3Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
МакедонијаAкција на МВР за нелегален ботокс и филери: Уапсени се повеќе од 10 луѓе, дел од нив доктори на Дерматологија и во ГОБ „8 Септември“„Слободен печат“ со детали за акцијата за нелегален ботокс и филери: Уапсени се повеќе од 10 луѓе, дел од нив доктори на Дерматологија и во ГОБ „8 Септември“.Вечерва под раководство на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, полицијата спроведува акција за сузбивање на организирана криминална група вмешана во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост“ и „неовластена употреба на туѓа фирма“, како и „примање поткуп“ и „помагање“, дознава „Слободен печат“ од свои добро упатени извори. Во рамките на акцијата врз основа на претходно обезбедени наредби од Основниот кривичен суд, се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола, при што уапсени се повеќе од 10 луѓе, дел од нив вработени како доктори на скопските клиники, сопственици на дерматолошки ординации и организатори на транспорт и продажба на илегално внесени стоки со статус на медицински лек и медицинско помагало, без одобрение од надлежен орган, без упатство и без налепници. При претресите пронајдени и одземени се поголемо количество на медицински лекови и медицински помагала, едно луксузно возило, парични средства, парфеми, телефонски апарати и друго. Неофицијално, медицинските средства што се внесени нелегално се ботокси и филери, со намера да се употребат за естетски интервенции, но нема информации дали истите биле употребени врз пациенти и дали предизвикале штета. Во акцијата опфатени се и доктори од ГОБ „8 Септември“ и од Клиниката за дерматологија, објави Слободен печат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување пожариДенеска (13.07.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, реализираа сообраќајна превентивна активност насочена кон пешаците како активни учесници во сообраќајот.На граѓаните им беше потенцирано дека кога се во улога на пешаци, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со напомена дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации. Полициски службеници од ПС за БПС при СВР Велес, денеска реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“, потсетувајќи ги возачите за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возило и сите останати сообраќајни правила и прописи, во насока на подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во Скопје реализираа превентивни активности насочени кон возачите на мотоцикли, електрични тротинети и велосипеди, при што возачите беа потсетени на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, особено за обврската за носење заштитен шлем. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, Одделението за превенција при СВР Скопје и ПО Чашка на подрачје на Скопје, с. Долно Којнаре и општина Чашка реализираа превентивни активности за заштита од пожари. На граѓаните им беше укажано за опасноста од несовесно фрлање и палење ѓубре, стрништа со сува трева, фрлање отпушоци и друг вид запаливи материјали на отворен простор и во близина на шумски појаси, за да се намали ризикот од појава на пожари на отворен простор. Целта на активностите е да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, како и навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување. Во рамки на активностите беше поделен и печатен материјал со едукативни препораки, со цел подигнување на свеста за безбедност. Отсекот за превенција при СВР Куманово, исто така, во соработка со ЈЗУ Општа болница Куманово во Куманово реализираше превентивна активност за заштита на граѓаните од топлотни удари, при што на граѓаните од страна на медицински лица им беа дадени соодветни препораки и совети. Со цел унапредување на меѓусебната соработка за превенирање на појава на пожари, полициски службеници од СВР Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Св. Наум“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад остварија работна средба со полициските службеници од полициската станица во Поградец, при Министерството за внатрешни работи на Република Албанија. На работната средба беа договорени координирани превентивни безбедносни мерки, со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари и спречување на пожари на отворен простор. Беа договорени заеднички полициски патроли низ шумските појаси околу граничниот и пограничниот појас за време на летната туристичка сезона, интензивни контакти за размена на информации за потенцијални ризици и креирање на директни меѓусебни информациски канали за побрза и поефикасна комуникација при евентуална појава на пожари на шумските појаси, како основа за итно известување за евентуално настанат пожар, што ќе значи брза реакција на надлежните служби за негово локализирање и гаснење. Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министриПратениците цел ден расправаат за реконструкцијата на Владата, со која во кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски ќе се сменат 8 министри.Со последните информации, од пред собранието ја имаме Јана Јосифовска. Исходот е извесен со оглед на големото владејачко мнозинство, единствено неизвесно е кога ќе биде гласањето. Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРаспишана потерница за Александар Лазаров – Цуната што им избега на полицајците низ прозорецМинистерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров викан „Цуната“, кој што во петокот избега од полициската станица во Кочани, каде што бил на распит откако бил фатен со дрога.Според информациите, тој го отворил прозорецот и се дал во бегство и уште не е пронајден. Директорот на БЈБ, Александар Јанев, објави дека денеска бил во полициската станица во Кочани за лично да се информира за сите детали и околности поврзани со настанот, кој, како што вели, сериозно ја наруши довербата во полициската служба. -Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности и преземање на соодветни мерки. Сакам јасно да порачам: ова е недозволиво. доколку се утврди намерно постапување, помагање, прикривање или несовесно извршување на службените задачи, ќе има одговорност. – објави Јанев. Опозиската СДСМ, преку соопштение ја обвини власта дека намерно го пуштала Лазаров и побараа оставка од министерот Панче Тошковски.Тагови: Цуната Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook