Акција во 66 локали и казина - Канал 5

Акција во 66 локали и казина

Акција во 66 локали и казина
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како Македонија да се приспособи на новите начини на војување?

Како Македонија да ги приспособи своите одбранбени и безбедносни институции на новите начини на војување и кои технологии треба да ги воведе за да одговори на современите закани?

Како Македонија да се приспособи на новите начини на војување?

Во време кога конфликтите во светот го менуваат начинот на водење војни, експертите предупредуваат дека набавката на современа технологија и употребата на вештачка интелигенција сами по себе не се гаранција за поголема безбедност. Потребни се институционални промени, стратегија и навремено приспособување на новите предизвици.

„На нас професионалците ни останува да видиме како, преку конфликтите што се случуваат, институциите на државата и оние што се поврзани со одбраната и безбедноста подобро да ги разберат промените и да дојдат до соодветен заклучок што треба институционално да се промени и која технологија да се воведе. Бидејќи внесувањето технологија не значи само по себе дека ќе бидеме многу подобри.“ изјави – Зоран Иванов, Професор.

Според началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Сашко Лафчиски, технолошкиот развој може да предизвика револуционерни промени на бојното поле, но човечкиот фактор и понатаму останува клучен.

„Ако имате развивање на импресивна технологија во одреден период, тогаш повеќе од извесно е дека ќе имате и револуција на воените полиња. И секогаш кога имате револуција на воените полиња, поттикната од технологијата, тогаш дефинитивно ќе имаме еволуција. Бидејќи технологијата сама не може да менаџира сè што нам ни е потребно за да имаме успех на бојните полиња.“ изјави – генерал-потполковник Сашко Лафчиски.

Овие прашања беа во фокусот на панел-дискусијата организирана од Институтот за национална историја во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“. Целта е преку размена на искуства меѓу воени претставници, дипломати и истражувачи да се согледаат новите закани и предизвиците пред Македонија и колективната одбрана на НАТО.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пациентите со ретки болести со месеци чекаат терапија – здруженијата бараат усвојување национална стратегија

Со денови, па дури и со недели, дел од пациентите со ретки болести чекаат пристап до неопходната терапија..

Пациентите со ретки болести со месеци чекаат терапија – здруженијата бараат усвојување национална стратегија

Сметаат дека е потребна и подобра координација меѓу лекарите кои се грижат за овие пациенти. Претседателката на здружението „Живот со предизвици“, освен проблемите со редовната терапија, како проблем ја гледа и недоволната институционална поддршка за пациентите.

„Една од работите што секогаш не измачува и што веќе со години не се решава од кога е отворена програмата за ретки болести покрај тендерските постапки се набавките и нарачките на терапија.Една мала грешка прави одложување од една до две до три недели и затоа бараме тие нарачки и набавки да се прават порано“ – Весна Алексовска, претседателка на „Живот со предизвици“.

За лицата со мускулна дистрофија секое доцнење на терапијата значи изгубена шанса за подобрување на нивната здравствена состојба. Ване Петридов, претседател на „Мускулна дистрофија асоцијација Македонија“, и родител на 23 момче со ваква дијагноза, бара од надлежните системски решенија за навремен пристап до терапија, но и подобра координација меѓу лекарите кои се грижат за овие пациенти.

„ За лицата со мускулна дистрофија времето е од исклучителна важност бидејќи секое изгубено време значи изгубена можност и шанса тие деца да добијат лек и терапија која ветува многу и ја подобрува болеста.05:13 / Долго време апелираме до надлежните немаме соодветен мултидисциплинарен пристап бидејќи лицата со мускулна дистрофија покрај дијагнозата захтеваат пратење од доста доктори“-– Ване Петридов, „Мускулна дистрофија асоцијација Македонија“.

Пациентите со ретки болести не бараат привилегии, туку остварување на основните права на здравствена заштита и поголема предвидливост во обезбедувањето на терапиите, потенцираше и Наташа Анѓелеска, претседателка на Националната алијанса за ретки болести на Македонија.

„ Ние сме секојдневието ние ја живееме ретката болест.Не сме некој што бараме нешто однадвор или нешто што е луксуз, ние ги бараме само правата за здравствена заштита, за права на пациенти и она што следува во склоп на тоа“-- Наташа Анѓелеска, претседателка на Националната алијанса за ретки болести на Македонија.

Според податоците на здружението „Мускулна дистрофија асоцијација Македонија“, во него членуваат 26 деца со своите семејства. Најмладиот неодамна дијагностициран пациент е шестмесечно бебе, а највозрасниот меѓу членовите има 23 години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстрации и насилни судири ширум Европа од растечкото незадоволство поради животниот стандард

Демонстрации и насилни судири ширум Европа од растечкото незадоволство поради животниот стандард – скап живот а стагнирачка куповна моќ, недостапни цени на домување но и преоптоварени јавни услуги ..

Демонстрации и насилни судири ширум Европа од растечкото незадоволство поради животниот стандард

Демонстрации и насилни судири ширум Европа од растечкото незадоволство поради животниот стандард – скап живот а стагнирачка куповна моќ, недостапни цени на домување но и преоптоварени јавни услуги се фрустрациите кои извадија стотици илјади луѓе на улиците за време на викендот.

Најлошо погодена е Франција, каде од денеска се формира кризен штаб поради прераснувањето на дел од протестите во вандалистички немири и грабежи а во некои градови, полицијата ја изгуби контролата врз толпата – призна францускиот министер за внатрешни работи. Претседателот Емануел Макрон, порача дека иако ги разбира причините за мирните протести, оние кои се обиделе да ја урнат Републиката - ќе одговараат.

-Како можат француски граѓани да ѝ го направат ова на Франција? Зошто да се запали градското собрание во Лимож или туристичката канцеларија во Лион, зошто да се упадне во градското собрание во Марсеј или да се нападне резиденцијата на префектот во Бордо? Како можеше да дојде до ова? Ништо не го оправдува, ништо не го објаснува и ништо не може да послужи како изговор за ова.// Нашата земја заслужува квалитетни претседателски избори за шест месеци од сега. // Да за дијалог, да за конкретни, краткорочни одговори, и за подготовка на идни одлуки. Но, одлучно „не“ за насилството, во каква било форма. Потребни ни се единство, смиреност и почит. Да живее Републиката, и да живее Франција,- -Емануел Макрон, претседател на Франција.

Во Италија денеска безбедносен состанок оддржува и премиерката Џорџа Мелони откако викендов во Милано, Торино и Болоња демонстрациите се претворија во немири со повеќе повредени лица. Во Белгија пак, полицијата се судри со демонстранти во Брисел и Лиеж, а масовниот протест во главниот град на Португалија – Лисабон помина без поголеми инциденти.

Во соседна Албанија пак, протестите влегуваат во својот седми ден а главното барање останува оставка на владата предводена од Еди Рама. Рама одби да преговара со како што рече „радикализирани млади луѓе„ под влијание на екстремната левица, Русија и Иран.

-Тие живеат во луксуз, а потоа се искористени од овие други сили – од „Антифа“ и од странски разузнавачки служби, како и од непријателите на Албанија. Непријатели на Албанија, оние што ѝ посакуваат зло на Албанија. Русија не е сојузник на Албанија. Русија не е партнер на Албанија. Русија не е земја што ѝ го сака најдоброто на Албанија, што сака стабилна Албанија, што сака Албанија со инвестиции, што сака Албанија со силна економија, што ја сака Албанија во Европската Унија, што сака албанските студенти да бидат рамноправни со студентите од цела Европа,- -Еди Рама, премиер на Албанија.

Досега сконцентрирани во Тирана, демонстранти почнаа да се собираат и во неколку други градови како Валона, Елбасан и Скадар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер