БалканАкција на грчката полиција во универзитетскиот кампус во Атина, приведени три лицаСпецијалните оперативни акции на грчката полиција ќе продолжат.Палки, празни пивски шишиња што се користат за молотови коктели, шок бомби, солзавец, меѓу другото, пронашла грчката полиција во универзитетскиот кампус во Атина за време на денешната акција и биле приведени три лица, јави дописничката на МИА од Атина. Во текот на ноќта во неделата и во четвртокот во атинската населба Зографу, во непосредна близина на кампусот беа запалени паркирани возила, но имаше и инциденти меѓу непознати лица и полицијата, а постоеја сомнежи дека сторителите излегле токму од студентските домови. Акцијата на полицијата, со цел сузбивање на криминалот и деликвенцијата, беше спроведена во раните утрински часови во внатрешноста на кампусот каде што беа уапсени двајца грчки и еден странски државјанин. При проверката на студентските домови, како што соопштија од полицијата, биле пронајдени и одземени: 27 празни пивски шишиња, 11 палки, четири шок бомби, два солзавци, пет шлемови, гас маска, маски за лице од типот „full face“, лаптоп, камера, запалено грчко знаме, ракавици, како и голем број рачно напишани белешки со анархистичка содржина. -Специјалните оперативни акции на грчката полиција ќе продолжат со несмален интензитет со цел зајакнување на чувството на безбедност кај граѓаните, соопштија од полицијата. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Македонија25 години од Охридскиот договорМакедонија денеска одбележува 25 години од потпишувањето на Охридскиот мировен договор потпишан меѓу тогашните најголеми политички партии во присуство на специјалните претставници од Европската унија и САД, Франсоа Леотар и Хавиер Солана и ПитДоговорот беше потпишан за време на конфликтот во 2001 година меѓу македонските вооружени сили и албанската ОНА со кој се стави крај на воениот конфликт. Преговорите траеја во периодот од јули до август и се одвиваа во вилата „Билјана“ во Охрид од каде и потекнува неговото име – Охридски договор. Во нив учествуваа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски, тогашниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски, тогашниот претседател на ПДП Имер Имери и тогашниот претседател на ДПА Арбен Џафери. Во очи на годишнината вчера Министерството за односи со заедниците организираше панел дискусија од која беа испратени пораки за продолжување на реформите, зајакнување на децентрализацијата, владеење на правото и европската интеграција. Одбележувањето продолжува и денес, а Демократската унија за интеграција предводена од Али Ахмети организира посебна прослава насловена „25 години од Охридскиот мировен договор – наследството, предизвиците и иднината“ во хотелот Александар Палас во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МетеоПроменливо облачно време со сончеви периоди, наместа нестабилно со пороен дождВремето денеска ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 36 степени. Времето во наредните денови Денеска и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 13. август 2026 годинаДневен хороскоп за четврток, 13. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Семејството денеска ќе ве привлекува и ќе ве одбива. Ќе има влијанија што кај вас ќе предизвикуваат фрустрации. Кариера Ќе бидете фокусирани на луѓето околу себе со кои уште не сте дефинирале некои работи. Здравје и совет Оние кои се движат на работа , ќе уживаат во секој момент. Девица 23.8.-23.9. Љубов Многу е веројатно дека ќе се натпреварувате со саканата личност околу надмоќ во врската. Тврдоглавоста нема никого да направи среќен. Кариера Малите мудрости ќе бидат вашата добитна комбинација во работата.Не се залетувајте , туку прво промислете. Здравје и совет Емотивно незадоволство. Вага 24.9.-23.10 Љубов Денот е поволен за секаков вид љубовна комуникација.Доколку сте сами , препуштете им се на чувствата и изразете ги. Кариера Оние кои се движат на работа , денеска ќе уживаат во секој момент.Другите ќе имаат потреба за движење и ќе ги засилат контактите. Здравје и совет Не анализирајте ги своите заслуги. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќе измислат поетски зборови , со кои ќе ја заведуваат личноста што им се допаѓа. Другите ќе ги решаваат малите семејни проблеми. Кариера Парите и комуникациите ќе бидат главни обележја на работниот ден. Главно доборо ќе се снаоѓате. Здравје и совет Мали проблеми со циркулацијата. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Многумина денеска ќе добијат шанса да ги покажат вистинските чувства.Ќе бидат отворени , искрени и чесни. Кариера Немојте да се двоумите ако треба да се впуштите во некаков ризик.Околностите , лѓето и настаните ќе ве поттикнат во тоа. Здравје и совет Подобрување во секој поглед. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска вашиот личен живот ќе се одвива пријатно.Ќе има мали натпревари со партнерот, но се ќе свртите на шега. Кариера Она што ве задржува на работа се подобрите перспективи што можеби не ги очекувавте.Добро е. Здравје и совет Може да се опуштите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе верувате дека сте на добар пат , но вашите реакции ќе бидат необмислени .Контролирајте се и се ќе биде добро. Кариера Денеска ќе се занимавате со финансиски теми. Ќе бидете задоволни со резултатите, но малку ве загрижува иднината. Здравје и совет Не ја трошете одеднаш целата енергија. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно денеска ќе се покажете како исклучително чувствителна и привлечна личност.Едноставно ќе блескате. Кариера Се што ќе работите денеска ќе има јасна порака дека вашето влијание е неопходно. Со задоволство ќе бидете прифатени од колегите. Здравје и совет Дотерајте се и излезете некаде. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска ќе поработите на развојот на еротската страна на врската. Ќе настојувате што побргу саканата личност да ја однесете во кревет. Кариера Ви претстои договор во врска со вложување или состанок со спонзори.Ќе биде малку тензично.обидете се да бидете појасни. Здравје и совет Многу работи ќе ви изгледаат здодевни. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако имало помали недоразбирања меѓу вас и саканата личност , денеска ќе успеете да ги смирите работите. Кариера Нека не ве загрижува тоа што одите со мали чекори . И на тој начин се стигнува до голема цел.Продолжете така. Здравје и совет Не се расправајте , туку соработувајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе чувствувате дека среќата е во поврзаноста со луѓето и затоа демеска ќе се покажте како исклучително друштвена личност. Кариера Ви се оди некаде , но не можете. Истото ќе важи и за работните задачи што сакате да ги избегнете. Здравје и совет Бидете поодговорни. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашиот љубовен залет ќе продолжи и денеска. Оние кои можеби уште бараат сродна душа , нека излегуваат во друштво. Кариера Ќе немате повеќе грижи . Сте почнале добро и продолжувате со исто темпо. Здравје и совет Се чувствувате се подобро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook