателни. Кариера Посакувате уште поголеми признанија од оние што неодамна ги добивте. Би било добро да сте малку поскромни. Здравје и совет Треба повеќе да се рекреирате. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата најдрага личност ќе очекува повеќе нежност , а слична потреба ќе имате и вие. Треба само да почнете. Кариера Пред вас се нови можности , кои се уште не се отворени целосно , но ги насетувате. Здравје и совет Служете се со интуицијата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Нема да знаете што најдобро да направите , односно како да се поставите. Единствен вистинским патоказ е вашето срце. Кариера Уште подобро ќе соработувате со луѓето на работното место. Ќе ви оди од рака секој проект , па дури и оној што сте мислеле дека е тежок. Здравје и совет Бидете подготвени на соработка. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во текот на денот ќе имате се поголема потреба да се затворите меѓу четирите ѕида на домот. Веројатно нема да излезете на забава. Кариера Би сакале нешто да предложите , но не сте сигурни како ќе биде прифатено. Ќе ја тестирате идејата врз најблискиот колега. Здравје и совет Имате право на одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе се вклучите во мрежата на весели луѓе , кои се подготвени се да споделуваат со другите. Тоа ќе ви биде полн погодок. Кариера Сакате да се пошегувате со колегите . Денеска ќе направите мала сцена , но никој нема да ви замери. Здравје и совет Добро е што не ги комплицирате работите. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе успеете да најдете заеднички јазик со саканата личност или со онаа која ви се допаѓа. Ќе бидете поопуштени. Кариера Денеска ќе треба малку да излезете од сенка и да поработите на еден деловен договор. Ќе бидете внимателни. Здравје и совет Читајте меѓу редови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Благојче Атанасовски и Умејер Мухамеди во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Благојче Атанасовски и Умејер МухамедиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter