3Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
НБААјзеа Томас ги смени Лејкерси со Денвер Поранешниот играч на Л.А.Лејкерс, Ајзеа Томас е нов член на Денвер Нагетс.Одличниот плејмејкер минатата сезона ја започна во Кливленд и заврши во Лејкерс, а сега се согласи да заигра за минимална плата во тимот од Колорадо. Томас се бореше со повреда минатата сезона, но доколку биде подготвен, тој може да биде големо засилување за тимот од Колорадо. Како што се наведува, Томас потпиша едногодишен договор вреден два милиони долари. По спектакуларната сезона во Бостон, Томас беше заменет за Каири Ирвинг и отиде во Кливленд, каде што не успеа да го покаже својот талент, па повторно беше тргуван во Лејкерс. Сега Денвер повторно му дава шанса да покаже што знае. „Нагетси“, исто така, ги трејдуваа крилните центри Фарид и Артур, за да ослободат место за плати, со што до крајот на трансфер периодот може да донесат друг играч, кој ќе биде поддршка за првата ѕвезда на Денвер, Никола Јокиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиЕвропско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент. Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.Тагови: кикбокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Фаталната русокоса е во топ формаФатална русокоса е во топ форма, комбинезонот „доаѓа до израз“ за време на тренинг, а секој дел од телото изгледа како извајан.Една од најубавите спортски новинарки на светот, Италијанката, Дилета Леота уште еднаш докажа зошто важи за една од најатрактивните жени во светот, а нејзините најнови фотографии од теретана никого не оставија рамнодушен. Популарната италијанска спортска новинарка Дилета Леота речиси секојдневно споделува активности на социјалните мрежи, привлекувајќи големо внимание. Покрај својата одлична фигура, детали од приватниот живот и емотивни семејни моменти, таа често ги прикажува и резултатите од напорните тренинзи и дисциплинираниот начин на живот – токму затоа, по второто породување, таа успеа за многу кратко време да се врати на теренот. Овој пат, таа објави серија фотографии и видео од тренинг, а најмногу внимание привлече нејзиниот атрактивен стајлинг. Убавата Италијанка носеше виолетов комбинезон што максимално ја истакнуваше нејзината фигура, а сподели и неколку фотографии на кои позираше од различни агли. https://t.co/Hu2Sxco4H5 — Likeaboss (@Instastory88) November 10, 2026 „Мама миа“ – гласи коментарот на еден следбеник, а најпознатата 35-годишна италијанска спортска новинарка на Инстаграм има повеќе од 9 милиони следбеници.Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЈакната на Мајкл Џексон од „Thriller“ повторно на аукција: Се продава за 1,8 милиони долариЦрвената кожна јакна од музичкиот спот за „Thriller“, костимот од „Smooth Criminal“ и други предмети што му припаѓале на Мајкл Џексон се изложени во Њујорк, во пресрет на аукцијата што ќе се одржи во Абу Даби. Исто така, изложен е и костумот во крем боја што Џексон го носеше во спотот за „Smooth Criminal“ од 1988 година. Црвената кожна јакна од музичкиот спот за „Thriller“, костимот од „Smooth Criminal“ и други предмети што му припаѓале на Мајкл Џексон се изложени во Њујорк, во пресрет на аукцијата што ќе се одржи во Абу Даби на 7 декември. Предметите беа претставени во вторникот во Њујорк. Меѓу нив е изложен и костимот во боја на крем, кој Џексон го носел во музичкиот спот за „Smooth Criminal“ од 1988 година. Исто така, изложени се потпишана црвено-црна кожна јакна од спотот за „Thriller“, како и две јакни од турнејата „Bad“ (1987–1989): една потпишана јакна со токи и јакна со натпис „Special Officer“ (Специјален службеник) со кожни ремени. Колекцијата вклучува и две бели ракавици со светкави детали – едната од настапот на „Motown 25“ во 1983 година, а другата од турнејата „Victory“ во 1984 година. Изложени се и чевли носени за време на сценски настапи во 1990-тите години, како и ремен од периодот на „Bad“, изработен од сребро и 18-каратно бело злато, кој Џексон го носел на доделувањето на наградите „American Music Awards“ во 1989 година. Предметите се дел од аукцијата „Мајкл Џексон: Модното наследство“ („Michael Jackson: The Fashion Legacy“), организирана од аукциската куќа „Џулиенс“ (Julien's Auctions). Од аукциската куќа соопштија дека ова е најголемата колекција на сценски костими, модни додатоци и облека од музичките спотови на Џексон, која некогаш била понудена на продажба. Аукцијата се одржува во хотелот „Роузвуд“ (Rosewood Hotel) во Абу Даби и опфаќа повеќе од 100 предмети. Се очекува најголемо внимание да привлече јакната од спотот за песната „Thriller“, чиј дизајн е дело на костимографката Дебора Надулман Лендис. Од „Џулиенс“ не наведоа проценка за нејзината цена. Во 2011 година, истата аукциска куќа продаде јакна од истиот музички спот за 1,8 милиони долари. Ракавица од настапот на „Motown 25“ – за време на кој Џексон пред телевизиската публика за првпат го изведе „одењето на месечината“ (moonwalk) – е проценета на вредност меѓу 600.000 и 800.000 долари. „Џулиенс“ (Julien's) ја продаде истата ракавица во 2009 година за 430.000 долари. Јакна од турнејата „Bad“, потпишана од Џексон и подарена на фондацијата „Т. Џ. Мартел“ (T.J. Martell Foundation), се проценува на вредност меѓу 60.000 и 80.000 долари. „Јакната од ’Thriller‘ е онаа за која светот никогаш не престана да зборува“, изјави Мартин Нолан, коосновач на аукциската куќа „Џулиенс“, кога во октомври беше најавена продажбата. Покрај колекцијата на Џексон, во Абу Даби ќе се продаваат и предмети што ѝ припаѓале на принцезата Дијана – вклучувајќи фустани и лични предмети, како што е кошулата од „Ралф Лорен“ што таа ја носела за време на посетата на Босна и Херцеговина во 1997 година. На аукцијата ќе се најдат и предмети поврзани со Курт Кобејн, Брус Ли, Мадона и Ејми Вајнхаус.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook