Акција на МВР: Петмина осомничени за злоупотреби со жито, меѓу нив и екс функционери - Канал 5

Акција на МВР: Петмина осомничени за злоупотреби со жито, меѓу нив и екс функционери

Најмалку пет лица, меѓу кои и поранешниот заменик министер за земјоделство Трајан Димковски се приведени во широка акција на МВР за сомнежи за организирана злоупотреба на државни стокови резерви во периодот 2021 – 2022 годин... 

Акција на МВР: Петмина осомничени за злоупотреби со жито, меѓу нив и екс функционери

Пет лица се осомничени дека со злоупотреба меѓу кои поранешниот заменик-министер за земјоделство Трајан Димковски, поранешен директор на Агенцијата за стокови резерви и уште тројца раководители од истата институција се приведени во големата акција што утринава ја спроведуваа од одделот за сузбивање организиран криминал во МВР во координација со обвинителство во Скопје, Куманово и Тетово. Со злоупотреба на службената положба ја оштетиле државата за речиси за 780 илјади, откако неправилно пријавиле огромен кусок од стоковните резерви на пченица и јачмен, соопшти основното јавно обвинителство. Осомничените спротивно на законот доставиле неточни инфорации до владата за отпис на стока.

„Петтмината дејствувале како соизвршители во периодот меѓу 2019 и 2021 година, прикривајќи дека во ЈП „Агро Берза“ постои неоснован кусок на 1.500 тони меркантилна пченица и 500 тони јачмен за сточна храна. Наместо да ја информираат Владата за реалната состојба, тие поднеле лажни податоци што било спротивно на Законот за стоковните резерви“, се вели соопштение на ОЈО.

Вешто лице ангажирано прекру бирото за процена изготвил лажен вешт наод, игнорирајќи дел од документацијата од Агенцијата за стоковни резерви и од ЈП „Агро Берза“. Токму тој вешт наод бил доставен до Владата и бил прифатен и владата донела одлука агенција за стокови резерви да изврши отпис на две илјади тони стока во 2022 година и вредноста на стоката чинела 780 илјади евра со што е направена директна штета на буџетот.

Од СДСМ реагираат дека станува збор за монтиран случај кон Трајан Димковски.

„Власта, фатена во огромниот скандал со ИПАРД тежок 130 милиони евра власта на Христијан Мицкоски прибегна кон единствено што знае: спинови и политички монитрани случаи. Власта ги оштети земјоделците за повеќе од 130 милиони евра со мега-корупциски скандал кој води директно до Трипуновски и Мицкоски и за кој нема никаква одговорност, ниту политичка ниту правна“, велат од СДСМ.

од владејачката вмро-дпмне реагираат дека сдсм се неровозни поради тоа што се открива криминалот од нивното раковдодње на државата..

„Нивните функционери ги уништија институциите и ја опустошија економијата. СДСМ треба да знае дека законот мора да се почитува. Политиката мора да ги тргне рацете од правосудниот систем. Институциите мора да профункционираат, а законот да важи еднакво за сите. Време е правото и правдата да профункционираат во државата“ велат од ВМРО ДПМНЕ.“

Обвинителството соопшти дека делото се гони во скратена постапка, до судија е поднесен предлог за определување мерки на претпазливост, одземање патни исправи и задолжително јавување во суд за сите осомничени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“ - девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификување

Две нови обвиненија против вкупно девет лица за злоупотреби поврзани со даночните контроли во дискотеката Пулс во Кочани.

Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“ - девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификување

Тамошното обвинителство поднесе обвинителен акт против три лица – двајца даночни контролори од УЈП кои побарале и примиле очила и рачен часовник со цел да го информираат за ненајавени вонредни контроли во фирмите каде третообвинетиот бил одговорно лице. Според информациите станува збор за инспекторите во штипската дирекција на УЈП, Драган Паунов кој инаку е брат на претседателката на скопскиот Кривичен суд Даниела Димовска, и Дуле Димитриев. Додека Михаил Јованов, синот на Дејан Јованов Деко, е одговорното лице во објектите. Информациите околу даночната постапка кои законски не смееле да ги оддаваат, иснпекторите на Михал Јованов му ги пренесувале преку вибер пораки.

-Двајцата даночни контролори се обвинети и за – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, бидејќи при извршена контрола во правниот субјект во кој одговорно лице бил третиот обвинет, на 06.03.2024 година утврдиле даночни неправилности и нерегистриран промет, но во записникот не ја внеле откриената незаконитост. Со ова на буџетот му нанеле шета од 98.400 денари кои останале како ненаплатена глоба кај прекршителот,- -ОЈО Кочани.

Дел од пораките меѓу Јованов и инспекторите, ИРЛ објави лани во септември. Комуникацијата посочуваше на дојави до дискотеката пред да има инспекциски контроли и подмитувања со подароци. Обвинителството тогаш потврди дека пораките се дел од доказниот материјал.

Шест лица пак се опфатени во обвинителниот предлог - четворица даночни контролори и инспектори од УЈП, и една вработена во ДПИ кои ги вршеле контролите во Пулс и фирмите на кои реален сопственик е Дејан Јованов – Деко, кој е шестообвинет.

-Констатираните неправилности не ги евидентирале и фалсификувале извештаи за извршените надзори. Со тоа на фирмите не им се наплаќале законски предвидените глоби. Во дејствијата на злоупотреба им помогнал и самиот реален сопственик,- -ОЈО Кочани.

Кривичната пријава првично опфаќала уште четири лица за злоупотреба на службената положба. За две лица постапката е запрена поради застареност, додека за другите две е утврдено дека нема дејствија на ова или на друго кривично дело што се гони по службена должност, велат од обвинителството.

Со овие две, за кочанската трагедија со пожарот во дискотеката Пулс каде загинаа 53 лица, досега има шест обвиненија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров

Влегле низ задната врата, ја извлекле од постела, ја врзале и малтретирале, а потоа ја ограбиле и убиле, ова се неофицијално деталите од убиството на 76 годишна жена од Ѓорче Петров, која утринава беше пронајдена мртва во својот дом.

76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров

Станува збор за грабеж кој резултирал со убиство, второ во Ѓорче Петров за само пет дена, откако во населбата во Хром, исто така со траги на насилство, беше пронајден мртов 62 – годишен маж. Жртвата, жителка на улицата Ѓурчин Кокале, утринава околу 9 часот ја пронашна нејзината ќерка, која дошла да ја посети и да и помогне околу домашните обврски. Убиството, според неофицијални информации, не е извршено со огнено оружје.

Токму ова е куќата, белата во позадина каде утринава била пронајдена жената од страна на својата ќерка. Според неофицијалните информации, била убиена во дневната соба.

Убиената била мирна и тивка жена со здравствени проблеми, велат соседите кои се шокирани што на оваа улица, на која немало поголем инцидент, се случило убиство, бидејќи истата важи за една од најбезбедните и најмирните улици во Ѓорче Петров. Сега велат, стравуваат за себе и најблиските.

На оваа улица јас живеам можеби 30-40 години, вакво нешто не се случило, немало ни грабежи, ни ништо. Девојченцето, ете се случило тој ден да одат во Маврово, кога се вратиле, кога ја затекнале, мртва. Значи треба да се заклучуваме и денски и навечер, ниски се оградите. Ова е прва случка ваква, немало досега, не знам за понатаму што да кажам.

Канал 5 ги затекна екипите на МВР кои вршеа увид на местото на злосторството, по сторителите во моментов се трага.

-Во 09:18 часот во СВР Скопје, М.А. пријавила дека во куќа на ул. Ѓурчин Кокале ја пронашла нејзината мајка О.А. без знаци на живот. Од страна на итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Неофицијално, според извори на Канал 5 од истрагата, полицијата истражува дали има можна поврзаност помеѓу двете убиства во изминативе пет дена. Според информациите, и 62 годишникот е убиен по разбојништво. Од обвинителството посочуваат дека се преземаат сите дејствија за расчистување на убиствата.

Неофицијално, едно лице осомничено за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров е приведено и во моментов се наоѓа во полициска станица.. За ова нема официјална потврда од МВР...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. 

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН.

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации.

САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа.

Планот во моментов чека конечна одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер