Акциите на Мајкрософт паднале за 5 проценти во последното тримесечие - Канал 5

Акциите на Мајкрософт паднале за 5 проценти во последното тримесечие

Американската технолошка корпорација Мајкрософт објави резултати за кварталот октомври-декември кои ги надминаа очекувањата на Вол Стрит, но акциите на компанијата сепак паднаа за 5 отсто откако компанијата објави и послаби очекувања за приходите.

Акциите на Мајкрософт паднале за 5 проценти во последното тримесечие

Фискалната година на Мајкрософт трае од 1 јули до 30 јуни, така што периодот од октомври до декември го претставува неговиот втор фискален квартал.

Во споменатиот квартал Мајкрософт имал приход од 69,63 милијарди долари и заработиле 3,23 долари по акција, што и во двата случаи ги надмина очекувањата на агенцијата LSEG, која предвидувала приход од 68,78 милијарди долари и заработка по акција од 3,11 долари, пренесува С-NBC.

Како што е објавено, Мајкрософт заработил 25,54 милијарди долари во својот бизнис сегмент на Интелигентен облак, кој ја вклучува платформата за пресметување Azure.

Тоа претставува зголемување од 19 отсто, но сепак е под очекувањата на аналитичарите во Streetcount, кои предвидувале 25,83 милијарди долари.

Сегментот за продуктивност и деловни процеси на Мајкрософт, кој вклучува претплати на софтверот за продуктивност на Office и деловната платформа LinkedIn, оствариле приход од 29,44 милијарди долари во вториот фискален квартал, над очекувањата на аналитичарите.

Сепак, инвеститорите биле малку разочарани од насоките за тековниот фискален трет квартал, бидејќи главниот финансиски директор на Мајкрософт, Ејми Худ, објави дека приходот ќе биде помеѓу 67,7 и 68,7 милијарди долари, додека LSEG очекува 69,78 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роналдо му изразил сочувство на Меси по смртта на неговиот татко

Големи ривали, но и големи луѓе.

Роналдо  му изразил сочувство на Меси по смртта на неговиот татко

Двете големи фудбалски ѕвезди кои со своето ривалство на зелениот терен ги одбележаа последните 15 години во светскиот фудбал Португалецот Кристијано Роналдо и аргентинскиот волшебник Лионел Меси покажаа дека нивното ривалството е само на теренот не и во приватниот живот.

Португалецот Кристијано Роналдо упати сочувство до Лионел Меси и неговото семејство.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, испратил порака за поддршка до Лионел Меси по смртта на неговиот татко Хорхе.

Најважниот човек во животот на аргентинскиот волшебник почина на 69-годишна возраст, по борба со тешка болест.

Ситуацијата за семејството Меси била многу тешка уште за време на Светското првенство, а трагичната вест пристигнала овој викедн во саботата.

Сочувство до Лионел пристигнуваа од сите страни, а посебно внимание привлече емотивната порака од Кристијано Роналдо, со кого водеше големи битки на теренот, како и трката за титулата „најдобар на сите времиња“ (GOAT), која ја подели фудбалската јавност.

„Голема прегратка за тебе и твоите најблиски во овој тежок момент, Лео. Остани силен“, му порача Роналдо на Меси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Додека се шири западнонилската треска, институциите молчат – кој ќе одговара?

Додека западнонилската треска се шири, имаме заболени и веќе еден починат пациент, надлежните институции повторно се однесуваат како проблемот да ќе исчезне ако доволно долго молчат.

ЛДП: Додека се шири западнонилската треска, институциите молчат – кој ќе одговара?

Ова не е тема за бирократски соопштенија и префрлање на топката од една институција на друга. Ова е јавно здравје и човечки животи.

Според досега објавените информации, епидемија е прогласена во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, регистрирани се 26 случаи, а еден пациент е починат. Затоа прашуваме: што правеа институциите додека растеше бројот на заболени?

Кога го добиле првото предупредување? Кога сфатиле дека бројот на случаи расте? Дали и кога е извршена дезинсекција и со каков опфат? Кои биле утврдените ризични подрачја? Колку пари се обезбедени за итни мерки и, конечно, кој ќе понесе одговорност ако било задоцнето со превенцијата?

Не прифаќаме граѓаните да дознаваат од медиуми и социјални мрежи дека во нивната општина е прогласена епидемија, додека надлежните се кријат зад институционален молк.

Комарецот не знае каде завршува една, а почнува друга општина, па затоа е срамно Владата, Министерството, здравствените институции и општините да си ја префрлаат одговорноста додека заразата се шири.

Бараме Владата, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје – Скопје и локалните самоуправи веднаш и јавно да соопштат што презеле досега, што ќе преземат во следните денови и кој конкретно е одговорен за секоја мерка.

За епидемија не се реагира откако ќе почнат да се бројат заболени и починати. Се реагира пред тоа. Тоа се вика превенција. Сè друго е неодговорност што граѓаните ја плаќаат со сопственото здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Сега Муцунски се занимава со полиција откако Тошковски беше задолжен за хиперхлорирање

Граѓаните се соочуваат со здравствени последици од труење со вода, со небезбедна вода во над 50 населени места, со загадени реки а сега и со епидемија од западно нилска треска.

СДСМ: Сега Муцунски се занимава со полиција откако Тошковски беше задолжен за хиперхлорирање

Што прави премиерот и министрите во Владата?

Прмеиерот Мицкоски е на екскурзија.

Министерот за полиција Панче Тошковски, беше задолжен за хиперхлокирање на водата во Гостивар и чистење на цевките.

Сега Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи се занимава со полиција.

Тој кажува колку луѓе биле повикани на разговор во полиција за шпекулациите и лажните информации за водата во Скопје.

Па каде е Тошковски? Работи ли нешто? Да не е и тој на екскурзија?

Во ВМРО – ОКГ сите се занимаваат со туѓа работа само не со својата.

Како луѓето да имаат доверба?

Гледаат дека ништо не функционира, затоа здравјето на луѓето е под ризик.

Доцнат со реакциите, кријат информации од народот, потоа ескалира состојбата.

Неспособната Влада на Мицкоски ниту основните функции не ги извршува, не може да го заштити здравјето на луѓето.

Тотален институционален распад а сметката ја плаќаат граѓаните.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер